verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски не сака барок – ЕЛЕМ, ЕВН и ГТЦ сакаат нова фасада

on 21 - 10 - 2013       

Zernovski ne saka barok crop resize

Овој текст се обидува да информира за одлуката на Советот на општина Центар за неизгласување на ДУП-овите со што се спречува промената на изгледот на ГТЦ и зградата на ЕВН, како и што таквиот чекор, според мнозинството во општината, би требало да значи за архитектурата на постземјотресно Скопје. Но, тој излегува надвор од главната цел – да информира – и добива лик на производ кој ја турка позицијата на другата страна: по секоја цена и овие два објекта да добијат нов, барок имиџ.

Во текстот се забележуваат низа извори на кои наводно им пречела таквата одлука на општинскиот совет без тие јасно и доволно да се прецизираат. Истовремено, се наведуваат причини, како аргументи, иако дел необјективни, зошто треба да се промени  фасадата на објектите. Со тоа под знак прашалник се става причината за пишувањето на овој текст – дали треба да одговори на потребите на јавноста, или пак на одредени политички елити.   

Линк до оригиналниот напис: Жерновски не сака барок – ЕЛЕМ, ЕВН и ГТЦ сакаат нова фасада

Датум и време на објавување: 18.10.2013

Датум на рецензирање: 19.10.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Текстот има проблеми со вистинитоста – му требаат ли на Скопје уште две нови барок-фасади или не? Недостасува аргументација за која било од двете опции. Дополнително, проблематичен е и делот каде се повикува на ставот на дуќанџиите на ГТЦ во кој се прави обид за директна корелација меѓу, како што се наведува, потребата од барок-фасада со нови тоалети, што едно со друго нема никаква врска. Цитатот „Стилот само е одбран за да се вклопи во целиот изглед на плоштадот“, исто така, не е докрај вистинит, бидејќи на плоштадот сѐ уште има и други објекти кои не се во новото барок-руво.

Извори на информации: Во првиот дел прецизно се наведуваат изјави на надлежни во општина Центар кои образложуваат за значењето на стариот изглед на објектите на ГТЦ и ЕВН, но во вториот дел, каде се зборува за незадоволството од стопирањето на промената на фасадите, се користат општи формулации од типот на дуќанџии на ГТЦ.

Содржајност: Во однос на содржајноста може да да се дадат неколку забелешки. Првата е дека до крај не е исцрпена целата проблематика поврзана со намерата за промена на изгледот на овие два објекта – белези на Скопје. Никаде не се споменува големиот јавен револт поради одлуката, без да се консултираат граѓаните, да се преземе трансформирање на ГТЦ и ЕВН. Значи, недостасува граѓанската компонента која секако не треба да се поврзува со чекорите на актуелната општинска власт. Втората забелешка е дека не се наведува цената која би се платила од народни пари за преобликување на зградата на ГТЦ, што во овие економски услови секако е важна информација за публиката.

Пристрасност: Да, во текстот постои пристрасност која оди на страната дека треба ГТЦ и ЕВН што е можно побрзо да добијат нов изглед.

Оригиналност/Плагијат: Текстот може да се смета за оригинален, иако делот со изјавите на надлежните од општината е преземен од агенција, без да се наведе која.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички и тендециозен, бидејќи за одлуката за барок-фасадите се произнесуваа општинските советници.

Фотографија: Фотографијата е соодветно информативна на текстот, ги покажува двете згради за кои се пишува.

Заклучок: Овој текст е уште еден пример за политичко „одмерување“ на силите преку медиумите. Очигледна е тенденцијата преку неименуван автор медиумски да се наштети на одлука донесена од легитимни локални органи, чие работење секако треба да биде под мониторинг на јавноста, но не ваков. Недостасуваат основни професионални мотиви и принципи за пишување на овој текст, кој само во минимални количини ја задоволува основната цел да информира. Тоа е уште еден во низата текстови во кои се манифестира политичкиот мускул во информативниот сегмент.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

делумно

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести