verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумска рожба на пропагандата

on 23 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

vecer

[Рецензија: Соросовите шарени платеници тргнаа против Трамп исто како во Македонија]

Едноставно е непримерно, недозволиво, непрофесионално, една медиумска содржина со такви претензии какви што имплицира нејзиниот наслов, во целата своја конструкција да не се повика на ниту еден извор. Оттаму, таквата постапка го прави текстот што го рецензираме плод на препаганда за домашна употреба, за ширење на ептен очигледни дезинформации за тоа кој стои зад протестите во Соединетите Американски Држави за време на инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп.

Зошто? Затоа што елементарно правило во новинарството, етичкото и  професионалното, е тврдењата во новинарските текстови да бидат поткрепени со извори кои ќе потврдат или барем ќе индицираат дека зад протестите во Вашингтон и во другите градови стои Џорџ Сорос. Тоа го прави овој текст нереален во неговата намера да ги идентификува протестите во САД со оние на „Шарената револуција“ во Република Македонија.

01232017-Vecer-Trump-SorosЛинк до оригиналниот напис: Соросовите шарени платеници тргнаа против Трамп исто како во Македонија

Датум и време на објавување: 22.01.2017, 20:02

Датум на рецензирање: 23.01.2017

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

За да ги поткрепиме со аргументи нашите заклучоци во оваа рецензија, ние тргнавме во потрага по докази. Со алатката „Search Google for Image“, најпрво ги идентификувавме фотографиите од кои е направен колажот за илустрација на кој пишува „Пеколот на Сорос“. Настрана што некои од фотографиите немаат врска со протестите од инаугурацијата, ги избравме оние автентичните и ги побаравме вестите зад тие фотографии. Еве три од нив од релевантни и реални медиуми: „Си-би-ес нуз“ (CBS News): Trump inauguration protest damages parts of downtown Washington, „Телеграф“ (The Telegraph): Donald Trump protests: Limo ‘set on fire’ and 217 arrested as police use tear gas on black-clad activists, „Нујорк тајмс“ (NyTimes): Inauguration Protesters and Police Clash on Washington’s Streets.

Во ниту еден од овие медиум не се ни споменува Сорос. Ниту „обоени револуции“, ниту НВО… Тоа е доволно текстот што го рецензираме да го прогласиме за рожба на пропаганда наменета, како што веќе рековме, за домашна (зло)употреба.

Во прилог на тврдењето во оваа рецензија оди и тоа што дури две третини, и повеќе, од текстот се посветени на генезата и на карактеристиките на „Шарената револуција“ во Македонија, во обид да се убедат читателите дека и тие во САД се идентични на „Шарената“, но не им успева…

Внимателните читатели бездруго ќе се согасат дека оваа намера е безуспешна и покрај наведувачкиот, тенденциозен и манипулирачки наслов, како и колажот направен од фотографии од „Шарената“ и од протестите во САД.

Дополнително, оваа намера се разоткрива и со вметнатите, интегрирани, коментари кои, во недостиг од аргументи што треба да дојдат од извори, имаат цел да ги надоместат недостатоците на текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести