Кармакаша со „аналитичарите“
Објавено во Рецензии
on 4 - 01 - 2017 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Планот за живот во Македонија на СДСМ со украдени и веќе реализирани проекти]
Медиумската содржина што ја рецензираме, можеби, имала убава идеја: да направи споредбена анализа на изборните политички програми на двете најголеми партии, претенденти на „престолот“. Убаво е и тоа што во најавата се кажува дека анализата се потпира на мислења и на оценки на аналитичари. Тоа, вообичаено, на ваков тип новинарски текстови им дава веродостојност.
Но, првиот пропуст, а некој тоа може да го нарече и измама, е фактот што кога ќе го прочитате текстот сфаќате дека наместо „аналитичари“ во множина, текстот се повикува само на една „аналитичарка“, која со повеќегодишните и многубројни медиумски и јавни настапи, не отстапува од трендот да ги поддржува владините политики. И тоа прилично посветено. Тоа, веднаш го прави овој текст проблематичен и едностран, а со тоа и – пристрасен.
Линк до оригиналниот напис: Планот за живот во Македонија на СДСМ со украдени и веќе реализирани проекти
Датум и време на објавување: 29.11.2016, 10:00
Датум на рецензирање: 04.01.2017
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЕДИНСТВЕНАТА „АНАЛИТИЧАРКА“
Единствената „аналитичарка“ на која се повикува оваа медиумска содржина дури и не навлегува во некое суштинско толкување на точките од програмата на најголемата опозициска коалиција, туку тоа главно го прави низ политички коментари и со тоа пропушта шанса да направи нешто посуштинско за некои поенти од програмата кои се навистина премногу општи.
Тоа е пропуст и на овој текст кој, практично, пропушта да ја фокусира анализата на „аналитичарката“.
Потоа од анализата некако магично исчезнува и единствената „аналитичарка“, и она што останува, а тоа е поголемиот дел од текстот, е коментар по коментар зад кои нема стручна заднина.
Тоа автоматски на овој текст му дава примеси на спин.
АПСУРДНА ТЕЗА
И на крајот, ама не е безначајно, целиот текст сугерира дека ВМРО-ДПМНЕ покрива сè, буквално сè, во својата програма и дека нема што другите партии да пишуваат програма. Апсурдна теза за еден новинарски текст, кој на почеткот се повикуваше на „аналитичари“. Но, бидејќи „аналитачите“ исчезнаа, она што остана е една соголена и многу јасна политичка пристрасност која зрачи од овој текст. А членот 14 од Кодексот на новинарите во однос на ова прашање е многу јасен:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
На крајот – ништо од убавата идеа најавена на почетокот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови