verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема костум за криење шпекулации

on 19 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik

[Рецензија: Не преговарам со српски „Kурир“, што не значи дека нема и во иднина]

 

Првиот член на Кодексот на новинарите го утврдува врвниот принцип во новинарството, ако воопшто може да се рангираат сите препораки од него, бидејќи сите на свој начин се – врвни.

Сепак, тој член 1 вели:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Значи, вистината и фактите – пред сè. Но, не е исклучиво забрането новинарите да не се занимаваат со претпоставки и со шпекулации. Дозволено е, но принципот вели дека доколку нешто е претпоставка или шпекулација, како таква треба и да се објави.

Најпроблематично е кога претпоставките и шпекулациите се „облекуваат“ како факти, бидејќи тоа е невозможно. Не постои костум кој ќе ги скрие или ќе ги прикаже поинаку.

14798986_1431040183591425_825452916_nЛинк до оригиналниот напис: Не преговарам со српски „Kурир“, што не значи дека нема и во иднина

Датум и време на објавување: 17.10.2016, 22:44

Датум на рецензирање: 19.09.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ШПЕКУЛАЦИИ „ОБЛЕЧЕНИ“ КАКО ФАКТИ

Таков е случајот и со текстот што го рецензираме. Има разлика кога ќе го споредите насловот, кој е извлечен од изјвата на еден од сопствениците на „Слободен печат“, со изјавата цитирана во телото на веста. Еве ја изјавата:

„Партнер е секогаш добредојден, но не во моментот, сега немаме таква потреба, што не значи дека во иднина нема да преговараме со некого, вклучително и со „Kурир“ можеби – додава Kошевалиски“.

Се забележува нeцелосна, па дури и неточна интерпретација на изјавата на сопственикот на „Слободен печат“ во насловот, бидејки тој вели дека не само што не преговараат, туку и немаат потреба да преговараат „со некого“. Дефинитивно – има разлика!

Има разлика и во интерпретацијата на изјавата на портпаролката на компанијата, за која, наводно, се тврди дека е во преговори со нашиот најтиражен дневен весник. Во медиумската содржина што ја рецензираме има категоричен исказ:

„Kако што објави вчера „Дневник“ според извори во македонскиот медиумски бизнис, сопствениците на „Слободен печат“ се во преговори да го продадат на ’Адрија медија груп’.“

Од изјавата на претставничката на компанијата „Адрија медија груп“, пак, не може да се изведе таков факт. Еве што се вели во таа изјава:

„Сè што можам да ви кажам во овој момент е дека кога ќе имаме намера да влеземе на македонскиот медиумски пазар, благовремено ќе ве известиме – ни рече пред два дена Николиќ“.

Значи, читаме една недоследна, манипулирачка, интерпретација на изјавата на портпаролката на српската компанија.

И тоа не е сè. Сосема без никаква поврзаност текстот ни обелоденува дека сопругата на цитираниот сопственик на „Слободен печат“ е вработена во кабинетот на лидерот на опозициската партија. Тоа е сосема небитно за оваа информација, но, очигледно, служи како линк за да се „наслика“ политичкиот и бизнис-бекграунд на наводниот купувач на „Слободен печат“, за да се стави наводната операција купувам – продавам во актуелен политички контекст. Тоа е апсолутно небитно и непотребно, уште повеќе зашто од овој текст ние, читателите, не добивме аргументирана потврда дека ова за што се пишува е реална зделка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести