verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Новинарски“ текст се претвори во политички памфлет

on 9 - 12 - 2016       

12092016-press24-federacija-crop-resize

[Рецензија: Новите документи говорат: СДСМ во 2004 ги продаде Кичево и Струга, а денес заговара федерализација]

 

Кога во некоја содржина ќе сретнете упатување на документи, архивски материјали и слично, прво што ќе помислите е дека секако се работи за веродостојни извори. Со оваа навика на публиката си поиграле авторите на медиумската содржина што ја рецензираме. Со единствена цел – да звучи уверливо.

Но, ако публиката е еманципирана и со медиумски елементарно чувство за скептичност, бидејќи на тоа нè научи актуелната практика на поголем дел од „новинарите“, нема веднаш да ја проголта оваа јадица. Колку и да е атрактивен мамецот.

И, кога ќе се направи таа првична задршка, љубопитниот читател ќе се запраша дали документите што му се нудат ги имаат неопходните атрибути за да бидат веродостојни. Значи, треба да имаат јасни обележја на валидни, автентични, документи, кои, ако се работи за архивирани материјали во Државниот архив, треба да имаат одредени архивски знаци, утврдени со Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, објавен на веб-страницата на оваа национална установа.

12092016-press24-federacijaЛинк до оригиналниот напис: Новите документи говорат: СДСМ во 2004 ги продаде Кичево и Струга, а денес заговара федерализација

Датум и време на објавување: 07.12.2016, 11:29

Датум на рецензирање: 09.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

Затоа, во оваа рецензија, кога ја читаме реченицата од медиумската содржина која вели: „Документите кои денеска беа објавени од Архивот на Македонија а се однесуваат на референдумот од 2004 година и децентрализацијата на Македонија се уште еден доказ дека распродажбата на интересите на Македонците што го почна владата на СДСМ пред 12 години…“, се  прашуваме каде се неопходните архивски знаци кои се задолжителни за секој архивиран документ во Државниот архив?

Настрана што секој читател може да се запраша каков е тој „документ“ напишан ракописно, објавен парцијално без да се има увид во целината од каде потекнува и без ниту еден елемент за идентификација како меморандум, датум, печат, потпис, а доаѓа како документ од Владата на Република Македонија?

Премногу сомнителни елементи кои отвораат многу прашања за веродостојноста на „аргументите“.

Доколку ова сомневање го разгледаме од видливата политичка пристрасност која зрачи од оваа медиумска содржина, не е тешко да се изведат заклучоци кои ќе ја обојат како неетична и непрофесионална во однос на стандардите на новинарството.

Во текстот имаме интегрирани коментари:

„Антимакедонската политика на Зоран Заев не е новитет за СДСМ, туку само продолжение на стратегијата на оваа партија да тргува со албанските гласови во голата борба за власт на штета на македонските национални интереси“.

Во текстот нема експертски извори за да ги толкуваат „документите“. Во текстот, односно медиумската содржина има веќе видени, рециклирани материјали, кои освен простор не ја пополнуваат суштината, односно да ги потврдат обвинувањата упатени на сметка на опозицискиот лидер и на најголемата опозициска партија.

И на крајот, но не најмалку важно, кога станува збор за потврда за нашето тврдење дека текстот е политички пристрасен и обоен: Па добро, ви се молам, кој новинарски текст завршува со восклик  „Од нас зависи! За Македонија се работи“!?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

пренесено од друг медиум

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

има повеќе фотографии

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести