verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозен и пакосен напис

on 14 - 12 - 2016       

start

[Рецензија: Со албанска музика и двоглави орли СДСМ прославува пред Владата (ВИДЕО)]

Пред нас имаме куса, но нагласено тендециозна и пакосна објава. Низа обвиненија истурени на адреса на опозицијата како да станува збор за нечиј „страшен суд“, а не за текст што пред сè треба да информира, без, како што е во случајов, дезинформации со конструкции од партиски кујни.

1111Линк до оригиналниот напис: Со албанска музика и двоглави орли СДСМ прославува пред Владата (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 12.12.2016, 18:20

Датум на рецензирање: 13.12.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

СЕЛЕКТИВНОСТ СО НАЦИОНАЛИСТИЧКИ „ШМЕК“

Чуму вакво четиво? Искрено, нема каква било поента гледано низ професионална призма. Можело сосема комотно да се нотира настанот, да се опише атмосферата, едноставно кажано да се направи репортерски запис без ништо да се прикрие или премолчи.

Дали имало и албански знамиња, зашто сепак доминираа македонското и партиското знаме, на прославата на опозицијата? Да! Дали се слушаше и албанска музика? Да. Сосема доволно да се тргне во раскажување на приказната. Ама, некој решил  да повлече нога во друга, би кажале, погрешна насока. Наместо информација – дезинформација, наместо објективен приказ – коментар. „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ ,  вели член 13 од Кодексот на новинарите, но тука не е направена таква дистинкција.

„Иако судејќи по изборните резултати, не е јасно што прославуваа, сепак симпатизери на СДСМ синоќа се собраа пред Владата на РМ за да прослават. Овие видеоснимки се потврда дека проалбанската кампања на СДСМ заврши со победа на албанските аспирации и интереси на опозициската партија и радикалните структури инсталирани високо во врвот на партијата“.

Неразбирливо. Дали граѓаните на Македонија од албанската заедница кои гласале за опозицискиот блок предводен од СДСМ немаат право да го прослават ако ништо друго „тесниот“ резултат? Секако дека имаат, како што имаат и сите лица од другите заедници кои се за некоја од политичките опции што истрчаа на овие избори. Нивното излегување пред зградата на Владата, како и истакнувањето на албанското знаме во никој случај не се новинарски аргумент, ниту, пак, оправдување на тезите дека тоа е некаква си победа на албански аспирации…

„Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“, член 9 од Уставот на РМ.

Спинуван и изнасилен текст. Намерно се форисрала селективноста за на прославата да ѝ се даде генерално „албански шмек“, иако тоа не е докрај вистинито зашто фотографиите и видеоматеријалите од други медиуми покажуваат ситуација која не се гледа и чита од конкретниот напис.

Ако мислевме дека „баба-рога“ приказните за штетната „проалбанска опозиција“ ќе завршат со изборите, изгледа сме се лажеле. Таквите материјали, кои се множат со брзина на фотокопир, по сè изгледа, ќе продолжат и понатаму да ги бомбардираат сетилата на публиката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести