verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Апсурдна потреба од медиумска некрофилија

на 22. 09. 2014 | | sq
[Рецензија на написот: „ЗАГОВОР ЗА ВОЈНА: Веќе распаднати човечки тела во малезискиот авион!“] Медиумската содржина од аспект на професионалните стандарди е многу проблематична. Уште во главата на текстот се изведува заклучок со неосновани коментари за кои нема наведено ништо како посериозна поткрепа – дека оваа несреќа била фингирана катастрофа за да се предизвика војна. Се развива една крајно „заговорничка“ тема дека некој некаде натоварил трупови во авионот на малезиската авио

Рецензија: WANTED

на 12. 09. 2014 | |
Ова „новинарство“ како од Дивиот Запад, кога за правото и правдата одлучувал како кој ќе му текне, ни се случи деновиве. Иако ова што е објавено нема никакви допирни точки со еден вообичаен новинарски текст, стана предмет на нашата рецензија зашто е објавен во стандардната рубрика МАКЕДОНИЈА, а не во платени огласи, и како таков прекрши повеќе членови на Кодексот на новинарите и други етички и професионални новинарски стандарди. Од

Рецензија: ХРВ: „Златна зора“ одработува за Русија, сака да го спречи проширувањето на НАТО (ДПЛ)

на 9. 09. 2014 | | sq
Ова не може и не треба да помине. Агенцијата што себе си се смета за државна новинска агенција, не смее да си дозволи вакво нешто – да го погреши името на организацијата чиј документ им послужил за вест. Тоа е само една, но тешка материјална грешка. Линк до оригиналниот напис:  ХРВ: „Златна зора“ одработува за Русија, сака да го спречи проширувањето на НАТО (ДПЛ) Датум и време на објавување: 18.08.2014, 13.44 Датум на рецензирање: 05.09.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Државната новинска агенција напишала вест, а потоа десетина медиуми ја пренесоа, а со тоа и материјалната грешка дека извештајот „Ние не сме нацисти, но… Подемот на партиите на омраза во Унгарија и Грција и зошто Америка треба да биде загрижена“ го направила

Рецензија: Спорот за наследство траел 43 години и не е во Македонија

на 4. 09. 2014 | | sq
Дали можете да погодите која била мотивацијата за да се напише овој новинарски текст? Медиумски малку поеманципираниот читател веднаш ќе ви каже дека прашањето е беспредметно зашто мотивот за овој текст се гледа уште во неговиот наслов „Спорот за наследство траел 43 години и не е во Македонија“. Овој наслов, кој навидум иронизира, всушност гласно порачува од насловната страница на весникот дека нашата земја не е најтапа во однос на должината на судските спорови. Имало и бетер. И целиот текст е во тој дух. Една реченица во него вели: „До правда и првостепена пресуда тешко се доаѓа и во државите на Европската Унија, од каде што доаѓаат и најголемите критики за бавното и неефикасно македонско судство.“ Значи, овој

Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Сите иматели на бугарски пасоши од Македонија ќе треба или да служат војска или дебело да платат!

на 3. 09. 2014 | | sq
Последните денови од август, од засега непознати причини, одреден број медиуми во Македонија објавија информација која, наводно, ја презеле од бугарките медиуми, или пренесуваат ненаведени извори, дека имателите на бугарски пасоши како основ за второ државјнаство ќе треба да служат војска или да платат надомест за ослободување од оваа обврска ви висина од 2.000 лева, односно, 1.000 евра. Оваа информација не ја потврди ниту една државна институција на соседна Бугарија, а дел од бугарските медиуми известија дека оваа информација е лага и искористија да додадат дека ова е дел од пропагандата на Република Македонија против оваа членка на ЕУ. Оваа рецензија, во исто време, е резултат и на предлог на наш читател кој на местото за предлози за рецензија на

Медиум спонзорира владина институција со квазиновинарски текст

на 29. 08. 2014 | | sq

[Рецензија: Барате работа? – вработете се во македонското МВР]

Еден од основните, темелни принципи на слободното, неутрално новинарство, е дека ќе биде „куче чувар“, контролор на власта, зашто било која власт да го има мандатот, да управува во одреден период, го добила од народот и дека новинарите се тие кои во името на народот ќе бараат отчет и одговорност за политиките за кои некој добил одобрување да „владее“. Тоа е толку важна улога на новинарите и медиумите, што дури е наведено во преамбулата на новинарскиот „устав“ – Кодексот на новинарите: „… новинарите … ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.“ Но, како да му верувате на некој

Рецензија: Убиецот на Лука “брка“ девојки во Будва?!

на 27. 08. 2014 | | sq
Читателите на Сервисот за проверка на фактите од медиумите се сѐ поактивни. Она што е посебно за истакнување е дека тие реагираат на разнолични грешки и непрофесионални постапки на новинарите, а не само на најатрактивните содржини. Овој пат еден наш читател реагира на една вест од оние од регионот или од светот, кои нашите портали ги обработуваат на несоодветен начин и во насловницата создаваат илузија дека се работи за настани и личности од „наше маало“. Затоа, нашиот читател предлогот за рецензија го образложува на овој начин: “….како сите ние со тој Лука да сме другари од маало, па мора да го знаеме по име. Толку се шашардисани во имитирањето на српските таблоиди што имаат изгубено осет дека на луѓето во

Гробот на Александар не е тука, ама е тука!

на 26. 08. 2014 | |

[Рецензија на текстот Гробот на Александар е во Македонија, што најдовме во Овче Поле!?]

Текстот што предмет на оваа рецензија е првиот од очекуваната серија текстови со кои ќе отпочне големото ретерирање и спинување на големата утка на епохата, наводната локација на гробот на Александар Велики во близината на Свети Николе, на локалитетот Црнилиште, која со голема помпа и спонзорство на локалната и централната власт (Општина Свети Николе и Министерство за култура), се промовираше пролетта оваа година. Инаку, предлог да се рецензира овој текст ни пристигна од наш читател кој и самиот напиша: „Веќе ретерираат за тврдењата што самите тие, и „истражувачите” и медиумите блиски до власта, ги надуваа како балони.“ Но, тоа е само врв на брегот на надуваните

Нова редакција за новото време

на 21. 08. 2014 | |

Современите студии за иднината на новинарските редакции и конвергенцијата на медиумските платформи ја поврзуваат со интеграцијата на уредништвата, со преструктурирање и со реорганизација на новинарската работна средина, како и со трансформација на новинарскиот работен процес за различните медиумски платформи и формати. Тоа ја наложува потребата од „нова редакција за новото време“

  Пишува: Зоран Бојаровски   Што ги поврзува следните заклучоци од досега објавените лекции на Сервисот за проверка на

Рецензија: Децата на Амишите се поздрави оти јадат незагадена храна

на 21. 08. 2014 | |
Многу интересна е медиумската содржина за рецензија што ни пристигна како предлог од читателка на Сервисот за проверка на фактите од медиумите. Од два аспекта: прво заради тоа што се работи за рециклирање на вест и истражување старо две години и второ, што е уште поинтересно, што на оваа рециклирана содржина ѝ се додава нешто што не постои ниту во објавените вести во 2012 година, ниту, пак, во истражувањето врз основа на кое се генерирани вестите и тогаш и годинава. Се работи за вест која се повикува на една студија на швајцарски научници кои утврдиле дека децата на Амишите се многу поотпорни на алергиите од нивните врсници кои живеат во вообичаени заедници на европскиот континент. Линк до оригиналниот напис:

Претплатете се за најнови вести