verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Поранешната новинарка Весна Ковачевска Трпчевска ја изгуби тужбата од „Канал 5“

на 4. 11. 2013 | |
Еден од основните темели на секоја демократската држава е поделбата на власта на законодавна, судска и извршна. За земјата нормално да функционира клучен елемент кој треба да биде исполнет е сите овие три власти да бидат независни една од друга и да функционираат паралелно, а не „сплотено“ и една на друга да си навлегуваат во ингеренциите. Значи, ако оваа поставеност ја земеме за појдовна точка, секако имајќи ги предвид пораките кои постојано се праќаат до Македонија за неопходноста од „протерување“ на политиката од судството, тогаш се поставува прашањето зошто во еден новинарски производ се меша правото и политиката? Одговорот кој произлегува од самиот текст е дека тоа секако не е случајно, туку е намерно направено. Линк до оригиналниот напис: Поранешната

Рецензија: Анкетите докажуваат – проѕирните лаги не го враќаат рејтингот на СДСМ

на 31. 10. 2013 | |
Зошто, кога станува збор за организација која самата го вложува својот анкетарски кредибилитет во мерењето на политичката (не)доверба во земјава, да се трошат новинарски редови и печатарско мастило за „дополнување на сликата“ дека опозицијата не чини, дека не знае што прави и дека, како што се тврди, проѕирните лаги не го враќаат рејтингот на СДСМ? Зошто на публиката да не и се остави самата да ги „свари“ бројките од понуденото истражување? Зошто треба да се нудат остри констатации за безредие во опозициските редови, за сметка на „величањето“ на владејачката партија, кога бездруго податоците од анкетата покажуваат надмоќ на ВМРО – ДПМНЕ над СДСМ? Затоа што, судејќи според напишаното, текстот не треба да ја доинформира јавноста за односот меѓу двете главни

Рецензија: Селективна солидарност: Опозициските советници блокираат поради Центар, а таму закажуваат седница

на 24. 10. 2013 | |
Уште еден текст во низата „Државата vs. Општина Центар“ во кој повторно улогата на тупаница за разрешување на дисфункционалната, растурена, истошувачка, а на моменти и насилна врска централна – локална власт во Општина Центар ја презема медиум. Илузорно е во овој текст, кој очигледно е шаблониран, да се бара втората страна на приказната, која не само што ја нема, туку е јасно и дека воопшто не била „планирана“ во процесот на подготовка. Значи, целта не била да се информира, туку само исклучиво да се куди, што само по себе веќе добива форма не на новинарски, туку на партиски текст.  Линк до оригиналниот напис: Селективна солидарност: Опозициските советници блокираат поради Центар, а таму закажуваат седница Датум и време на објавување:  22.10.2013

Рецензија: Жерновски не сака барок – ЕЛЕМ, ЕВН и ГТЦ сакаат нова фасада

на 21. 10. 2013 | |
Овој текст се обидува да информира за одлуката на Советот на општина Центар за неизгласување на ДУП-овите со што се спречува промената на изгледот на ГТЦ и зградата на ЕВН, како и што таквиот чекор, според мнозинството во општината, би требало да значи за архитектурата на постземјотресно Скопје. Но, тој излегува надвор од главната цел – да информира – и добива лик на производ кој ја турка позицијата на другата страна: по секоја цена и овие два објекта да добијат нов, барок имиџ. Во текстот се забележуваат низа извори на кои наводно им пречела таквата одлука на општинскиот совет без тие јасно и доволно да се прецизираат. Истовремено, се наведуваат причини, како аргументи, иако дел необјективни, зошто треба да се

Претплатете се за најнови вести