Манипулациите со анкетите се докажуваат со факти, не со озборувања
Објавено во Рецензии
on 12 - 12 - 2016 Автор: Ferikan Iljazi
Напис: Кој ги измени резултатите во последен момент во полза на ДУИ?
Иако пред да се објават резултатите од анкетата на агенцијата „Рејтинг“, сигурни извори покажаа резултати кои покажуваа изедначување на рејтингот на ДУИ и на движењето Беса, на телевизијата „24 Вести“ објавија сосема поинакви резултати, во полза на ДУИ.
Со ова се остварија предупредувањата на медиумите дека до последен момент биле под притисок за да ги изменат резултатите од анкетата во полза на ДУИ. Дилемите околу оваа анкета го зајакнале уште повеќе убедувањето дека македонското општество, колку и да е поделено, за едно нешто секогаш имаат консензус, а тоа е, дека во интерес на македонскиот народ е гласовите на Aлбанците да ги освои ДУИ. За да ја наградат ДУИ за учеството во големите проекти кои се остварени сите овие години за Mакедонците, македонските институции постојано оваа партија ја прикажуваат на прво место, со двојна поголема предност, за разлика од албанските анкетни институции кои имаат поинакви резултати.
Ова е еден нивен есап без меанџијата, затоа што македонските институции не можат да ја згаснат волјата на албанскиот народ , кој на 11 декември ќе им стави крај на малтретирањата, навредите, убиствата и на апсењата кои ги преживеа за време на владеењето на ДУИ.
[Рецензија: Кој ги измени резултатите во последен момент во полза на ДУИ?]
Еден од важните елементи при медиумското третирање на предизборната кампања се и анкетите, односно анализата на мислењето на јавноста. Освен нарачаните анкети од страна на политичките партии или, пак, реализирани на автономен начин од страна на соодветните институции, сега и медиумите нарачуваат анкети. Сето ова предизвикува свооевиден хаос во главите на граѓаните, на кои не им е јасно која од анкетите е по веродостојна, а која не. Изгледа како квалитетот да е прегазен од квантитетот. Но, истото се случува и со толкувањето на резултатите, кое во голем дел од медиумите се прави врз основа на ориентацијата на уредничката политика кон една политичка опција.
Линк до оригиналниот напис: Кој ги измени резултатите во последен момент во полза на ДУИ
Датум и време на објавување: 03.12.2016
Датум на рецензирање: 05.12.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Текстот што го рецензираме зборува за неофицијални податоци и за озборувања, кои не се нималку релевантни при толкување на резултатите на една анкета. Анкетите се производ на некоја агенција која не е политички субјект и може да ја претстави како сака. Ако една агенција сака да манипулира со резултатите, наше е тоа да ѝ го предочиме на јавноста, но само ако имаме докази. Во спротивно, со „сигурни извори“ за евентуалните резултати на една анкета кои на никаков начин не се посочуваат, не мрдаме од место.
„Иако пред да се објават резултатите од анкетата на агенцијата „Рејтинг“, сигурни извори покажаа резултати кои покажуваа изедначување на рејтингот на ДУИ и движењето Беса, на телевизијата „24 Вести“ објавија сосема поинакви резултати, во полза на ДУИ“.
Да претпоставиме дека работите стојат како што е кажано, дека се изменети резултатите, но, тогаш и содржината не завршува со толку. Во неа дури и се „откриваат“ и причините зошто агенцијата ги изменила резултатите.
„Дилемите околу оваа анкета го зајакнале уште повеќе убедувањето дека македонското општество колку и да е поделено, за едно нешто секогаш имаат консензус, а тоа е, дека во интерес на македонскиот народ е гласовите на Албанците да ги освои ДУИ. За да ја наградат ДУИ за учеството во големите проекти кои се остварени сите овие години за Македонците, македонските институции постојано оваа партија ја прикажуваат на прво место, со двојна поголема предност, за разлика од албанските анкетни институции кои имаат поинакви резултати.
Тука требало да се цитираат другите анкети кои се спомнуваат, реализирани од други институции, на кои ДУИ излегува со поинакви резултати, за читателот да може да ја следи темата, но, се разбира, со конкретни докази за тврдењето.
Како да не беа доволни обвинувањата за измена на резултатите, во напишаните редови се даваат и коментари дека овие анкети се безвредни и дека на овие избори ДУИ ќе ја добие заслужената казна.
„Ова е еден нивен есап без меанџијата, затоа што македонските институции не можат да ја згаснат волјата на албанскиот народ , кој на 11 декември ќе им стави крај на малтретирањата, навредите, убиствата и апсењата кои ги преживеа за време на владеењето на ДУИ“.
Не сакаме и ние да коментираме како авторот на овој текст, но треба да се потсети дека колку и да не се сложуваме со нечии политики, како новинари во информативните содржини треба да сме праведни и да не дозволиме да нè водат емоциите. Ако за нешто немаме докази, најдобро е да не напишеме ништо, затоа што на ваков начин го нарушуваме нашиот имиџ и на медиумот за кој работиме.
За ова, во Етичкиот кодекс на новинарите пишува:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Ова се само два члена кои нè упатуваат при пишување на еден текст со ваква тема, ако сакаме да сме професионални новинари кои не се на ничија страна. Освен тоа, медиумите и новинарите никогаш не треба да ги заборават и законските обврски кои се однесуваат на податоците, а кои мора да се објавуваат при информирање за една анкета.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
Може да поттикне
не потикнува на насилство
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови