verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумските с’скачи се во налет, од МТВ истекува

on 21 - 09 - 2016       

press-24

[Рецензија: ВИДЕО: Што сокри МТВ – погледнете го интервјуто на Јанева пред да биде измонтирано]

Новинарите не можат да се вадат дека не ги знаат или дека не треба да ги знаат законите во државата. Во вториот случај, кога сметаат дека не треба да ги знаат, тука се експертите. Тие треба да ги прашаат нив за да им протолкуваат одредени постапки, особено ако се под прашање на законот.

Медиумската содржина што ја рецензираме, својата мотивација да биде објавена ја „оправдува“ со Законот за свиркачите, иако тој точно се нарекува Закон на заштита на укажувачи.

Свиркач (whistleblower) или, според македонското законодавство, укажувач, е израз за храбар поединец, кој од високо морални причини одлучува, со сиот ризик по сопствената кариера, јавно да проговори за незаконските или неетичките дела направени во некоја компанија или институција (Член 4). Законот им гарантира заштита на тие што ќе пријават сомнеж за незаконско или недозволено постапување со кое се загрозува јавниот интерес.

Но, дали е ова случај со „свиркачот“ на кој се повикува медиумската содржина, кој го „провалил“ суровиот, неизмонтиран телевизиски материјал од интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за МТВ?

Воопшто не, бидејки во овој случај ниту имаме незаконско или неетичко дело ниту, пак, е загрозен јавниот интерес од јавниот, медиумски настап на Јанева.

09202016-press24-katica-mtvЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Што сокри МТВ – погледнете го интервјуто на Јанева пред да биде измонтирано

Датум и време на објавување: 20.09.2016, 14:14

Датум на рецензирање: 20.09.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ТЕНДЕНЦИОЗНО И ЗЛОНАМЕРНО

Оттаму, крајно тенденциозно, злонамерно и очигледно предумислено, одредбите од овој закон се злоупотребени за да се прикрие постапка која, всушност, е неетичка и непрофесионална, односно оддавање на службени материјали.

Ова наложува раководството на МТВ да си преземе мерки и да провери како тоа некој туку-така можел да изнесе службени снимки од телевизијата и да го дозволи овој своевиден – МТВ-ликинг, односно неконтролирано истекување. Провалена е како швајцарско сирење.

Оние, пак, кои се согласиле да примат и да објават таков, „украден“ материјал и да го стават во медиумска содржина за да се исмеваат, се огрешиле од неколку членови од Кодексот на новинарите: членот 10, кој, меѓу другото, препорачува новинарот да не говори со јазикот на омразата кој во овој случај е еквивалент на исмевањето на една јавна личност; потоа членот 14 кој инсистрира на тоа дека известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано и дека новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти; и членот 16 кој, меѓу другото, истакнува дека новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.

И тука, во членот 16 од новинарскиот кодекс, доаѓаме до клучниот елемент на непрофесионализам и неетичност во оваа медиумска содржина, бидејки премногу е очигледно дека и таа е една од богатиот арсенал за отстрел на првиот човек на Специјалното обвинителство во отворената сезоната на лов против претставниците на правната држава и против политичките неистомисленици.

Во суштина, се работи за многу грд спин за да се одврати вниманието на јавноста од првите комплетирани и поднесени обвинија од страна на Специјалното јавно обвинителство, во кои има индиции дека се замешани високи функционери на власта за дела за кои може да биде досудена затворска казна до пет години.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Не е релевантно

Не е релевантно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести