verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Претепани новинарски правила

on 16 - 12 - 2016       

dnevnik

[Рецензија: Јове претепан зашто рекол „не сум вмровец и не сум предавник“]

 

Колку и да се менува медиумскиот амбиент, колку и да се усовршува технологијата, колку и да се отвораат нови медиумски платоформи со автентични или пресликани принципи, некои правила, едноставно, остануваат засекогаш. Едно од тие златни правила на професионалното, добро, новинарство е – изворот. Релевантниот извор.

Кога се има ова предвид како стандард, како мерило за етички исправно известување, сите медумски содржини што се повикуваат на нерелевантни извори се – нерелевантни содржини или шпекулации, што е многу блиску до манипулација.

Уште една куса лекција: Кога станува збор за известување за дејства или настани во кои има загрозување на човечкиот живот или неговата физичка и друга безбедност, најрелевантни, освен примарните извори како што се очевидците, се таканаречените овластени извори. Тоа се, најчесто, полицијата и лекарите.

Значи, мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни информациите на кои се повикуваат новинарите.

Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме не е направена елементарната проверка. Првата адреса за проверка е болницата каде што (би) треба(ло) да биде пренесена жртвата на, наводното, насилство. Потоа и полицијата каде што, според правилата, треба да има пријава на случајот.

12152016-dnevnik-rosoklijaЛинк до оригиналниот напис: Јове претепан зашто рекол „не сум вмровец и не сум предавник“

Датум и време на објавување: 15.12.2016, 09:52

Датум на рецензирање: 16.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Од текстот ние не гледаме дека е следена таква постака. Освен една полуреченица која почнува со „според првичните сознанија“, нема ниту една сериозна индиција дека случајот е регистриран од страна на полицијата, а за случај архивиран во која било скопска болница, нема ниту збор.

Да бидеме докрај прецизни, оваа рецензија нема намера да утврдува дали имало или немало инцидент. „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, според својата методологија, само „испитува“ дали е применета препорачаната новинарска постапка во вакви случаи, наведени во првиот дел од оваа рецензија. Констатираме дека тоа не е применето.

Оттаму, имајќи ја предвид општествената констелација и политичкиот амбиент во кој се креирала оваа содржина, не можеме да го избгнеме впечатокот дека во овој случај повторно имаме ситуација кога новинарскиот текст бил (зло)употеребен и со тоа е повреден членот 14 од Кодексот на новинарите кој налага „известувањето од политичките процеси, особено од изборите да биде непристрасно и избалансирано и да се обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести