verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација недолична на професионалното новинарство

on 13 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

press-24

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ победи, го добива мандатот за составување Влада- поразениот Заев вети оставка ако изгуби (ВИДЕО)]

 

Сериозни етички проблеми има медиумската содржина што ја рецензираме. Текстот „информира“ за резултатите од предвремените парламентарни избори како да се работи за конечни, и, згора на тоа, ги коментира со поенти кои ја стигматизираат опозицијата на сметка на омаловажувањето на волјата на граѓаните припадници на недоминантната етничка заедница во Македонија.

Рамката во која се содржани тие проблеми е политичката пристрасност и од неа произлегуваат слабостите кои се препознаваат во, како што веќе констатиравме, категорични тврдрења за кои, во моментот кога се објавени – нема официјална потврда.

Ова е многу значајно, бидејќи новинарските текстови во случаи кога станува збор за особено чувствителни теми и ситуации, треба да настојуваат при известувањето во целост да се повикуваат на официјални извори и на официјални податоци. Сè друго влегува во сферата на шпекулациите, дури и тогаш кога така лиферуваните информации се блиску до точни или точни.

Но, она што е поразително од аспект на професионалното новинарство, што овој текст во себе „крие“ една манипулација за да обезвредни еден значаен резултат на опозицијата. Таа манипулација е „скриена“ во овој пасус:

„ВМРО-ДПМНЕ и после 2 години невидена црна кампања и напади, во кои СДСМ беше само инструмент, освои резултат приближно ист како во 2014-та година. Разликата во македонското гласачко тело меѓу ВМРО-дпмне и СДСМ се уште е околу 100.000 гласови“.

12132016-press24-ostavka-zaЛинк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ победи, го добива мандатот за составување Влада- поразениот Заев вети оставка ако изгуби (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 12.12.2016, 13:52

Датум на рецензирање: 13.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

СТИГМАТИЗАЦИЈА

Таа, дополнителна боја со која е означена рамката на оваа медиумска содржина е стигматизацијата, односно жигосување на припадници на една етничка заедница заради нивниот слободен избор при гласањето. Тоа, за жал, е уште еден одраз во огледалото на општиот амбиент на известувањето за време на предизборната кампања, кога еден дел од медиумите ја прифатија, афирмираа и ја застапуваа пропагандно-политичката реторика на едната од двете најсилни партии за да се создаде страв меѓу граѓаните со темата федерализација и двојазичност.

И, токму со таквиот начин на известување оваа медиумската содржина го прекршува членот 10 од Кодексот на новинарите, кој укажува дека „новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“ 

Написот  ја преминува и границата на правилата за фактите и мислењата утврдени во Кодексот (Член 13):

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Говорот и стилот што доминираат во оваа медиумска информација многу повеќе им приличат на настапите и на соопштенијата на политичките партии, а не на новинарските професионалци.

Тоа, исто така, е прецизно препознаено како една од можните слабости на професионалното новинарство и затоа е препорака што проиизлегува од членот 14 од  Кодексот на новинарите:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести