verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фатени на дело и во лага

on 13 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vecer-fb

[Рецензија: Лавров: Шарената револуција во Македонија се управува однадвор!]

Една од првите лекции во сите учебници по новинарство, која опишува што е тоа што една информација ја прави вредна да биде вест, е – навременоста. Односно, информацијата да биде објавена тогаш кога таа произлегува од некој настан. Зошто, инаку, таквата информација би се нарекла вест?

Во случајот на овој текст имаме информација која никако не може да биде вест бидејќи е многу стара.  Дури 18 месеци. А објавена, како вест, е на 5 октомври, 2015 година.   Бајато, многу бајато. Освен тоа многу лажно и манипулативно.

За да биде несреќата  уште поголема, фатени се во лага која ниту самите не знаеле како да ја камуфлираат, па уште во воведот на веста напишале:

„Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој деновиве настапи пред Советот на федерацијата (во горниот дом на националниот парламент)…“

Внимавајте: „деновиве“. Деновиве пред 18 месеци?  Тоа е невистина. Многу несериозно и непрофесионално!

lavrov_-sharenata-revolucija-vo-makedo_-http___vecer-mk_makedonija_lavrovЛинк до оригиналниот напис: Лавров: Шарената револуција во Македонија се управува однадвор!

Датум и време на објавување: 12.10.2016, 17:30

Датум на рецензирање: 12.10.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БАЈАТА ВЕСТ

Бесмислено е денеска, во ера на интернет и на отворен пристап до информации, да помислите дека можете да забошотите и да подметнете бајати јајца, односно текст. Ви се молам!

Во времето на општата поврзаност преку социјалните мрежи, меѓу милионите поврзани личности, секако ќе се најде еден, во овој случај, една, нашата поранешна колешка Елеонора Каранфилова-Ретклиф, која на својот фејсбук-профил запаметила и архивирала стара вест која се поттура како нова. И во овој случај не само што архивира нашата колешка, туку архивира и Министерството за надворешни работи на Русија. И тоа не само што архивира, туку и многу прецизно ги обележува временски архивираните материјали.

Така, под наслов „Foreign Minister Sergey Lavrov’s remarks and answers to questions during Government Hour at the Federation Council of the Federal Assembly“, е забележано дека во Москва, на 20 мај во 2015 година , министерот Лавров ги искажал токму овие зборови, што сега, по шест месеци „пристигнаа“  и се пласираат како „новина“ во овој текст!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести