verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Тројански коњ

на 6. 12. 2016 | |
[Рецензија: Сорос ги мрази САД и ги саботира нивните интереси секаде во светот] Интересен документарен филм се појави деновиве во Република Македонија, во фокусот на изборната кампања. Филм со наслов „Светот по Сорос“. Емитуван на очекуван избор на национални и други телевизии. Кога велиме интересен, не го велиме тоа заради тоа што е добар или иновативен, или оригинален. Напротив, тој „документарец“ е спакувана рециклирана содржина од веќе познати поенти од кампањата против Џорџ Сорос, кој кај нас се идентификува со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија. Веќе многу пати џвакана и изџвакана гума за тегавење. И сега се најде некој си продуцент кој помислил дека ако на таа потрошена, бајата гума за тегавење, ѝ додаде арома од две-три изјави од декларирани

Без ронка новинарска скепса за „епохалното“ откритие

на 5. 12. 2016 | |
[Рецензија: Геоглифот во близина на Свети Николе, најверојатно, ќе ја потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот] На авторот на оваа рецензија му требаа четири часа за, некако, да ги провери и да ги вкрсти сите референтни точки што се спомнуваат во овој текст за да покаже најдобра намера и пристап во критичката елаборација на напишаниот новинарски текст. Воопшто не е едноставно да седнете на компјутер и да пребарувате за геоглифи, археоакустика, за астрономијата и повраноста на геоглифите со ѕвездите, за митовите и за верувањата на Античките Македонци, за личните определби на Александар Велики во однос на религијата… Не е тоа така едноставно. Не е едноставно зашто одговорноста на новинарите (би) треба(ло) да виде многу голема и видлива кога

Наводен дипломатски скандал врз темели од политичка магла

на 23. 11. 2016 | |
[Рецензија: Дипломатски скандал: Европски амбасадори се вклучија во кампањата на СДСМ] За да биде нешто скандалозно, мора да има идентификувани актери кои го предизвикале скандалот. Во текстов нема лица со име и со презиме или, најмалку, со иницијали или замаскирана фотографија in flagranti, фатени со рацете во медот – по нашки. Како може да биде скандал, кога од скандалот имате само: „Исплашени од очигледната предност на ВМРО-ДПМНЕ на терен, што потврдуваат и анкетите, дајца европски амбасадори во земјава излегоа на терен со членовите на СДСМ за да им пружат поддршка“. Толку од скандалот. Нема ниту еден елемент, ниту еден аргумент што ќе потврди дека оваа медиумска содржина не е новинарска измислица. Патка. Ви се молам: Новинарски текст без извори!?! Линк

Неосновани и тенденциозни напади

на 22. 11. 2016 | |
[Рецензија: Пари на рака за „независните“: Сорос ја почна кампањата на СДСМ (Видео)] Премногу сомнителна и, во исто време, провидна е постапката врз основа на која оваа медиумска содржина ја изведува својата поента за „нов заговор на независните и на Сорос“ кои, ете, констатира текстот, ја почнале кампањата на СДСМ. До оваа констатација е дојдено врз основа на „видео кое стигнало до редакцијата во кое јасно се гледа дека член на акцијата излегува од комбето и на бензинска пумпа се сретнува со човек кој му дава пари за сработеното“. Извинете, ама тоа не е доволно. Што гледаме во видеоснимката: дека некој некому му дава пари (?!), и… толку. Како можеме да бидеме сигурни дека парите се за таа намена за

Насловот краси, насловот гнаси!

на 11. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Благодарение на хаосот што го направи СДСМ, за Македонија условена препорака] Каква бесмислена постапка: да накалемите наслов кој со ништо не произлегува од содржината на новинарскиот извештај, кој е, ралативно, коректен!? За ова – „релативно“, малку подолу во рецензијата, а пред тоа уште малку за непотребната и неаргументирана поента во насловот. Така импутиран наслов, бидејќи нема ништо заедничко со информациите во извештајот е, вусшност, коментар. Силно изразено политичко мислење кое е во спротивност со стандардите за професионално и етичко работење препорачани во Кодексот на новинарите, поточно во членот 13: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Еден така изнесен коментар во насловот уште на почетокот создава искривена слика. Дури и тоа е предвидено

„Delete“ е копчето што ви треба

на 8. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Видео: Верушевски лично му ги пуштал снимките на Заев за да не се збуни и самиот да не се сними] Несериозно! Многу несериозно! Од цела емисија на една, иако бајата, релативно атрактивна тема, како што се достапните технички можности за прислушување, да изберете „парче“ во кое протагонистите на таа емисија се потсмеваат и импутираат на сметка на одредени јавни личности. Таа постапка не ја става на увид целината, контекстот, од кој е извадена оваа „поента“. Вака издвоена, таа, сама за себе, оддава пристрасност и намера да се дискредитира одредена или повеќе личности. Линк до оригиналниот напис: Видео: Верушевски лично му ги пуштал снимките на Заев за да не се збуни и самиот да не се сними Датум и време

Внимавај да не ти пукне меурот!

на 7. 11. 2016 | |
За да ја воспостават целосно и беспоговорно својата власт, денешните автократи не мора да забрануваат. Само треба да создаваат привид на големо количество информации кои се без суштина и без контекст. Алексис де Токвил уште во средината на 19 век, во неговото дело „Демократијата во Америка“, напиша дека „единствен начин да го неутрализирате влијанието на медиумите е да го мултиплицирате нивниот број“. Не ви звучи ова исклучително познато?    

Во трка за уривање на професионалните принципи

на 7. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Пимен е нереализиран политичар кој се “ували“ во МПЦ како владика] Од каков јавен интерес е да се повикате на целосно безначаен извор, да копате по социјалните мрежи за да најдете содржина за која однапред знаете што треба да барате? Од никаков! Згора на тоа, една таква „собрана“ информација да им ја понудите на читателите во рубриката „Македонија – вести“. Ви се молам, каква вест има тука?! Да, навистина, од некое мислење понекогаш може да се изведе вест, но тоа, по правило, се случува кога тоа мислење го изнесуваат проминентни личности, „трендмејкери“. Тука за такво нешто воопшто не станува збор. Освен тоа, кога од некој анонимус се пренесува мислење, тоа останува мислење на анонимус. Во таква ситуација мора да

Медиумска содржина за „отстрел“ на Јанева

на 3. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: Ќе одговара ли Катица за помагање и прикривање на кривични дела?] Дури и да сакате, и да исконструирате теза во медиумска содржина, таа мора да биде поткпрепена и одработена според новинарските стандарди и правила. Еве, дури некој и да препознае цврсти индиции за дело какво што е „помагање и прикривање кривични дела“, па уште наводно сторени од специјално јавно обвинителство, аргументацијата на тие индиции не може да се земе за сериозно, ако тоа се прави само врз основа на бајати соопштенија, членови од Кривичниот закон и со исполитизирани, исто така стари, изјави на лути политички противници. Како прво, тоа оддава еден површен, несериозен, новинарски пристап, во најблага смисла на зборот. Најлошата, пак, смисла на една таква постапка, е

Конструкцијата без основа може само да падне

на 1. 11. 2016 | | sq
[Рецензија: „Журнал“: Падна договор за смена на Заев по изборите (ФОТО)]      Како да верувате во оваа информација, кога нема ниту еден елемент на кој можете да ја изградите довербата. Вакви фотографии има колку што ви душа сака на социјалните мрежи. Си „позајмиле“ и си напишале „вест“. Само уште некој да поверува во една таква вест. Не помага ни тоа што „веста“ е преземена од друг портал. Не само што нема линк до изворната содржина, туку таа со пребарување не може да се најде ниту на порталот од каде што се тврди дека е преземена. Така, единствено што има написот што го рецензираме се многу индиции дека се работи за шпекулација и за конструкција. Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Падна договор

Претплатете се за најнови вести