verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Англичаните повеќе од половина век лажеле за потеклото на Стоунхенџ!!!

on 27 - 06 - 2014       

06252014-Aktuelno-Stounhend-crop-resize

Во светот, кој денес претставува глобално село кога е во прашање пристапот и користењето на информациите, едно е да ја користите таа привилегија и можност за да бидете први, ексклузивни, интересни, но мора да бидете свесни дека рака подрака со овие привилегии оди и одговорноста тие информации да бидат точни. Значи, мора да се проверат, и уште еднаш да се проверат, па дури потоа да се објават.

Привилегијата да имате пристап до информациите кои ви се чинат ексклузивни и сензационални се мери со истиот степен на отворени можности тие информации веродостојно да ги проверите.

Текстот што го рецензираме се послужил само со привилегиите, а не и со обврските да провери само зашто привилегиите се брзи и лесни, достапни на тацна и заводливи, а обврските се малку повеќе сурфање, читање, споредување, вкрстување податоци и информации, проверка на релевантноста на изворите…

06252014-Aktuelno-StounhendЛинк до оригиналниот напис: Англичаните повеќе од половина век лажеле за потеклото на Стоунхенџ!!!

Датум и време на објавување: 25.06.2014

Датум на рецензирање: 26.06.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

За оние што го објавиле текстот што го рецензираме рибарите ќе речат дека ја голтнале јадицата како „сомови“. Сомот е мрзелива риба што дреме на дното на реката, не се движи и се храни со тоа што самото ќе му влезе во уста, а кога ќе забележи нешто светликаво веднаш го зграпчува без да размисли дека тоа е можеби мамка.

Приказната дека неолитскиот споменик Стоунхенџ е новосоздадена турситичка атракција во средината на минатиот век е стара и често пати се случува сомовидните медиуми да ја преџвакуваат, а во океанот од медиуми на кои им е битен само „сјајот“ на приказните, ретки се оние кои тој сјај го препознаваат како лажен.

Кусото истражување за потребите на оваа рецензија не носи во 2009 година кога еден руски интернет портал (Ответы на незаданные вопросы), врз основа на сторијата во реномираното списание „Нешенел Џиографик“ (јануари, 2009) за реконструкциите на Стоунхенџ, конструира приказна дека овој споменик всушност е новосоздаден.

Следната трага за оваа сензација не носи до порталот „Медиејт“, кој слично како и нашиот Сервис за проверка на фактите од медиумите, се бави со проценка на вистинитоста на вестите што се објавуваат на сајтовите што тие ги мониторираат. Таму во текстот  The Other Big Media Hoax Of The Day: Stonehenge Built In 1898!, се укажува на фактот дека тврдењата на медиимите дека неолитската атракција во Велика Британија е измама, и самите се измама.

Понатаму, нормалната постапка е да се проверат овие тврдења на некои од релевантните сајтови и онлајн архиви.

Прво што треба да му падне на памет на добронамерниот и темелен новинар истражувач е официјалната страна на британскиот пандан на она што е кај нас Управата за заштита на културното наследство. На островот таа институција се нарекува English Heritage. Таму, се разбира, нема ништо што би навестило, барем, дека Стоунхенџ е вештачка „творевина“. Напротив, ќе се соочите со добра популарна и научна архива која ја документира вредноста на овој локалитет.

Втор извор може да биде „Енциклопедија британика“. И таму, освен научно поткрепениот текст со референци за веродостојност, нема ништо што би се поставило како прашање за автентичноста на камениот споменик.

Па, нормално дека ќе нема. Кријат, ќе рече некој и со тоа ја отвора темата на заговори кои „тврдат дека Стоунхенџ е изграден во периодот од 1954 до 1958 година од страна на Британската армија, откако претходно во 20-тите години од минатиот век на истиот терен се одржувале воени вежби“, како што објавува и медиумот чиј текст го рецензираме.

Значи, британската армија немала друга работа неколку години после девастирачката Втора светска војна, освен да гради супертуристичка атракција пред очите на јавноста, сето тоа темелно да го фотографира и документира и, згора на сѐ, да ги замоли и убеди сите граѓани на островот да молчат за оваа „измама“. Премногу е, зар не?

Да завршиме. Постојат многу сајтови кои потврдуваат дека Стоунхенџ досега бил многу пати истражуван, документиран и реконструиран. Еден од нив е  Индимедиа УК, мрежа од индивидуалци и независни експерти кои објавуваат некомерцијални текстови за важни општествени и политички прашања. Во текстот How They Rebuilt Stonehenge 50 years ago на Роџер Таверенер, е наведена хронологија на археолошките работи и реконструкции на Стоунхенџ кои главно се одвивале во 20-тиот век почнувајки од 1901 година. Потоа следуваат и работите во 1919, 1920, 1958, 1959 и во 1964 година.

Текстот ги пренесува и полемичките поенти со еден од најреспектираните научници и познавачи на Стоунхенџ, професорот на универзитетот Кембриџ, Кристофер Чипендејл, кој бил еден од главните критичари на реконструкциите, но, ниту тој, ниту било кој друг сериозен научник од островот и од останатиот дел од светот досега не ја оспориле автентичноста на локалитетот како неолитска населба од пред 5000 години.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *