verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со виртуелни експерти против Катица Јанева

on 23 - 01 - 2017       

nova

[Рецензија: Правната фела реагира – потегот на СЈО е преседан]

 

„Гол и бос“ напис, барем во делот за тезите што ги пласира. Не може остро да се осудува потег на државна институција врз основа на наводни ставови на „правна фела“ „познавачи“ и „адвокати“, кои повеќе се виртуелни, отколку реални. Видлива е површноста со која ѝ  се пристапува на комплексната тема и текстот остава впечаток дека е претрчано преку одлуката на СЈО за предметот „Пуч“.

1111Линк до оригиналниот напис: Правната фела реагира – потегот на СЈО е преседан

 Датум и време на објавување: 20.01.2017  16:12

Датум на рецензирање: 21.01.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ПРАВНА „ФЕЛА“, ПОЗНАВАЧИ,  АДВОКАТИ 

Ова е пример за „новинарско“ обработување правна тема преку алатки што воопшто не се правни. Поточно, во игра се повеќе политички, отколку правни аргументи. Под лупа е одлуката на Специјалното јавно обвинителство да се откаже од обвинителниот акт за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се и Зоран Заев и Зоран Верушевски.

Потегот на СЈО во овој текст се разгледува критички и притоа се тврди дека „Правната фела реагира – потегот на СЈО е преседан“. Во ред, но каде се изворите за таквите наводи? Се споменува „фела“, односно бранша, адвокати, познавачи, но откако внимателно ќе се прочита написот и ќе се изгледа видеоматеријалот, се утврдува дека нив едноставно ги нема. Не е изненадување ако разни правници во земјава имаат различни мислења за одлуката на СЈО, но проблем е ако тие поинакви ставови ние не ги гледаме во текстовите, кои, пак, се повикуваат на нив, како што е случај со материјалот што го рецензираме. Тоа не е само површност и недоволен ангажман, туку говори и за необјективност и за тенденциозност. Зошто би се криеле или штителе евентуалните извори? Ова не е пробивање на информации,  туку едноставно спротивставување на гледишта. И, воопшто не е одржлива генерализацијата дека „правната фела реагира“, зашто има дијаметрално спротивставени позиции на овие наводни гледишта и тоа се именувани извори и јасно посочени соговорници.

Експертите со различни ставови во врска со повлекувањето на обвинителниот акт за предметот „Пуч“ (ТВ „Алсат“, 19.01.2017)

Реакции за повлекувањето на случајот „Пуч“ (ТВ „Телма“, 18.01.2017)

 

 

А ЗОШТО СЈО ДОНЕЛО ТАКВА ОДЛУКА?

Понатаму, не е добро сработен делот за објаснувањето на СЈО зошто е донесена таква одлука, туку наместо на сегашноста, се фокусира на минатото. Да, треба да се потсети на поранешни изјави, ама не на сметка на основната информација која е објаснување на чекорот на Катица Јанева.

„Ова Јавно обвинителство со поднесок што во текот на денешниот ден ќе биде доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје, се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“ од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки ’Таргет’ и ’Тврдина’“. (СЈО, 18.01.2017)

Но, наместо добро сработена главна вест, имаме коментаторски пристап, кој не само што не придонесува за квалитет на четивото, туку дополнително го урнисува.

„Иако платената шарена револуција, палеше, демолираше и ја напаѓаше полицијата, по аболицијата на Претседателот Иванов, сепак останаа неми по ваквата, условно речено, аболиција на Заев од страна на Специјалното Јавно Обвинителство“.

Плус, имаме и пристрасност.

Значи, без прецизни извори (за главната вест), без соодветен ангажман и посветеност, без објективност и без содржинско пренесување на главната информација… А така, добар производ не бива.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

виртуелни

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести