verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулацијата без додадена вредност останува шпекулација

on 26 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Заев во паника повторно ги повика „продавачите на магла“ (фото+ видео)]

Дури и да е точно сето ова, сепак останува шпекулација која со ништо не може да се потврди, ако го земеме само текстот за да ни послужи за тоа. Шпекулација е зашто нема ниту еден извор, ниту една посредна или непосредна логична низа од елементи што одат во прилог.

Не е лесно да се направи тоа, но не е ни оправдано да се направи медиумска содржина само врз основа на шпекулации и на претпоставки. Таквата шпекулативна информација е атрактивна и собира кликнувања, но зад завесата на атракцијата нема содржина и аргументи кои ја прават додадената вредност во професионалното новинарство.

08262016-Republika-PanikaЛинк до оригиналниот напис: Заев во паника повторно ги повика „продавачите на магла“ (фото+ видео)

Датум и време на објавување: 26.08.2016, 10:30

Датум на рецензирање: 26.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ТРЕТОСТЕПЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Тоа ја прави оваа медиумска содржина несеопфатна бидејќи не е одработена докрај. Единствениот факт понуден во оваа информација е џипот со белградска регистрација, паркиран пред седиштето на најголемата опозициска партија. Тоа не е доволно. Тоа може да биде само почетна позиција за да се тргне во сеопфатно комплетирање на сите елементи за новинарска приказна која својата теза ја најавува во насловот.

Зад овој единствен факт има само заднински, третосетепени информации собрани на интернет и врамени со предумисла во сторија која треба да го прикаже наводното ангажирање на агенција за односи со јавноста како најголем политички грев. Во политичката борба не е ништо спорно да се побара предизборна стратешка поддршка од таква агенција…

Врамувањето на сторијата ја прави политички пристрасна, а за тоа сведочат и насловот, и тонот, и коментаторските конструкции во текстот, кои имаат цел да го нагласат и контрастно да го обојат наводниот политички грев и да дискредитираат политички опоненти и лидери.

Тоа не е доволно за аргумениран и внимателно истражен новинарски продукт.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести