verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Пристрасност, отсуство на резонирање и на контакт со реалноста

на 17. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Условната препорака резултат на политичката криза конструирана од опозицијата]

  Четиво од типот „слеп при очи“. Материјал што сака да ја одведе јавноста во некоја паралелна димензија во која, очигледно, црното е бело, а белото е црно. Да се нарече овој текст спин би било претенциозно. Зборуваме за едноставно вулгаризирање на вистината. Линк до оригиналниот напис: Условната препорака резултат на политичката криза конструирана од опозицијата Датум и време на објавување: 10.11.2015, 16:36 Датум на рецензирање: 13.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЕВРОПСКИОТ „КАТИЉ-ФЕРМАН“ ЗА ВЛАСТА ГЛЕДАН НИЗ РОЗОВА ДИОПТРИЈА

Еве, да кажеме дека СДСМ лаже, целата опозиција лаже, дел од медиумите лажат и фамозната Сорос-фондација лаже, амбасадите лажат, ама изгледа дека и Европската унија, која е стратегиска цел на

Многу врева за ништо

на 11. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев и Шеќеринска поднесуваат оставка во јануари?]

  Уште едно четиво, во серијата од многу, чиј фокус е само на опозицијата и на нејзините внатрешни состојби. Класичен пример за спин-материјал, кој со сета сила се труди да го измести тежиштето на политичката ситуација во земјава, намерно ставајќи го товарот за сè што се случува на плеќите на раководството на СДСМ, демек Македонија нема власт која повеќе од девет години е во рацете на една партија. Обидот е некако, низ чудна диоптрија, да се прикаже дека во „опозицијата врие“ и дека се подготвува веќе фамозниот „свилен гајтан“ за двоецот Заев-Шекеринска по финализирањето на маратонските разговори за спроведување на Договорот од Пржино, кој како и да се гледа, сепак, повеќе

Приватна објава на „Фејсбук“ претворена во официјална партиска политика

на 8. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Еве како СДСМ ја замислува демократијата (ФОТО)]

  Ете и тоа го видовме – нечија индивидуална објава на „Фејсбук“, „станала“ официјална политика на главната опозициска партија?! Нема што, медиумската магија која некои или некој ѝ ја продава на публиката како да нема граници. Само што во овој случај, масовната илузија за „народните маси“ е класична политичка „местенка“, која нема врска со магионичарки трикови и со слични занаетски зафати. Ова се партиски матракуки и обиди за печалење на „ситно“, реализирани од веќе „вообичаените виновници“ – медиумските експоненти. Линк до оригиналниот напис: Еве како СДСМ ја замислува демократијата (ФОТО) Датум и време на објавување: 06.11.2015, 14:00 Датум на рецензирање: 07.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   КАКО ДА СЕ „ДЕМОНИЗИРА“ СÈ УШТЕ

Претпазливиот дипломат ставен во улога на „типувач“ за власта

на 7. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: И Нимиц го прогласи Груевски за победник]

  Не е нова, ниту, пак, некакво големо изненадување, појавата на вадење од контекст на изјави на домашни политичари. Одредени медиуми најчесто прават злоупотреба на настапи на опозиционерите за да им се даде поинаков тек на настаните, а сето тоа, пак, е во корист на владејачката постава. Но, во овој случај, имаме извртување на изјава на еден од највнимателните дипломати – посредникот за името Метју Нимиц. Неговото интервју за грчки весник, дел од овдешните медиуми го претворија во „прогноза“ на посредникот дека на најавените априлски избори актуелната власт ќе извојува победа. Невиден спин!  Линк до оригиналниот напис: И Нимиц го прогласи Груевски за победник Датум и време на објавување: 03.11.2015 15:05

Навредлив, дискриминаторски текст за невистинита случка

на 4. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди]

  Ем дезинформација, ем злоупотреба… Настан што воопшто и не се случил е искористен за јавно искажување „ниски политички страсти“ и за задоволување од, за среќа, невистинита случка на еден скопски пазар. Имаме нечиј изблик од задоволство преточен во наводен информативен текст зашто некој бил неуслужен оти е „предавник и соросоид“. Со еден збор, страшно четиво! Линк до оригиналниот напис: Продавачи на Буњаковец не продаваат на соросоиди Датум и време на објавување: 01.11.2015, 16:31 Датум на рецензирање: 02.11.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

Т.Н. СОРОСОИДИ КАКО БАБА РОГИ ЗА ЈАВНОСТА

Вистинитост нема. Станува збор за настан што воопшто не се случил. Имено, не е точна информацијата дека на една позната ТВ-новинарка и

Обид за неутрализација на „амбасадорскиот ферман“ до власта

на 2. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Амбасадорите ги повикаа политичките партии да го почитуваат договорот]

  Дека селективноста е убиец на вистинското информирање, зборува и овој текст. Хируршки прецизно извлечени се деловите од амбасадорската изјава кои некому не му одговарале и оставени се само дел од елементите, со акцентирање на опозицијата, со што, пак, се изместува главното тежиште на амбасадорската порака. Линк до оригиналниот напис: Амбасадорите ги повикаа политичките партии да го почитуваат договорот Датум и време на објавување: 27.10.2015 17:05 Датум на рецензирање: 29.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   Искрено, бев изненаден, и тоа пријатно, што некои медиуми, вклучувајќи го и конкретниот, воопшто и објавија дека „амбасадорската шесторка“ имала заедничка изјава. Секако, ќе беше премногу ако најважните поенти беа во целост пренесени. Тоа се

Рецензија: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот

на 1. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот]

  Ова е опасно четиво, немајте каква било дилема. Содржи јасна и директна закана од власта кон опозицијата испорачана преку медиумска маша дека „народот ја чека“. Самата употреба на ваква формулација навестува дури и можно насилство, иако овој термин експлицитно не е споменат. Имаме некаква си најава за можно продолжување на политичката борба со други, поинакви средства. Линк до оригиналниот напис: Огромна паника на Бихаќка – СДСМ го чека народот  Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11 Датум на рецензирање: 27.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПАРТИСКИ ТЕЛАЛИ НАМЕСТО ГЛАСНИЦИ НА ЈАВНОСТА

Ова е пример како медиумски текст станува носач на партиска порака со политичка закана. Во написот нема ништо

Своеволни тврдења и перцепција, но не и вистински показатели

на 30. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Насер Селмани се зачлени во СДСМ]

  Пресметка со новинар, се подразбира за некого неподобен, преку партиско-медиумска „експозитура“. Станува збор за исклучително гневно четиво чиј фокус е насочен не само кон првиот човек на ЗНМ, туку и кон самото здружение зашто конкретната личност излезе со став за еден од настапите на премиерот. Мотивацијата на текстот е јасна, а и не се крие – политичка е со цел да се оцрни претседателот на ЗНМ, а преку него и најголемата и најстара новинарска асоцијација. А, како некого најлесно да „сатанизираш“ во земјава ако не со тоа да го означиш дека е „СДСМ“-овец. Линк до оригиналниот напис: Насер Селмани се зачлени во СДСМ Датум и време на објавување: 28.10.2105, 16:27 Датум

Таксиметарот на лични напади врз Ванхоуте врти без задршка

на 28. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден!]

  „Ако не можеш по магарето, удри по самарот“ е народна изрека која одлично го сумира написот што го имаме в рака. Во период кога политичката криза се продлабочува, кога позициите на партиите се крајно спротивставени без најава за решение, на публиката ѝ се „овозможува задоволството да ужива“ во текст кој упорно се обидува вината за, засега, континуираните неуспеси во разговорите да ја најде токму во човекот кој, ако ништо друго, успеа сите да ги изненади со својата упорност и истрајност за процесот да опстои. Значи, виновник за непостигнувањето договор не е партија(та), туку човекот кој ги информираше медиумите дека токму таа партија ги блокира разговорите. Пример

Изјава дадена во 4 часот наутро, веќе прокоментирана со соговорници во 8 часот

на 22. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Договор нема, на Заев памет не му иде]

  Некој го пронашол „виновникот“, ама прашањето е врз основа на што? Линк до оригиналниот напис: Договор нема, на Заев памет не му иде Датум и време на објавување: 20.10.2015, 08:26 Датум на рецензирање: 21.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

РЕДОВНИОТ КАБАЕТЛИЈА НЕКА КРЕНЕ РАКА!

Би бил изненаден, и тоа пријатно, ако одредени медиуми, исто како и оној чиј текст е предмет на рецензија, еднаш успеат барем дел од одговорноста за политичката какофонија да ја пронајдат на друго место, а не само кај опозицијата и кај нејзиниот лидер. Безмалку за сè во државава, почнувајќи од ланскиот снег, сообраќајниот метеж во главниот град, средношколските собири, студентските протести, нервозните домаќинки во пресрет на зимница-периодот,

Претплатете се за најнови вести