verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Како да се известува за природни катастрофи, а да не се прави медиумски профит

на 16. 08. 2016 | |
 

Новинарите треба да останат докрај професионални и на висината на задачата кога известуваат за природни катастрофи, да го знаат своето место и местото на сите други за време на стихиите и секогаш да ги предвидуваат нивните идни чекори, во согласност со развојот на настаните на теренот

  Пишува: Зоран Бојаровски   Кога станува збор за новинарско известување во посебни услови, како што се природните катастрофи, на пример, сериозните и

Анкета на тенок мраз

на 15. 08. 2016 | |

[Рецензија: Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?]

Многу, многу сомневања предизвикува оваа медимска содржина во однос на нејзината веродостојност. Како прво, кога се известува за катастрофи и за вонредни состојби, се користат секогаш официјални и овластени извори. Особено за теми како што е оваа, која ја зачнува овој текст. За тоа кој се вклучил на каков било начин во помош на настрадани граѓани, евиденција и точни информации имаат овластените и официјални институции. Во оваа медиумска содржина нема ниту еден таков извор. Тоа е базично недозволиво. Линк до оригиналниот напис: Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?      Датум и време на објавување:

Е–ГЕНЕРАЦИЈА: Генерацијата што одбива да умре во тунелот на транзицијата

на 12. 08. 2016 | | sq, en
Е-генерација. Фото: Ванчо Џамбаски  

Ниту една генерација не го донела и нема да го донесе совршениот систем, но, секако, секогаш донесува подобар од претходниот. Тој циклус не смее да запре. Време е да се соочиме и да ѝдадеме право на е-генерацијата

  Пишува: Зоран Бојаровски   Разбиените илузии за војната во Виетнам, аферата „Вотергејт“, оставката на Никсон, тогаш најмоќниот човек на светот…, беа настаните што ја одредија рамката

Просечно еманципираниот и едуциран читател ќе рече „глупости!“

на 11. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?] „Глупости“, ќе рече просечниот еманципиран и едуциран корисник на медиумски содржини, откако ќе го прочита овој текст. Но, не и внимателниот рецензент на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“. Зошто? Затоа што внимателниот рецензент ќе тргне во потрага по одговорите на прашањата зошто претпоставил таква реакција на еден просечно едуциран и еманципиран читател. Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!? Датум и време на објавување: 09.08.2016,  22:51 Датум на рецензирање: 10.08.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ И ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ

Првото прашање, и сосема логично, е дали навистина фотографијата врз која се гради целата оваа медиумска содржина е автентична

Медиумско релативизирање на катастрофата

на 10. 08. 2016 | |
[Рецензија: Никој не е имун на водената стихија – поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко] Во потрага по смислата на оваа објава, тргнуваме од нејзината содржина и структура. Но, не очекувајте премногу. Ако сте трпеливи и да ја прочитате или да ја одгледате докрај оваа долга колона од букви, бројки и од фотографии, на крајот ќе се соочите со единствениот можен заклучок: оваа содржина нема никаква смисла. Освен една: На денот кога граѓаните очекуваа најмногу реални, објективни информации за катастрофата што се случи во неколку населени места околу Скопје, да се испорача и содржина што ќе ја релативизира катастрофата и ќе ја одложи, прикрие, замагли одговорноста бидејки „не ни се случува само нам, туку насекаде и не

Политички „баба роги“ во (не)новинарските глави

на 8. 08. 2016 | |

 

[Рецензија: Се подготува нова криза? Заев и Верушевски на средба во „Пелистер“]

Пристрасното политичко новинарство лесно се открива бидејки таа страст, со оглед на отсуството на рационалност и на реалност, се открива во мотивацијата што не може да се покрие со принципите на професионалното и етичко новинарство. Ако ја земеме за пример медиумската содржина што ја рецензираме, за да го поткрепиме ова тврдење, добиваме аргумент веднаш – целата острастена, политички определена намера, се открива во импровизираната, со ништо непоткрепена, една и единствена реченица што има „новина“ во себе: „Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, и Зоран Верушевски, неговиот близок соработник синоќа во центарот на Скопје се сретнаа во ресторанот ’Пелистер’.“ Само врз основа на оваа „вест“ е креиран цел

Макси-злобно

на 28. 07. 2016 | |

 

[Рецензија: Се изнервира Најчевска: Фантомскиот гласач Најчевска се закани дека нема да се пријави, и дека СДСМ може слободно да ја избрише!]

Оваа медиумска содржина е типичен пример како од една објава на личен профил на социјална мрежа, може да се добијат драгоцени информации од кои може да се направи одлична новинарска приказна. Но, наместо тоа, пред нас е содржина која или не го препознала тоа (што е најверојатно) или тргнала со мотивација да деградира и да навреди една личност, само поради тоа што некој смета дека политичките противници задолжително треба медиумски да се расчеречуваат без разлика на разумните аргументи што тој противник ги изнесува. Линк до оригиналниот напис: Се изнервира Најчевска: Фантомскиот гласач Најчевска се закани дека нема

Новинарите и чувството за политички моментум

на 26. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Уставниот суд доби дозвола да одлучи за Kатица Јанева]   Има еден момент во текстот што го рецензираме кој оддава непринципиелност кога станува збор за аргументирана одбрана на неговата основна теза, а тоа е – да се оспори правната основаност на одлуката од последниот политички договор кој треба да го откочи заглавениот процес инициран со Договорот од Пржино од минатата година. Еве го тој, за нас, непринципиелен момент: „Имено, не е сеедно дали станува збор за закон со кој се уредува урбанистички проблем и закон врз основа на кој може да се преземе кривично гонење со мерка притвор одредена во текот на истрагата и со можност за затворска казна за тешки кривични дела“. Кога станува збор за функционирањето на

Сечена и лепена креација од „супермаркетот“ социјални мрежи

на 25. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: ЕДНО „БОМБИЧЕ“ ПРЕД СДСМ: „Шарените“ незадоволни од договорот, стрвни за протест и на „Бихаќска“] Уште еднаш, по којзнае кој пат: Социјалните мрежи не се самопослуга, па да се влезе, да се земе што се сака и потоа од тоа да се прави новинарска приказна. Извори, извори, извори… Изворите се елементарна основа. Фундамент. Оттаму доаѓаат новините, вестите, професионално изработените содржини. Влегување во супермаркетот наречен „социјални мрежи“ и собирање статуси и потоа врз изборот, за кој нема никакво објаснување за критериумите врз кои е направен, се креира медиумска содржина, која публиката треба да ја проголта како релевантна(?!). Секој добро упатен читател, како и во овој случај со оглед на фактот дека предлогот за рецензија на оваа медиумска приказна доаѓа од читателка

Не се сите експерти за верување

на 19. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Избори на 11 декември – СДСМ со план за продолжување на кризата]

  Ако се земе како пример оваа медиумска содржина, од неа можат да се извлечат една добра и една лоша новинарска практика. Добрата ја илустрира ситуацијата дека кога се земаат податоци од анонимни извори, тоа треба да се прави во рамките на она што е прифатливо од таквите извори: информациите од нив да бидат на ниво на факти и на навестувања што произлегуваат од нив. Најважно од сѐ, кога веќе мора да останат анонимни, е да има некоја гаранција дека се работи за извори што се непосредни „иматели“ на тие информации, односно факти што ги соопштуваат непосредните актери на процесите од кои произлегуваат тие информации. Она што

Претплатете се за најнови вести