verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Конструкцијата без основа може само да падне

on 1 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir 

[Рецензија: „Журнал“: Падна договор за смена на Заев по изборите (ФОТО)]     

Како да верувате во оваа информација, кога нема ниту еден елемент на кој можете да ја изградите довербата. Вакви фотографии има колку што ви душа сака на социјалните мрежи. Си „позајмиле“ и си напишале „вест“. Само уште некој да поверува во една таква вест.

Не помага ни тоа што „веста“ е преземена од друг портал. Не само што нема линк до изворната содржина, туку таа со пребарување не може да се најде ниту на порталот од каде што се тврди дека е преземена.

Така, единствено што има написот што го рецензираме се многу индиции дека се работи за шпекулација и за конструкција.

11012016-kurir-zhurnalЛинк до оригиналниот напис: „Журнал“: Падна договор за смена на Заев по изборите (ФОТО)

Датум и време на објавување: 29.10.2016 – 12:15

Датум на рецензирање: 01.11.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„ОЗБОРУВАЧКИ“ ОБОЕНИ КОНСТРУКЦИИ

Нема ниту еден наведен прецизен извор за да го поткрепи сето она што се тврди во текстот. Ја нема ниту онаа излитена фраза „дознаваме од извори на Бихаќка“ и сите нејзини варијации. Пишува само „Како што дознава ’Журнал’…“

И што дознава? Листа од „озборувачки“ обоени конструкции за кои, за да им поверувате, ви се потребни исклучително неверојатни способности.

Ако го исклучиме непостоењето извори за оваа вест, прекршени се најмалку уште два члена од Кодексот на новинарите. Како прво, прекршен е членот 13, кој наложува да се прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Секако, некако по правило, овој тип на конструкции го кршат и членот 14, кој инсистира на тоа известувањето од политичките процеси да биде непристрасно и избалансирано, како и да се обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Наместо тоа, пред нас имаме пристрасна и политички недистанцирана медиумска содржина, за која не е битно дали има извори и аргументи за изнесените информации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести