verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Не Јанева, други го прават медиумскиот циркус

на 21. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: СЈО повторно во Холивуд: Филмско сценарио во УБК за кампањата на СДСМ]   Уште во првата реченица на оваа медиумска содржина се соочуваме со прекршување на Кодексот на новинарите. „Наместо правна постапка согласно законот, Катица Јанева уште еднаш се обиде да направи медиумски циркус, овој пат во Министерството за внатрешни работи“. Коментаторските елементи во оваа реченица се во спротивност со членот 13 од Кодексот, кој бара од новинарите да прават разлика меѓу вест и коментар: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Оваа реченица, практично, го дава тонот на целиот извештај, иако со ваквата постапка веќе се целосно разнишани и изрелативизирани критериумите според кои треба да се утврди за каков новинарски жанр овде

Нема костум за криење шпекулации

на 19. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Не преговарам со српски „Kурир“, што не значи дека нема и во иднина]

  Првиот член на Кодексот на новинарите го утврдува врвниот принцип во новинарството, ако воопшто може да се рангираат сите препораки од него, бидејќи сите на свој начин се – врвни. Сепак, тој член 1 вели: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Значи, вистината

Да се понижи и да се дискредитира инакумислечкиот

на 18. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: Камбовски и Фити ги нема во светската научна мисла, потребна темелна реформа на МАНУ] Внимателниот, елементарнио запознаен читател на медиумски содржини, прво што ќе препознае како недоследност во овој текст, односно прекршување на еден од членовите на Кодексот на новинарите, е подметнувањето на едно лично мислење во рубрика која не е предвидена за текстови од тој новинарски жанр. Имено, во рубриката „Македонија“ се пласира личен став изнесен на личен профил на една од социјалните мрежи. Освен што, како што вели еден наш колега, „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“, медиумската содржина се пласира во делот од порталот предвиден за вести и за информации од републиката. Таму нема место за мислења, а медиумот има, вусшност, предвидена категорија за изнесување

Конфронтирачко интервју не е исто што и агресивно интервју

на 16. 10. 2016 | | sq
Новинарката Оливера Трајковска е позната по својот конфронтирачки стил на интервјуирање. Фото: скриншот. Колаж: СПФМ  

Стилот на интервјуто е прашање на лична определба и на брендирање на кариерата на новинарот. Сè додека новинарот на ја продал сопствената душа за да прави нарачани, однапред подготвени интервјуа, прашањето на стилот е небитно

  Пишува: Зоран Бојаровски   Колку и да звучи наивно или идеалистички, интервјуирањето политичари, во сите услови и со

Аналитичарката застапник!

на 14. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: Игра ли опозицијата опасна игра обидувајќи се трет пат да избегне избори?] Прашањето на избалансираност е едно од најдобро елаборираните прашања во укажувањата што доаѓаат од теоријата на новинарството и од неговото практикување. Едноставно, не е етички, ниту професионално, да се презентираат еднострани, а следствено на тоа, пристрасни, информации, а уште помалку ставови, односно мислења. Згора на тоа, уште понепрофесионално е тој тип на пристрасност и постапки да се „покриваат“ со – аналитичари. Аналитичарите, во принцип, треба да се стручни лица кои поседуваат знаење да расудуваат одредени процеси без да заземаат страна. Тоа е таа студена академска позиција. Но, бидејќи тоа што во светот е правило, кај нас е исклучок, а тоа што во светот е исклучок, кај нас

Фатени на дело и во лага

на 13. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: Лавров: Шарената револуција во Македонија се управува однадвор!] Една од првите лекции во сите учебници по новинарство, која опишува што е тоа што една информација ја прави вредна да биде вест, е – навременоста. Односно, информацијата да биде објавена тогаш кога таа произлегува од некој настан. Зошто, инаку, таквата информација би се нарекла вест? Во случајот на овој текст имаме информација која никако не може да биде вест бидејќи е многу стара.  Дури 18 месеци. А објавена, како вест, е на 5 октомври, 2015 година.   Бајато, многу бајато. Освен тоа многу лажно и манипулативно. За да биде несреќата  уште поголема, фатени се во лага која ниту самите не знаеле како да ја камуфлираат, па уште во воведот на веста

Медиумските с’скачи се во налет, од МТВ истекува

на 21. 09. 2016 | |
[Рецензија: ВИДЕО: Што сокри МТВ – погледнете го интервјуто на Јанева пред да биде измонтирано] Новинарите не можат да се вадат дека не ги знаат или дека не треба да ги знаат законите во државата. Во вториот случај, кога сметаат дека не треба да ги знаат, тука се експертите. Тие треба да ги прашаат нив за да им протолкуваат одредени постапки, особено ако се под прашање на законот. Медиумската содржина што ја рецензираме, својата мотивација да биде објавена ја „оправдува“ со Законот за свиркачите, иако тој точно се нарекува Закон на заштита на укажувачи. Свиркач (whistleblower) или, според македонското законодавство, укажувач, е израз за храбар поединец, кој од високо морални причини одлучува, со сиот ризик по сопствената кариера, јавно да

Твитер-бранови за сурф-мајсторите на професијата

на 19. 09. 2016 | | sq
Фотографија: Ванчо Џамбаски, Фотошоп плус: СПФМ  

Атрактивните прес-конференции или настани се екстремно вирални. Тоа се брановите на кои сурфаат најголемите мајстори на професијата. „Твитер“ е совршената штица за суфање за тој предизвик.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Пред десет години, во март 2006 година, основачот на „Твитер“, Џек Дорси, го испрати својот прв твит. Замислена како социјална мрежа поставена на принципите на СМС, мрежата од 140 карактери за порака

Медиумско насилство врз децата (ДОПОЛНУВАЊЕ)

на 14. 09. 2016 | | en
[Рецензија: Тинејџерски секс во живо: Ја снимале жестоката акција и ја пренесувале на Фејсбук (ВИДЕО +18)]     Серија принципи од домашните и од меѓународните новинарски кодекси се прекршени со медиумската содржина што ја рецензираме. И не само тоа – прекршени се и повеќе одредби од меѓународни декларации за правата на децата кои, патем, Република Македонија ги ратификувала и со тоа не само што треба да ги заштитува, туку треба и да ги санкционира оние што ги прекршуваат. Прекршени се и закони, како што е нашиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги кој, во членот 50 (Заштита на малолетни лица) е многу прецизен: Давателите на аудиовизуелни медиумски услуги не смеат да емитуваат програми кои можат сериозно да му наштетат на

Фушерска држава

на 12. 09. 2016 | |
Распадната куќа. Фото: Christine Matthews   Фуш насекаде околу нас. Од медиуми, преку „Скопје 2014“ и фушерска политичка криза, до објаснување земјотреси    Пишува: Зоран Бојаровски   Не знам дали е збор од некој туѓ, немакедонски жаргон, но бидејќи и кај нас е одомаќен, тоа е зборот, дијагнозата, кој(а) најдобро ги отсликува структурите на нашата држава. И тоа оние најважните, највидливите. Фуш е крпеница, нестручност, аматеризам, крпарење, непрофесионалност, почетништво, брљотина, површност,

Претплатете се за најнови вести