verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Минотаур од текст: Човечко тело со глава од бик

на 25. 01. 2017 | | sq
[Рецензија: Балканските соросоиди се приклучуваат во војната со Трамп и американската администрација] Кога ќе ја прочитате оваа медиумска содржина сфаќате дека станува збор за создание составено од две различни целини. Или некоја мутирана новинарска форма. Или, ми се чини, најдобра илустрација за Минотаур. Она митолошко суштество кое се родило од копулацијата на критската кралица со – бик. Се разбира, далеку од тоа дека текстот што го рецензираме има митски димензии. Само сакаме најпластично да објасниме што може да се роди кога се кршат правилата во новинарството и кога се прават обиди да се спои тоа што не се спојува. Бидејќи нема лепак. Некој, сепак, создал „Франкенштајн“ од текст и затоа вреди да се запрашаме, сепак, што е тоа што послужило

Медиумска рожба на пропагандата

на 23. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Соросовите шарени платеници тргнаа против Трамп исто како во Македонија]

Едноставно е непримерно, недозволиво, непрофесионално, една медиумска содржина со такви претензии какви што имплицира нејзиниот наслов, во целата своја конструкција да не се повика на ниту еден извор. Оттаму, таквата постапка го прави текстот што го рецензираме плод на препаганда за домашна употреба, за ширење на ептен очигледни дезинформации за тоа кој стои зад протестите во Соединетите Американски Држави за време на инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп. Зошто? Затоа што елементарно правило во новинарството, етичкото и  професионалното, е тврдењата во новинарските текстови да бидат поткрепени со извори кои ќе потврдат или барем ќе индицираат дека зад протестите во Вашингтон и во другите градови стои Џорџ Сорос. Тоа го

Надувано „насилство“

на 21. 01. 2017 | | sq
[Рецензија: Хаос во САД: Платеници на Сорос ја нападнаа полицијата на инаугурацијата на Трамп]   Речиси во секоја реченица на оваа медиумска содржина има проблеми. Но, дали станува збор за грешки или манипулација, ќе заклучиме во завршницата на оваа рецензија. Затоа, да одиме со ред. Од текстот објавен на овој портал, како и од видеозаписот, кој, очигледно, е изворот за креирање на овој „новинарски“ производ, нема ниту еден елемент, изјава или каков било знак, симбол, па дури ни индиција, според кои протестите за коишто се пишува можат да се идентификуваат како активност на „платеници на Сорос“. Дури да го земеме овој термин, „платеници на Сорос“, како реален, иако тој апсолутно нема никаква реална врска со стварноста и со фактите, зашто

Кармакаша со „аналитичарите“

на 4. 01. 2017 | |

[Рецензија: Планот за живот во Македонија на СДСМ со украдени и веќе реализирани проекти]

  Медиумската содржина што ја рецензираме, можеби, имала убава идеја: да направи споредбена анализа на изборните политички програми на двете најголеми партии, претенденти на „престолот“. Убаво е и тоа што во најавата се кажува дека анализата се потпира на мислења и на оценки на аналитичари. Тоа, вообичаено, на ваков тип новинарски текстови им дава веродостојност. Но, првиот пропуст, а некој тоа може да го нарече и измама, е фактот што кога ќе го прочитате текстот сфаќате дека наместо „аналитичари“ во множина, текстот се повикува само на една „аналитичарка“, која со повеќегодишните и многубројни медиумски и јавни настапи, не отстапува од трендот да ги поддржува владините политики.

Нема „манипулации“, има само следење на однесувањето на лица во и околу ВМРО-ДПМНЕ

на 28. 12. 2016 | |
  [Рецензија: Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува]   Она што ја поттикна оваа рецензија е соопштението до јавноста од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во кое е изразена „остра осуда на манипулаците“ објавени во текстот „Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува“, на новинската агенција „Мета“. „Остра осуда на манипулациите“ е сериозна квалификација која не може да се пренебрегне, па оттаму „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ (СПФМ) пристапи кон внимателна рецензија на агенциската анализа, која се потпира на повеќе индикативни случки, настапи и изјави од поблиското минато, а кои ја доведуваа во прашање безбедноста на странските дипломати и нивните претставништва во Република Македонија. Медиумската содржина што ја рецензираме е

Манипулирање со агенциска вест

на 20. 12. 2016 | |
[Рецензија: Вашингтон Пост”: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада] Многу грешки, непрофесионалност и етички недоследности, а може да се каже и незнаење, се собрале во една куса информација. Тоа е предизвикано од начинот на кој е преземена една вест од угледниот „Вашингтон пост“, која во оригиналот е насловена како „Macedonian politician: Foreigners interfering after vote“ или, во превод: „Македонски политичар: Странците се мешаат во постизборието“. Треба веднаш да се напомене дека оваа вест во „Вашингтон пост“ е објавена како преземена информација од најстарата новинска агенција во светот – „Асошиејтед прес“. Нагласуваме најстара, бидејки „Асошиејтед прес“ е агенција која не си игра со професионалните стандарди и правила. Како прво, насловот на веста категорично ја штити агенцијата дека таа вели дека странците

Претепани новинарски правила

на 16. 12. 2016 | |

[Рецензија: Јове претепан зашто рекол „не сум вмровец и не сум предавник“]

  Колку и да се менува медиумскиот амбиент, колку и да се усовршува технологијата, колку и да се отвораат нови медиумски платоформи со автентични или пресликани принципи, некои правила, едноставно, остануваат засекогаш. Едно од тие златни правила на професионалното, добро, новинарство е – изворот. Релевантниот извор. Кога се има ова предвид како стандард, како мерило за етички исправно известување, сите медумски содржини што се повикуваат на нерелевантни извори се – нерелевантни содржини или шпекулации, што е многу блиску до манипулација. Уште една куса лекција: Кога станува збор за известување за дејства или настани во кои има загрозување на човечкиот живот или неговата физичка и друга безбедност, најрелевантни, освен

Злоупотребено фејсбук-самопослужување

на 14. 12. 2016 | |
[Рецензија: Членството и симпатизерите на СДСМ бараат одговорност од Заев и Шекеринска]   Премногу е непрофесионално да земете содржина од некоја социјална мрежа и потоа само врз основа на тоа да креирате медиумска содржина што генерализира и генерира став кој, наводно, го застапуваат многумина. Таков проблем во себе има текстот што го рецензираме. Селектиран е еден личен став, на личен профил на социјална мрежа и од него се изведени наслов и содржина кои афирмираат илузија, односно – невистина. Зашто, како може да се повикувате на членството и на симпатизерите, а зад барањето за одговорност стои само една личност?! Освен тоа, ние не гледаме, не читаме никаде во содржината дека е добиена дозвола за користење на тој став, а тоа е неопходно.

Манипулација недолична на професионалното новинарство

на 13. 12. 2016 | | sq
[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ победи, го добива мандатот за составување Влада- поразениот Заев вети оставка ако изгуби (ВИДЕО)]   Сериозни етички проблеми има медиумската содржина што ја рецензираме. Текстот „информира“ за резултатите од предвремените парламентарни избори како да се работи за конечни, и, згора на тоа, ги коментира со поенти кои ја стигматизираат опозицијата на сметка на омаловажувањето на волјата на граѓаните припадници на недоминантната етничка заедница во Македонија. Рамката во која се содржани тие проблеми е политичката пристрасност и од неа произлегуваат слабостите кои се препознаваат во, како што веќе констатиравме, категорични тврдрења за кои, во моментот кога се објавени – нема официјална потврда. Ова е многу значајно, бидејќи новинарските текстови во случаи кога станува збор за особено чувствителни теми и

„Новинарски“ текст се претвори во политички памфлет

на 9. 12. 2016 | |
[Рецензија: Новите документи говорат: СДСМ во 2004 ги продаде Кичево и Струга, а денес заговара федерализација]   Кога во некоја содржина ќе сретнете упатување на документи, архивски материјали и слично, прво што ќе помислите е дека секако се работи за веродостојни извори. Со оваа навика на публиката си поиграле авторите на медиумската содржина што ја рецензираме. Со единствена цел – да звучи уверливо. Но, ако публиката е еманципирана и со медиумски елементарно чувство за скептичност, бидејќи на тоа нè научи актуелната практика на поголем дел од „новинарите“, нема веднаш да ја проголта оваа јадица. Колку и да е атрактивен мамецот. И, кога ќе се направи таа првична задршка, љубопитниот читател ќе се запраша дали документите што му се нудат ги

Претплатете се за најнови вести