Фото: Ниту тепачка, ниту „драма“
Објавено во Рецензии
on 14 - 12 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: (ФОТО) СЕ ИСТЕПАА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ]
Нецелосно обработена приказна поради што повеќе наликува на чаршиско озборување, отколку на сериозен новинарски производ. Насловот е сензационалистички и привлекува внимание, особено со првиот дел дека станува збор за фотографии од „настанот“. Но, фотографиите со кои е илустриран текстот, воопшто не ја прикажуваат „драмата“ која наводно се случила пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) СЕ ИСТЕПАА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ
Датум и време на објавување: 10.12.2016
Датум на рецензирање: 13. 12. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
ИЗНАСИЛЕНА ПРИКАЗНА
„Илчо Ѓорѓиоски, Лука Кржаловски, Никола Поповски, Никола Грувски, Диме Спасов биле само дел од екипата која играла фудбал во салата “Јане Сандански” во Аеродром. Главната битка не се водела на теренот, туку пред спортската сала, но не меѓу „фудбалерите„ туку помеѓу обезбедувањето на Никола Груевски и ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ Илчо Ѓорѓиоски“.
Главата на веста е со одложено дејство, за да предизвика поголема интерес и за да го заинтригира читателот за тоа што следува – бомбастично презентиран настан, за кој нема потврда ниту од ФФМ ниту, пак, е побарана изјава од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно новинарските страндарди, една коректно сработена информација треба задолжитено да се провери од најмалку два извора, како и да содржи став од инволвираните страни.
Според насловот и главата на информацијата, се добива впечаток дека настанала пожестока физичка пресметка. Но, според подолу изнесеното, излегува дека имало вербална расправија и вжештена атмосфера која кулминирала со кратко туркање, но не и тепање, како што се посочува во насловот и во првиот пасус.
Во написот е наведена и причината за наводната расправија, а опишана е и самата караница, но никаде не се кажува кој е изворот на инфомацијата, дали новинарот бил присутен или, пак, е дојава од очевидец. Исто така, фотографиите не се потпишани и иако, според насловот, тие би требало да сведочат за тепачка или некаков инцидент, сепак, на овие снимки не може да се види такво нешто. Тие се матни, поради што и не може јасно да се идентификуваат лицата што се прикажани. Велат, една фотографија менува илјада зборови, но една лоша и матна фотографија манипулира безброј ситуации.
Веста е обајвена непосредно пред изборите, односно пред стапување на изборниот молк, а според начинот на кој е составена остава впечаток дека е креирана за да ѝ наштети на владејачката партија.
Во написот се прекршени неколку члена од Кодексот на новинарите кој налага објавување точни и проверени информации, да бидат наведени изворите, како и авторот на фотографиите.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Во случај да не може да се дојде до бараната информација, за тоа треба да се информира јавноста. (член 1)
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. (член 4)
Новинарот треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (член 13)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови