Злоупотребено фејсбук-самопослужување
Објавено во Рецензии
on 14 - 12 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Членството и симпатизерите на СДСМ бараат одговорност од Заев и Шекеринска]
Премногу е непрофесионално да земете содржина од некоја социјална мрежа и потоа само врз основа на тоа да креирате медиумска содржина што генерализира и генерира став кој, наводно, го застапуваат многумина.
Таков проблем во себе има текстот што го рецензираме. Селектиран е еден личен став, на личен профил на социјална мрежа и од него се изведени наслов и содржина кои афирмираат илузија, односно – невистина. Зашто, како може да се повикувате на членството и на симпатизерите, а зад барањето за одговорност стои само една личност?!
Освен тоа, ние не гледаме, не читаме никаде во содржината дека е добиена дозвола за користење на тој став, а тоа е неопходно. Така сугерира лекцијата со наслов „Преземање од „Фејсбук“ за јавна објава без согласност е незаконско“. Таму е јасно речено дека без разлика на тоа што на социјалната мрежа „Фејсбук“ нејзините корисници ја дале својата согласност нивните содржини да бидат јавно објавени на интернет и дека не може да очекува апсолутна приватност:
„Сепак, согласноста на корисникот да објави негови фотографии на приватен профил, без разлика на тоа на колку други корисници таа ќе им биде достапна, не значи и негова согласност за тие да бидат реобјавувани на други веб-страници или медиуми“.
Линк до оригиналниот напис: Членството и симпатизерите на СДСМ бараат одговорност од Заев и Шекеринска
Датум и време на објавување: 13.12.2016, 14:23
Датум на рецензирање: 14.12.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЗЛУОПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Така стојат работите кога се преземаат содржини и кога приватните профили се користат како извори. Важат истите правила како и за другите, вообичаени извори на информации: согласност, атрибуција, соодветна контекстуализација…
Уште една новинарска лекција на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ) упатува на владеење на добрите практики кога е во прашање користењето на социјалните мрежи како извори. Лекцијата „Од извори блиски на „Фејсбук“…., па на национална телевизија“, вели дека секој новинар кога посегнува по информации на социјалните мрежи, треба да си ги постави следните прашања:
- Која од информациите што можат да се најдат на „Фејсбук“ е релевантна за да биде пренесена во медиумите?;
- Имаат ли новинарите време да ја проверат информацијата со целата нејзина содржина?;
- Каде редакцијата ќе постави граници помеѓу она што е релевантно и она што директно нарушува нечие право?
Ако овие прашања немаат одговор и ако нема согласност за „употреба“ на информации што изнесуваат мислење на личен профил, тогаш имаме злоупотреба, манипулација и политичка пристрасност, како во овој случај.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови