verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Анкети и експерти на услуга

на 15. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Рејтингот на Груевски повисок од сите опозициски политичари заедно]    Каква е целисходноста на објавување резултати од стари анкети? Уште повеќе, каква намера се открива кога во една медиумска содржина се објавуваат само коментари поврзани со тие анкети, без да се добие јасна слика за што станува збор, бидејќи нема јасни бројки и статистички податоци врз основа на кои може да се препознаат трендови и да се споредат параметри? Вакви прашања предизвикува текстот што го рецензираме. И бидејќи самиот текст не нуди одговори на овие прашања, тогаш останува контекстот или мотивацијата, на ваков начин да се коментираат нецелосни, несеопфатни и неиндикативни резултати. Мотивацијата се открива во изјавата на соговорникот од кој се побарани коментари и кој во еден дел

Државата и партијата во медиумската прегратка

на 13. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба]   Од далеку се гледа дека оваа медиумска содржина има единствено политичко-пропагандистичка цел. Даден ѝ е непропорционално висок приоритет и обем кој никако не го заслужува. Дали можеме ова категорично тврдење да го поткрепиме со факти? Да, и тоа со најелементарната проверка со тестот за тоа што е тоа што ја прави една информација медиумски вредна вест. Овој тест е прецизен како математичка формула и низ него ја „пуштаме“ медиумската содржина што ја рецензираме – за свечено пуштање на кружен сообраќаен тек. Првиот критериум на тестот е дали во информацијата има новост, новина. Секако дека одговорот е – не. Што е ново во градежниот зафат кружен тек? Се работи

Добиената битка за слободата се претвора во изгубена војна за пари

на 11. 07. 2016 | | sq
Фото: Гугл. Интервенција: СПФМ  

Кој сака да ги „протурка“ интернет-порталите на мала врата и да ги инаугурира како медиуми? Ова прашање, со сета силина и контроверзност, исплива на површина овие денови со иницијативата на Владата да донесе закон за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции

  Пишува: Зоран Бојаровски   Острите противречности што произлегуваат од иницијативата за донесување закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции,

Новинарска фантазмагорија во летната ноќ

на 11. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Со Шекспир-театар на плоштадот Македонија ќе се покрива новата офанзива против Груевски]     Во преамбулата на Кодексот на новинарите се вградени неколку принципи кои ја определуваат најшироката рамка во која треба да се извршуваат новинарските задачи и кои гарантираат висока професионалност и етичка исправност. Еден од тие принципи е следниот: „Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.“ Овој принцип го истакнуваме на почетокот на оваа рецензија, зашто тој е во директна врска со членот 5 од Кодексот кој во фокусот на вниманието на новинарите го издвојува јавниот интерес. Тој определува: „Новинарот ќе ги почитува

Загадување на медиумскиот еко-систем

на 8. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Сашка Цветковска, птицата која никогаш нема да полета!] Медиумската содржина што ја рецензираме нема ниту еден елемент од новинарските професионални стандарди на кои можеме да се задржиме и да ги оценуваме. Но, од друга страна, има серија „прекршувања“ на етичките норми на професијата кои, сепак, заслужуваат да бидат адресирани. Ова „досие“, како што претенциозно се нарекува ова „творештво“, е полно со сексистички и со родово дискриминаторски квалификации упатени до една од нашите најнаградувани новинарки за истражувачко новинарство, само поради изразеното сомневање во веродостојноста на една информација објавена на истиот медиум. Ние овде нема да пренесеме ништо од тие квалификации за да не го загадуваме нашиот простор (кој сака, има линк и нека повели да чита), но нема да изоставиме

Евтино новинарство

на 7. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: ПРОТЕСТ ЗАРАДИ ПРОТЕСТ: На барањата на „шарените“ преку ноќ се прилепи и ГТЦ]

  Во оваа медиумска содржина, меѓу другите, најголем проблем ми претставува вистинитоста. Да тргнеме од првата пласирана теза: „Во опозициските кругови се зборува дека дошло до сериозно разединување помеѓу „шарените“ и раководството на СДСМ“. Едно вакво тврдење без наведен извор, навистина ја доведува во прашање вистинитоста на информацијата. Всушност, целиот текст е направен без ниту еден извор и тоа го предизвикува следниот недостаток на овој медиумски пакет – содржајноста. Таа, содржајноста, не може да се постигне кога немате разноличност и избалансираност на изворите на информации.     Линк до оригиналниот напис: ПРОТЕСТ ЗАРАДИ ПРОТЕСТ: На барањата на „шарените“ преку ноќ се прилепи и ГТЦ Датум и

Нема да ви се верува: Путин го легализирал убиството во Русија!

на 6. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Путин донесе нов закон: Жените во Русија слободно ќе можат да ги убијат своите силувачи] Просто е неверојатно дека некој кој креира медиумски содржини на платформи од кои информациите можат да пристигнат до јавноста, односно до поширока публика, може да напише текст кој во насловот категорично тврди дека Путин донел закон според кој жените во Русија слободно можат да ги убијат своите силувачи. Како прво, не живееме во средниот мрачен век на беззаконие за да може и да се помисли дека ваков закон е можен, и, како второ, не може Путин да донесе закон! Законите, дури и во Русија, под водство на Путин, ги донесува руската Дума, односно, рускиот парламент, како и во секоја земја со парламентарно устројство. Ова

Нема да ви се верува што поминува низ коридорот на пропагандата

на 4. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Леџери: Од новата маршрута ќе има повеќе бегалци отколку од Турција] Не може да биде поинаку оценето освен како манипулација кога во новинарството некое тврдење не може да биде поткрепено со докази или аргументи, или кога, што е уште понепрофесионално, се препознава обид да се подметне нешто што не е вистина. Во овој конкретен случај со текстот што го рецензираме, никако не може да се прифати знак на еднаквост меѓу изјавите на директорот на Фронтекс, Леџери, и на претседателот Иванов, бидејки Леџери зборува за еден друг коридор (тој преку Италија), а Иванов зборуваше за закана од бегалци повторно преку Балканот. Тоа е таа манипулација што ја препознаваме и која ја користи суштината на играње со стравовите на граѓаните. Манипулацијата

Сечено, лепено и креирано за сеење омраза

на 1. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате!] Да се наредат принтскринови од социјални мрежи и да се скројат според сопствената политичка пристрасност, не е новинарство. И премногу е неодговорно. Замислете: текст кој објавува говор на омраза, а се крие зад алибито дека пренесува принтскринови од социјални мрежи. Тоа не е новинарство. Линк до оригиналниот напис: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате! Датум и време на објавување: 30.06.2016, 13:44 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ЧАРШАФ ОД ПРИНТСКРИНОВИ

Само две реченици, во два различни пасуси, го „разбиваат“ чаршафот од принтскринови од социјалните мрежи. И дури ни во

Застапничка и пристрасна позиција

на 30. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Могерини не знае да одговори на прашањата за владеењето на правото] Одговорот на прашањето дали новинарите, додека ја извршуваат професионално работата, треба да бидат инволвирани во политичка кампања или активизам е едноставен и категоричен. Не! Од една страна, новинарите се длабоко политички ангажирани, но тие секогаш мора да се препознаваат како новинари, а не како политички противници, политички партнери или политички застапници на специфични политички партии. Најлошо е кога тоа го прават како мимикрија. Кога нивната политичка инволивираност е очигледна, а тие ја прикриваат. Колку и да звучи парадоксално и противречно, тој тип на инволвираност не може да се оправда со некакви национални или патриотски интереси. Бидејки, штом новинарот ќе ја облече одората на политички пристрасен посредник, ја губи

Претплатете се за најнови вести