verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Класична злоупотреба на терминот „анонимни извори“

on 23 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев]

Текстот што го рецензираме личи на сè, освен на новинарски напис. Тој е тенденциозен, полн со коментари и има цел да удри по друг медиум и по неговиот главен уредник, а притоа се води од политички мотиви.

Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев 

Датум и време на објавување: 18.01.2017

Датум на рецензирање: 23.01.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

Во написот се напаѓа главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“, Атанас Кировски дека, наводно,  работел за интересите на СДСМ и дека телевизијата во целост ја ставил на располагање на раководството на таа партија.

Притоа, ваквите наводи се поткрепуваат со чаршиски муабети и со разно-разни шпекулации, што е спротивно на новинарските стандарди.

„Низ скопските муабети често се раскажува и за сервилноста на Кировски кон СДСМ, како и видливата возбуда кај него во моментите кога првиот човек на центарот за комуникации со јавност на СДСМ, и поранешен новинар Роберт Поповски ќе му се јави“.

Ова е вистински пример за тоа како на јавноста ѝ  се пласираат шпекулации во форма на вести и како читателите се убедуваат во нивната точност, преку злоупотреба на поимот „анонимни извори“. Новинарството дозволува изворот на информацијата да биде заштитен и анонимен, но кога веста не држи вода и не е проверена од повеќе страни и извори, тогаш таа пропаѓа. Не е доволно само да се каже дека „низ скопските муабети често се раскажува…“. Тоа што се раскажува треба добро да се провери пред да се објави.

„Највозбуден бил Кировски кога од “централата” како што велел тој ќе стигнеле забелешки за начинот на кој биле распределени прилозите или доколку некоја тема од значење на СДСМ не била третирана соодветно“.

Но, нејсно е како тоа бил возбуден и што конкретно правел Кировски кога ќе му се јавеле од централата? На овие прашања нема одговор, исто како што нема ниту обид да се добие став од Кировски, ниту од „централата“ што се спомнува. Нема изјави ниту, на пример, од новинари вреботени во телевизијата. Да посведочел барем некој за тоа што се пишува.

„Познавачите на состојбите коментираат дека зад тоа се крие всушност диспилинирање на докрај непослушните новинари“.

Кои се тие „познавачи“? Повторно многу прашања, а ниту еден одговор. Само приказни за мали деца кои изгледаат како да се измислени и пласирани како вистина.

Целиот напис нема допирна точка со професионално изработен новинарски производ и има јасна идеја да се нападне и да се дискредитира главниот и одговорен уредник на „Телма“, а со тоа и самата телевизија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

Претплатете се за најнови вести