verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Аналитичарката застапник!

on 14 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

netpress

[Рецензија: Игра ли опозицијата опасна игра обидувајќи се трет пат да избегне избори?]

Прашањето на избалансираност е едно од најдобро елаборираните прашања во укажувањата што доаѓаат од теоријата на новинарството и од неговото практикување. Едноставно, не е етички, ниту професионално, да се презентираат еднострани, а следствено на тоа, пристрасни, информации, а уште помалку ставови, односно мислења.

Згора на тоа, уште понепрофесионално е тој тип на пристрасност и постапки да се „покриваат“ со – аналитичари. Аналитичарите, во принцип, треба да се стручни лица кои поседуваат знаење да расудуваат одредени процеси без да заземаат страна. Тоа е таа студена академска позиција.

Но, бидејќи тоа што во светот е правило, кај нас е исклучок, а тоа што во светот е исклучок, кај нас е правило, е една изместена ситуација во која имате позиционирани аналитичари –  на страната на политичката позиција или опозиција.

Но, дури и тогаш, медиумите треба да балансираат. Да судрат, да споредат и да стават на увид на јавноста аналитичари од двете страни.

Тоа, во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме тука – не е пример.

14658372_1424662814229162_1746354649_nЛинк до оригиналниот напис: Игра ли опозицијата опасна игра обидувајќи се трет пат да избегне избори?

Датум и време на објавување: 13.10.2016 , 12:50

Датум на рецензирање: 14.10.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

САМО ЕДНА СТРАНА

Имаме содржина која својата суштина и порака ја формира врз основа на ставот, мислењето, на само една аналитичарка. Право на аналитичарката е да се определи на која страна на политичкиот спектар и, уште повеќе, која политичка опција ќе ја застапува приватно. Но, кога тоа го прави јавно, таа веќе не е аналитичар, во суштинската смисла на зборот, туку станува – застапник.

Секако, треба да нагласиме дека и во една таква ситуација, таа не е „виновна“. Нејзината определба треба да ја препознае медиумуот кој, доколку сака да биде објективен и непристрасен, покрај оваа, треба да ја понуди и другата опција. Во име на јавниот интерес. Зашто, ако не го направи тоа, го нарушува принципот на членот 5 од Кодексот на новинарите кој нагласува:

Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

Оттаму произлегува и следното прекршување на уште еден член од Кодексот, членот 14, кој ја елаборира темата на непристрасноста и професионалната дистанца:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни, нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести