verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Танц на спинот и на невистината

on 23 - 01 - 2017       

kurir

[Рецензија: Американската полиција реагираше жестоко: Во првиот ден на Трамп уапсени 217 хулигани на Сорос, не се дозволи „Шарена револуција“ (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)]

 

„Мешање баби и жаби“, тенденциозност, спинување… Ова се главните карактеристики на конкретниот напис што се обидува да прави некаква паралела меѓу протестите во САД и „Шарената револуција“ во Македонија. Покрај изместувањето на фактичката состојба, која покажува дека во Вашингтон ситуацијата ескалирала далеку повеќе отколку во Скопје, упорно се форсира и демонизацијата на Сорос, со тоа што се тврди дека сите уапсени на собирите во главниот град на САД биле „хулигани на Сорос“!

  3333Линк до оригиналниот напис: Американската полиција реагираше жестоко: Во првиот ден на Трамп уапсени 217 хулигани на Сорос, не се дозволи „Шарена револуција“ (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

 Датум и време на објавување: 21.01.2017, 12:34

 Датум на рецензирање: 22.01.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

РАКА ПОД РАКА СО НЕВИСТИНАТА

Овој напис не кокетира, туку танцува со невистината, рака под рака. Зошто? Зашто спорни се двете главни тези што се обидуваат да ни се „продатат како алва“. Првата е дека американската полиција реагирала жестоко и не дозволила „Шарена револцуија“. Од приложеното прозилегува спротивното. Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе се исплашите. Кој би рекол дека вакви протести со насилство се можни во Вашингтон во 2017 година. Фотките, оние што ни се понудени, манифестираат степен на конфликт што во Скопје во текот на протестите на „шарените“ немаше толкав интензитет. Една вечер беше навистина тензична, кога настрада Народната канцеларија на шефот на државата и имаше судир со полицијата, но другите минаа главно во духот на „боење и шарање“ на „Скопје 2014“.

Во Вашингтон, според фотографиите, имало сè и сешто, од палење автомобили, кршење излози, солзавец, димни бомби, интензивни судири со полицијата, голи демонстранти итн…  Значи, вистината е дека полицијата остро реагирала зашто протестите сериозно ескалирале.

 

 

ДЕМОНИЗИРАЊЕ

Втората теза е дека се уапсени „217 хулигани на Сорос“.  Интересно, како ли е утврдено дека баш овие 217 уапсени се со Сорос-провиниенција? Броеле ли, барале ли даночна пријава…

„Полицијата и демонстрантите се судрија во Вашингтон за време на инаугурацијата на Доналд Трамп. Американската полиција не дозволи „Шарена револуција“ во САД, откако во првиот ден на новиот претседател упсени се 217 хулигани на Сорос кои насилно протестираа против неговата инаугурација“.

За ваквите тврдења нема докази, тие не се аргументираат со ништо.

Не треба да се изуми и спинот, зашто текстот се обидува да се направи паралела меѓу протестите во Вашингтон и тие во Скопје како многу слични, демек исти. И едните и другите се граѓански собири против естаблишментот, но со голема разлика зашто во Америка се протестираше поради начинот на кој Доналд Трамп има намера да претседателствува, додека во Македонија се бунтуваше против, како што покажаа прислушуваните разговори, авторитарна и корумпирана владејачка елита, која според извештаи на релевантни организации, ја „заробила државата“.

Оттука, зошто е потребата да се омаловажува „Шарената ревлуција“? Очигледно, причината е политичка, исто како што е и неуморното инсистирање на стигматизирање и на демонизирање на „сè што е Сорос“. И, конечно, политичка е и целта на објавувањето на овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести