verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со леснотија истурени обвинувања за изборна кражба

on 16 - 12 - 2016       

netpres

 [Рецензија: СДСМ и Беса главни играчи за кражба на изборната волја на Македонците]

 

Во написот врамен со тенденциозен наслов се редат серија обвинувања на сметка на опозициските партии, СДСМ и Беса, дека наводно сакаат да ја украдат „волјата на мнозинството граѓани преку изборен инженеринг“. Приказната се дава само од еден агол, без да се направи обид да се добие реакција од прозваните субјекти кои со леснотија се дискредитираат. Но, затоа е пренесен став на еден аналитичар, чие мислење секогаш се совпаѓа со тоа на владејачката партија. Накратко, имаме едностран, нагласено пристрасен и манупулативен материјал.

sdsm-i-besa-glavni-igrachi-za-krazhba-na-izbornata-volja-na-makedoncite-netpress-netpressЛинк до оригиналниот напис: СДСМ и Беса главни играчи за кражба на изборната волја на Македонците

Датум и време на објавување: 14.12.2016, 12:34

Датум на рецензирање: 14.12.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

 

СПИН

Oсвен коментарите кои се видливи во самиот вовед на написот, се забележуваат и јасни обиди за спин:

„После вчерашните банални приговори на гласањето на предвремените парламентарни избори кои и од домашната и од меѓународната јавност беа прогласени за најмирни и најдемократски досега, нема некој на кому не му е јасно дека во тек е последниот обид за крадење на волјата на мнозинството граѓани преку изборен инженеринг“.

Прво, не е јасно по која методологија е востановено дека поднесените приговори се банални. Понатаму, меѓународната заедница, вклучувајки ги европските претставници, амбасадорот на САД во Македонија и мисиите на ОБСЕ и ОДИХР во своите описи не ги опишаа изборите „најмирни и најдемократски досега“, како што се наведува уште во самиот почеток на текстот.

Исто така, во ситуација кога во воведот се тврди дека наводно се случува „крадење на волјата на мнозинство граѓани“,  логично е написот да понуди прецизни извори, факти и цврста аргументација. Но, наместо тоа, се нижат коментари и конструкции за некакво заговорничко сценарио за фалсификување на волјата на избирачите:

„Сценаристот не успеа да ја победи волјата на мнозинството Македонци, на терен, во фер битка, па сега подмолно преку сопствените инсталации се обидува да ја украде победата под маса и да им докаже на Македонците дека не е важно како тие гласаат во сопствената држава, бидејќи одлуките ги носи само тој“.

Наспроти отсуството на докази и на конкретни извори за искажаните обвинувања, во продолжението на написот се генерализира дека:

„Нема човек во Република Македонија кому не му е јасно дека немаше ниту еден посериозен инцидент и дека изборниот ден помина во најдобар ред. Нема некој кому не му е јасно дека ВМРО ДПМНЕ 10-ти пат по ред победи на изборите“.  

Како е утврдено дека секому му е јасно? Дали е направена анкета на целата популација во земјава за да се поткрепи ваквата констатација?! Или можеби анкета на репрезентативен примерок за да се утврди дека работите се до тој степен јасни? Веројатно не, бидејќи ако биле направени такви истражувања, тогаш податоците би биле презентирани во текстот. Ваквите констатации со навивачки тон, всушност, даваат силна доза пристрасност.

 

ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР

Текстот развива некаква „теорија на заговор“, при што тврди:

„Затоа СДСМ и Беса добија продолжен рок и таргетираа места каде што со помош на албански гласови би се заобиколила одлуката на Македонците за тоа, кој треба да ја води државата во наредните четири години“.

Уште еднаш: кој го вели ова? Како е утврдено? Каде се доказите? Ништо од сето ова не е познато. Целиот напис се врти околу некоја мистериозна личност – „сценаристот“, па на моменти се добива впечаток како да е во прашање извадок од криминален роман:

„Сценаристот не би бил на врв на задачата доколку, освен таргетираните места каде што Албанците би можеле да му завршат работа на Зоран Заев, не вметне и по некое друго кое нема никакво влијание во финалниот количник, освен што треба да се брои како одбиено“.

А веќе седната реченица од текстот е со потенцијал за индиректно поттикнување насилство:

„Зоран Заев и сценаристот ризикуваат хаос и излевање на гневот на мнозинството Македонци“.

Ваквата формулација е прилично опасна, особено кога се работи за ваква чувствителна и лесно „запалива“ ситуација.

Написот се повикува на претходна објава која не е соодветно линкувана, па читателот треба да прави комплетно пребарување низ порталот за да може да ја провери веродостојноста на наодите дека: „поднесените приговори на СДСМ до Државната изборна комисија се однесуваат на избирачки места во Тетово и во Теарце, каде пак во записниците од страна на Избирачките одбори нема никакви забелешки“.  Потоа, без поткрепа на ваквите тврдења во текстот се заклучува:

„Повеќе од јасно е дека на ваков начин СДСМ се обидува да ја пролонгира кризата и да ја жртвува иднината на Република Македонија само за да го заштити Зоран Заев во обид да ја заштити сопствената фотелја“.

Кон крајот на објавата се дава изјава на само еден екпсерт, кој во јавноста е познат по тоа што неговите ставови секогаш се на линија со тие на владејачката партија. Неговата изјава, практично, „виси“ и не е соодветно вклопена во текстот ако се има предвид дека низ целиот напис нема никаква друга атрибуција на изнесените ставови. Така, неговото вклучување во написот само дополнително го засилува впечатокот за пристрасност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема за клучното тврдење

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести