verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сериозна тема, несериозен пристап

on 16 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-163-levizja-besa-i-keqperdor-femijet-ne-t_-http___www-tetovasot-com_2016_12_l

 

Напис: Движењето Беса ги злоупотребува децата по митинзи, погледнете како ги полни салите со деца (ФОТО)

Движењето Беса во неможност да собере гласачи и без поддршка, малите училници во кои ги одржува средбите ги полни со деца и со неколку старци. Ова се докажува и преку фотографиите обезбедени од „Актуале“ од еден собир што се одржа во родното место на претседателот на ова движење, во село Ларце од Општина Желино. Како  што се гледа и на обезбедените фотографии, училницата е полна со деца, што подразбира и прекршување на Изборниот законик и злоупотреба на децата во изборна кампања.

Народниот правобранител пред неколку денови во едно излагање за медиуми апелираше до учесниците во изборната кампања да не ги злоупотребуваат децата во предизборните кампањи, но изгледа овој апел не стигнал до ушите на раководството на оваа политичка партија.

Како што се гледа и од снимките од оваа средба, бил присутен и самиот потпретседател на оваа партија, Аднан Азизи, и во негово присуство се злоупотребени деца за партиски цели.

 

[Рецензија : Движењето Беса ги злоупотребува децата по митинзи, погледнете како ги полни салите со деца (ФОТО)]

Во предизборните кампањи на медиумите се спроведува една многу лоша практика – никој не познава никого. Ни новинарот етиката и стандардите, а ни стандардите и етиката – новинарот. Секако дека кога зборуваме за новинарството или новинарот во оваа форма, зборуваме за тие што го прават новинарството за лична придобивка, а не за професионални идеали и за јавниот интерес или на населението. Во претходните прилики биле два блока што се бореле за истите гласови, а сега се многу партии во потрага по истиот глас. И ова ја прави борбата за „фотелја“ (и во медиумските содржини), уште поостра.

levizja-besa-i-keqperdor-femijet-ne-tubime-shikoni-se-si-i-mbush-sallat-me-femije-foto-tetova-sotЛинк до оригиналниот написДвижењето Беса ги злоупотребува децата по митинзи, погледнете како ги полни салите со деца (ФОТО)

Датум и време на објавување: 02.12.2016

Датум на рецензирање: 04.12.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот што го рецензираме со право поттикна сериозна загриженост. Доколку беше напишан од некој медиум што цели кон поголема кредибилност, ќе го земевме предвид со поголема сериозност. Но, анализирајќи ги написите на овој медиум и едностраноста што ја има, овој текст повеќе се класифицира во корпусот текстови пишувани за да се оштети одреден политички субјект и да се фаворизира друг. Бидејќи, во спротивно, таков текст би бил напишан поинаку и на посеоопфатен начин, особено доколку постојано ги следиме вестите во кои се докажува дека има и многу собири од други партии на кои се присутни деца (во повеќето случаи во присуство на нивните родители).

„Движењето Беса во неможност да собере гласачи и без поддршка, малите училници во кои ги одржува средбите ги полни со деца и со неколку старци. Ова се докажува и преку фотографиите обезбедени од „Актуале“ од еден собир што се одржа во родното место на претседателот на ова движење, во село Ларце од Општина Желино. Како  што се гледа и на обезбедените фотографии, училницата е полна со деца, што подразбира и прекршување на Изборниот законик и злоупотреба на децата во изборна кампања“.

На фотографиите што се презентирани во текстот се гледаат децата. Но, зошто тогаш новинарот не се обидел да побара став од партијата што се обвинува за злоупотреба на децата? Освен тоа, зошто се даваат ваков вид квалификации, кога информативната содржина, веста или извештајот, треба да служи само за информирање, а не за коментирање? Во содржина можело да се цитира законот и да се земат изјави од надлежни лица кои би зборувале за прекршувањата на Изборниот законик, законите и меѓународните акти за заштита на малолетниците и на децата и вака би се комплетирала темата „без да се нанесе дамка“ на содржината и на медиумот со лични проценки. Но, еве полесно било да се даваат коментари, отколку да се дава труд и време за добивање на ставови од разните страни.

„Народниот правобранител пред неколку денови во едно излагање за медиуми апелираше до учесниците во изборната кампања да не ги злоупотребуваат децата во предизборните кампањи, но изгледа овој апел не стигнал до ушите на раководството на оваа политичка партија. Како што се гледа и од снимките од оваа средба, бил присутен и самиот потпретседател на оваа партија, Аднан Азизи, и во негово присуство се злоупотребени деца за партиски цели“.

Такви злоупотреби (како што се именуваат во текстот) имало и од другите партии. На пример, медиумите информираа дека партијата на власт по собири ги зела децата на паднатите борци на ОНА, за политички поени, што исто така може да се смета можеби и за полоша злоупотреба.

Народниот правобранител, по долго време од кампањата, најпосле се појави и ја критикуваше злоупотребата на децата, за што другите организации за заштита на децата и за надзор на изборите одамна алармирале. Треба да се нагласи дека реакцијата на Мемети дојде по една серија реакции од „провладините“ портали за злоупотреба на децата во кампања, но истакнувајќи на селективен начин дека злоупотреба направил само еден субјект. Критиките, пак, и од институциите, а и од медиумите, треба да бидат насочени кон сите.

Според етичкиот кодекс на новинарите на Македонија:

  • Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање на информациите за негов личен профит;
  • Митото, корупцијата и рекетот се работи кои не се совпаѓаат со новинарската професија;
  • Не смее да се дозволи рекламата и другите комерцијални мотиви да имаат влијание врз слободата на информирање;
  • Треба да се разликува рекламата од новинарскиот текст со илустрација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести