verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без ронка новинарска скепса за „епохалното“ откритие

on 5 - 12 - 2016       

vecer

[Рецензија: Геоглифот во близина на Свети Николе, најверојатно, ќе ја потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот]

На авторот на оваа рецензија му требаа четири часа за, некако, да ги провери и да ги вкрсти сите референтни точки што се спомнуваат во овој текст за да покаже најдобра намера и пристап во критичката елаборација на напишаниот новинарски текст.

Воопшто не е едноставно да седнете на компјутер и да пребарувате за геоглифи, археоакустика, за астрономијата и повраноста на геоглифите со ѕвездите, за митовите и за верувањата на Античките Македонци, за личните определби на Александар Велики во однос на религијата… Не е тоа така едноставно. Не е едноставно зашто одговорноста на новинарите (би) треба(ло) да виде многу голема и видлива кога се впуштате во пишување или известување од настани кои се премногу стручни, недоволно афирмирани или езотерични… За кои нема доволно веродостојни и вкрстени анализи, истражувања…

Новинарите не смеат да си дозволат да бидат „гола“ трансмисија на нечија мисла проекција или амбиција, зашто кога така постапуваат, вусшност, прават квазиновинарство.

Колегата Александар Писарев, врз основа на исклучителното искуство, тука на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ ја има напишано лекцијата „Покрај совест и работливост, новинарот мора да поседува и знаење“.

Само од насловот на неговата лекција произлегува дека „совест“ е потребно за да имате чист пристап и однос кон пубиката за да не ја изложувате на невкрстени изјави и информации и да не правите сензационализам. Работливоста е неопходна зашто не е доволно некој да ви дошепне или пристапи со „факти“ за кои треба „дебело“ да се работи за да се проверат. И, конечно, но не најмалку важно: потребно е знаење, а тоа не се постигнува ако не ги поседувате претходните две особини.

12052016-vecer-geoglifЛинк до оригиналниот напис: Геоглифот во близина на Свети Николе, најверојатно, ќе ја потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот

Датум и време на објавување: 04.12.2016

Датум на рецензирање: 05.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„ЗДРАВО ЗА ГОТОВО“

Значи, ако некој ви вели дека

„…ја добиваме сликата за тоа што всушност се крие под геоглифот. Се работи за комплекс што зафаќа површинаод 100х70 метри и има три простории за кои сметам дека е можно дека се гробниците на македонските божества: Творецот на универзумот, Големата Мајка и нивниот првороден син, богот Ѕе…“,

елементарното образование и култура веднаш ќе ве алармира и ќе ве предупреди дека во досега објавените референтни дела, книги, учебници, не постојат информации за вакви „македонски божества“. Напротив, доколку консултирате литертура за религијата и за митовите на Античка Македонија, недвосмислено добивате податоци дека сограѓаните на Филип Втори и на Александар Велики ги воспевале и им се поклонувале на боговите на Олимп. Имале свои фаворити, но, сите тие издвоени како посебно мили на Македонците, антички, му припаѓаат на олимпиското семејство.

Александар Велики имал амбиции и се обидувал да ги спои верувањата што произлегувале од Античка Грција и Персија, но никаде нема да најдете нешто за тоа дека тој им подавал жртви на „македонските божества: Творецот на универзумот, Големата Мајка и нивниот првороден син, богот Ѕе.“

Секој новинар, доколку поседува барем помалку од особините за кои пишува во својата лекција колегата Писарев, дури и кога има пред себе научни авторитети, треба да покаже релативна скептичност и да не прифати здраво за готово сè што ќе дојде од „науката“.

Треба да знае дека дури тогаш кога научните хипотези и амбиции ќе бидат потврдени со авторитетни и со недвосмислени одобрувања, тиа можат да бидат афирмирани без скетпицизам.

Ако не постапи така, новинарските текстови „без огради“ секогаш ќе бидат дочекувани со потсмев. Особено кога најавуваат туку-така епохални откритија дека е пронајден доказ дека „Македонија е лулка на светот“. Што и да значи тоа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести