verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Надувано „насилство“

on 21 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

Screenshot from 2017-01-21 12:33:40

[Рецензија: Хаос во САД: Платеници на Сорос ја нападнаа полицијата на инаугурацијата на Трамп]

 

Речиси во секоја реченица на оваа медиумска содржина има проблеми. Но, дали станува збор за грешки или манипулација, ќе заклучиме во завршницата на оваа рецензија. Затоа, да одиме со ред.

Од текстот објавен на овој портал, како и од видеозаписот, кој, очигледно, е изворот за креирање на овој „новинарски“ производ, нема ниту еден елемент, изјава или каков било знак, симбол, па дури ни индиција, според кои протестите за коишто се пишува можат да се идентификуваат како активност на „платеници на Сорос“. Дури да го земеме овој термин, „платеници на Сорос“, како реален, иако тој апсолутно нема никаква реална врска со стварноста и со фактите, зашто „платеници на Сорос“ е производ на одреден дел медиуми и на владините структури во Република Македонија.

Оваа медиумска содржина се повикува на „насилството“ на овие протести кои биле идентични како оние на „Шарената револуција“ кај нас, иако, можеме тоа многу недвосмислено да го видиме од видеоснимката – насилство воопшто нема. Има туркање со полицијата, но тоа тешко дека може да се нарече насилство.

Пишува дека имало димни бомби, но на снимката нема ништо од тоа, освен ако петардата на 1:15 минута може да се нарече бомба. Димна.

 

01202017-Pres24-Trump-ProteЛинк до оригиналниот напис: Хаос во САД: Платеници на Сорос ја нападнаа полицијата на инаугурацијата на Трамп

Датум и време на објавување: 20.01.2017 – 11:14

Датум на рецензирање: 20.01.2017

Рецензент: Зоран Бојаровски

И тоа не е сè. Пишува дека злоупотребувале деца, но за тоа нема ништо ниту во видеозаписот ниту, пак, каков било друг линк, освен прераскажан медиумски извештај. Толку ли е тешко денес да се стави линк до изворот? Тој чекор ќе беше доволен да се покаже професионалност и веродостојност. Наместо тоа, останува впечатокот дека бележиме уште една постапка која зборува за серија од манипулации во оваа медиумска  содржина.

И, на крајот, но не помалку важно, целата оваа сторија се гради на еден единствен извор: видеоснимка од медиум кој е еклатантно расистички и крајно десен. Еве, да бидеме коректни и да речеме дека тоа е право на избор, но кога веќе се избира една таков, екстремно десно позициониран медиум, логично би било да се понуди уште еден извор за да биде сторијата избалансирана.

И, конечно, насловот! „Хаос во САД: Платеници на Сорос ја нападнаа полицијата на инаугурацијата на Трамп“ е апсолутно непропорционален и несоодветен наслов во однос на настанот за кој пишува овој текст. Тешко дека две-триста демостранти се доволни за „Хаос во САД…“. Тоа е само за да се надува балонот докрај.

Од сето претходно изложено, рецензентот на оваа медиумска содржина ви остава вам, почитувани читатели на „Сервис за проверка на факти од медиумите“, сами да донесете заклучок дали станува збор за грешки или за манипулација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести