verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Интервјуто на Груевски за Си-Ен-Ен го растревожи јужниот сосед – реагираше грчкото МНР

на 16. 01. 2014 | | sq
Овде станува збор за преземен текст, чија суштина е сериозно променета во однос на оригиналот, а за сметка на тоа се има додадено значителна, пред сѐ, политички обоена, конотација. На неколку места се забележува извртување на фактите, обиди за злоупотреба на искористените изјави, а сето тоа „изспинувано“ преку употребениот наслов, а особено поднасловот. Она што еден светски реномиран медиум го „спакувал“ во извештај кој треба да претставува заокружување на серијата информации за Македонија, во која влегува и интервјуто на премиерот за истиот телевизиски сервис, е „преаранжирано“ во производ кој недвосмислено покажува дека има дополнителна, но поприоритена политичка цел, во однос на примарната – да информира. Линк до оригиналниот напис: Интервјуто на Груевски за Си-Ен-Ен го растревожи јужниот сосед – реагираше

Рецензија: ФОТО: Метеор падна во центарот на Загреб

на 15. 01. 2014 | | sq
Манипулација, смешен обид за пласирање сензационална, но непостоечка информација, а сето тоа „зачинето“ со фотографија која треба да нѐ „убеди“ дека метеор, и тоа не мало „камче“, го погодило Загреб. Во најмала рака ова некакво си дело би го нарекле навреда на интелегенцијата на публиката за што говорат и бројните коментари на читателите објавени веднаш под оваа т.н. фото-вест. Ако се погледне оргиналното пакување, веднаш станува јасно дека е несериозен материјал, кој очигледно некои во земјава, без малку да размислат, го претставија како сериозна информација. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Метеор падна во центарот на Загреб Датум и време на објавување: 13.01.2014, 16:16 Датум на рецензирање:  14.01.2014   Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: Јасно е дека ја нема. Не треба многу ум

Рецензија: Едно лице повредено во сообраќајка кај Карпош

на 13. 01. 2014 | |
„Новинарската фотографија е посебна област во журналистиката. Таа не тежи само кон пренесување на актуелната информација, туку, пред сѐ, да покаже целосна слика на стварноста, при што нејзиното значење се однесува на реалните елементи“ – вели Збигњев Вошчински, теоретичар на медиуми. Токму во овој сегмент оваа вест не  успева да го постигне основното ниво на професионалност, бидејќи наместо приказ од местото на настанот, ни нуди фотографија не само од друга локација, туку од сосема друга ситуација која за жал е една од најголемите сообраќајни трагедии во последните децении во земјава. Со тоа не само што се дезинформира публиката, туку можеби и се игра со чувствата на оние кои многу загубиле во страотната сообраќајка пред три месеци. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Заев и Шеќеринска на рапорт во Брисел

на 10. 01. 2014 | | sq
„Нов текст, позната содржина“ – така накусо би можел да се нарече овој обид од новинарски производ, кој слично како неговите претходници, а како што тргнало и неговите следбеници, нема за главна цел да информира, туку да ја претставува „машата“ на политички орган за пресметка со опозицијата. Написот не им „робува“ на професионалните стандарди, туку, очигледно, на партиските цели на тој или тие кои го нарачале. Врската меѓу мотивот за пишувањето и објавувањето на текстот и „центарот“ е јасна и е невозможно, а да не се види, бидејќи пласираните тези сами ја покажуваат. Имаме анонимни извори, несоодветно поткрепени заклучоци и секако формулации кои како да сакаат да ни кажат дека опозицијата, а не власта ја води земјата. Линк до оригиналниот

Рецензија: Македонците, сепак, најмногу ја сакаат живејачката во Македонија!

на 8. 01. 2014 | |
Резултатите од истражувањата на јавното мислење, особено кога станува збор за политички резултати, во земјава речиси секогаш имаат најмалку две толкувања: едното би кажале дека го застапува гледањето на тоа дека „чашата е полупразна“, а другото дека е поборник на тоа дека „чашата е до половина полна“. Во суштина, станува збор за играње со добиените податоци и „терање на водата на сопствената воденица“. Но, ако ваквиот тип на „анализи“ е донекаде разбирлив за политичките потреби на власта и на опозицијата за да докажат колку, според едните се намалила, а според другите се зголемила меѓусебната разлика, тогаш слично „прочепкување“ и интерпретирање на бројките, кои, сепак, се зададена вредност, не треба да има свое место во еден новинарски текст. Во конкретниот пример

Рецензија: ФОТО: Премиерот Груевски денес со стандардното интензивно работно темпо

на 4. 01. 2014 | |
Пригодно, новогодишно „текстче“, објавено во предвечерието на пречекот на 2014-та година. Пример, кој слободно, без каква било заддршка, може да се смести во учебниците, за тоа како изгледа медиумско апологетство кон една власт во државата. Невидено „новинарско подлизуркување“ со кое се величи т.н. работливост на владата и секако, нејзиниот шеф. Овој напис, составен од само неколку реченици, успева да ги прекрши безмалку сите основни професионални стандарди и етички вредности кои треба да ги претставува еден вистински новинарски производ. Лакејство од гигантски пропорции!!! Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Премиерот Груевски денес со стандардното интензивно работно темпо Датум и време на објавување: 31.12.2013,  14:28 Датум на рецензирање:  02.01.2014 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: Ние помисливме дека времињата на глорифицирање на државното раководство и

Рецензија: ФОТО: Со возило од 80.000 евра Заев ја промовира среднта класа?

на 4. 01. 2014 | |
Ако според една од многу дефиниции „Веста е таков облик на новинарско изразување со кој во најкуси црти се одговара на прашањата кој, каде, кога, што, како и зошто и така јавноста се известува за еден или повеќе факти“, а коментарот е „Очекување на публиката за проширена информација добиена од истражување, но и став на авторот“ прашањето кое се поставува е зошто во последниот период толку многу се инсистира на мешање на овие два жанра во одредени домашни медиуми? Дали поради незнаење, или намерно со некаква цел? Кога ќе се земе во предвид дека во поголемиот број случаи во ваквите „новинарски микс-материјали“ се обработува опозицијата тогаш како одговор се наметнува втората варијанта. И покрај упорното повторување дека според Кодексот

Рецензија: Изгласан буџетот за 2014-та во Центар

на 3. 01. 2014 | |
Овде станува збор за кус материјал кој првично требалo да пласира основна информација за тоа дека „без многу врева“ меѓу власта и опозицијата, Советот на општина Центар го изгласал буџетот за наредната година. Но, во таа вест се протнале неколку „класични примери“ за политичко навивање во нешто што во основа требало да биде информативен производ, поради што конечниот изглед на понудентото повеќе наликува на политички, отколку на медиумски материјал наменет за широката публика. Линк до оригиналниот напис: Изгласан буџетот за 2014-та во Центар Датум и време на објавување:  26.12.2013 Датум на рецензирање:  29.12.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Генерално, овој извештај објавен на интернет телевизија, нема проблем со вистинитоста, бидејќи навистина бил усвоен општинскиот буџет на таа седница на Советот. Проблематично

РЕЦЕНЗИЈА: ВИДЕО: Граѓанска војна во Украина – заземен парламентот, ранети 100 полицајци!

на 25. 12. 2013 | |
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија – вели Кодексот на новинарите. Токму тоа не е испочитувано во овој текст, кој претставува голема дезинформација на публиката, која веднаш поитала да провери за т.н. „Почеток на граѓанската војна во Украина“. Недозволиво е да се информира дека на 23.12.2013 во Киев „350.000 демонстранти тргнале со багери, коктели, железни палки на кордонот полицајци“, а тоа воопшто не е така. Истиот ден кога е објавена оваа бомбастична вест, ниту еден светски сервис, регионална мрежа, или, пак, домашен медиум не пренесоа вести за „борбени“ настани во Киев. Зошто? Затоа што

Рецензија: Фатени на дело: Жерновски ги користи вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели!

на 24. 12. 2013 | |
Силни констатации со многу слаби аргументи, тоа се главните карактеристики на овој текст, кој бомбастично најавува дека го „фатил“ видниот опозициски градоначалник со „рацете во медот“. Наводната потврда за тоа дека вработени во оштинско претпријатие се партиски злоупотребени како да е загубена во магливата фотографија која се нуди како крунски доказ за лошото дејание на првиот човек на Центар. Дополнително, написот изобилува се тези, на моменти со силни дисквалификации, кои не само што не се поткрепени, туку се засилени и со формулации кои доликуваат на партиско соопштение, а не на нешто што „претендира“ да биде новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Фатени на дело: Жерновски ги користи вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели! Датум и време

Претплатете се за најнови вести