verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Претпазливиот дипломат ставен во улога на „типувач“ за власта

on 7 - 11 - 2015       

111-098765-09807060598-crop-resize

 

[Рецензија: И Нимиц го прогласи Груевски за победник]

 

Не е нова, ниту, пак, некакво големо изненадување, појавата на вадење од контекст на изјави на домашни политичари. Одредени медиуми најчесто прават злоупотреба на настапи на опозиционерите за да им се даде поинаков тек на настаните, а сето тоа, пак, е во корист на владејачката постава. Но, во овој случај, имаме извртување на изјава на еден од највнимателните дипломати – посредникот за името Метју Нимиц. Неговото интервју за грчки весник, дел од овдешните медиуми го претворија во „прогноза“ на посредникот дека на најавените априлски избори актуелната власт ќе извојува победа. Невиден спин! 

111Линк до оригиналниот напис: И Нимиц го прогласи Груевски за победник

Датум и време на објавување: 03.11.2015 15:05

Датум на рецензирање: 05.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

Имаме пример за тоа како не треба да се практикува новинарство. Некој видел нешто што не постои – прогноза на Метју Нимиц дека Никола Груевски пак ќе ја освои власта на претстојните избори. Можеби така ќе биде, но тоа експлицитно не го вели посредникот за името, како што овде се тврди:

„Нимиц планира следниве 15 месеци да остварува средби и да води преговори со Груевски кој е на чело на македонската Влада. Тој знае дека во април 2016-та во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Фактот што тој вели дека за името со Груевски ќе преговара и многу долго по изборите, значи дека Нимиц смета дека актуелниот македонски премиер ќе добие уште еден мандат. Посредникот на ОН, прогласи победа на Груевски на следните избори.“

Ова едноставно не е точно. Нимиц во интервјуто за „Катимерини“ вели:

„Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун многу добро го знае прашањето за името и ме тера да помогнам во неговото разрешување во наредните 15 месеци кои му преостануваат од неговиот мандат како Генерален секретар.

…Зборував со двете страни во овој период и неодамна ми сугерираа да го посетам регионот и непосредно да разговараме за прашањата и се надевам дека во некој период наскоро посета ќе биде организирана.“

Навистина не знам од каде е извлечено тврдењето дека „Фактот што тој вели дека за името со Груевски ќе преговара и многу долго по изборите, значи дека Нимиц смета дека актуелниот македонски премиер ќе добие уште еден мандат. Посредникот на ОН, прогласи победа на Груевски на следните избори„.

 

НЕНОВИНАРСТВО

Ова е извлекување од контекст и ставање туѓи зборови во нечија уста. Исклучително валкан потег и намерно ситуирање на угледен и претпазлив дипломат во позиција дека, со спортски жаргон кажано, „игра“ во натпреварот власт-опозиција.

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни – Кодекс на новинари на Македонија.

Нимиц навистина го опишува Груевски како „многу сериозен и фокусиран на тоа што го работи, интелегентен соговорник, со силни лични карактеристики, ефикасен и искусен лидер кој го познава прашањето“, ама притоа не дава, а тоа и не личи на него, долгорочни внатрешнополитички процени. Впрочем, дел од медимумите кои имаат дописници во Грција го пренесоа интервјуто на посредникот коректно и без искривување како што е конкретниот случај. Истовремено, со спинувањето изместено е и тежиштето на дел од пораките што Нимиц ги праќа – наместо да се пренесе делот каде тој во детали го разработува својот план за надминување на спорот за името, некој решил тоа да го отрфли како неважно и да се фокусира само на делот каде се споменува македонскиот премиер, притоа „накалемувајќи“ свои интерпретации од типот „што сакал авторот да каже“. Јасно е дека поради тоа трпи содржајноста. На читателите полесно и попаметно им било да го прочитаат оригиналниот текст, отколку да трошат време на ова квази-информирање.

Имаме невистина, некоректност, необјективност, непрофесионалност или, просто кажано, неновинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

пренесени се како да се еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

преземен текст со „дополнителни“ елементи

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести