verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Шеќеринска заминува, а СДСМ се враќа на власт – наесен 2016 година!

на 27. 02. 2014 | |
По читањето на текстот се прашав каде е „кристалната топка“, која, очигледно, е изворот на наведените информации. Значи, на едно место толку насобрани предвидувачки, па ако сакате и шамански моменти одамна немало. Навистина, станува збор за „ептен“ далекусежен материјал кој „гледа“ што ќе се случи не неколку месеци, туку неколку години однапред. Можеби се позајмени аналитичари на геостратешки организации, што владини, што невладини, кои врз основа на РЕАЛНИ согледувања се ОБИДУВААТ да изготват карта на можни идни движења на настани во одредени региони? Не верувам, иако топло би се израдувал некој македонски медиум да има таква можност да соработува со тој вид институции. Нејсе, ваквиот тип написи, односно анализи, како што кажува нивното име, треба пред се да се одликуваат

Рецензија: Со таблети во авионот од 1 март

на 25. 02. 2014 | | sq
Едната е германска, а другата е јапонска фирма. Едната е формирана во 1953-та, а другата во 1951-та година. Едната е најголема европска, а другата е една од поголемите азиски авиокомпании. Едната има повеќе од 600, а другата над 200 летала. Едната се одликува со жолтата и сината боја, а другата со црвена и бела. Едната за лого има син жерав, а другата црвен. Ова се само дел од главните разлики меѓу „Луфтханза“ и „Јапан Ерлајнс“, кои не биле доволни за некој да не направи фотогрешка во оваа вест. Линк до оригиналниот напис: Со таблети во авионот од 1 март Датум и време на објавување:  19.02.2014   Датум на рецензирање:  24.02.2014 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Кусата вест нема спорна вистинитост, но, затоа

Рецензија: И Каролина Ристова-Астеруд во друштво на Црвенковски и Пендаровски

на 25. 02. 2014 | | sq
Коректноста на овој текст е ставена под знак прашалник од две страни директно засегнати во содржината која се пласира. Имајќи го тоа на ум се наметнува дилема и за целокупниот интегритет на понудениот материјал кој во одредени делови, врз основа на новинарската методологија, не успева до крај и прецизно да ги „додржи“ конструкциите кои ѝ се сервираат на публиката. Тука, пред сѐ, мислам на отсуството на кредибилни и јасно наведени извори, кои, секако, во голем степен би помогнале да се уверат читателите дека во раце држат производ кому може да му се верува. Ова четиво, во најмала рака, има „проблематична“ природа која понатаму ќе ја анализираме. Линк до оригиналниот напис: И Каролина Ристова-Астеруд во друштво на Црвенковски и Пендаровски Датум

Рецензија: СДСМ со истото сценарио – повторно се обидува да го блокира Собранието

на 24. 02. 2014 | | sq
Би било претенциозно текстчево да се нарече партиски памфлет, бидејќи доколку и постоела таква амбиција таа е толку лошо изреализирана што конечниот производ е едно блуткаво четиво – има некаква мирудија во него, ама апсолутно не може да се утврди која. Некој, преку неполни 15 редови, сакал многу набрзина да „продаде“ информација за, како што се вели, обидите на опозицијата да го блокира Собранието. Очигледна е тенденцијата да се изврти целата приказна и само да се пласира епилогот, а не сето она што му претходело на крајот. Притоа, прекршени се низа професионални стандарди, како и Кодексот на новинарите на Македонија, почнувајќи од преамбулата дека „Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана…“

Рецензија: Косово ќе ги забрани звучниците на верските објекти

на 19. 02. 2014 | | sq
Султан Ахмед џамија попозната како Сината џамија е изградена во периодот 1609–1616 година. Според податоците, нејзината градба ја иницирал султанот Ахмед по неуспешниот воен поход како негов знак за да го задоволи Бога. Џамијата е препознатлива по нејзините 6 минариња и сините плочки во внатрешноста по која и го добила „второто“ име. Се смета за еден од најрепрезентативните објекти на отоманската архитектура. Величенствена градба навистина и среќен сум што сум го имал задоволството да ја посетам. За оние кои не ја виделе треба да знаат дека треба да се „потегнат“ дури до Турција, а не до ближното Косово. Ќе прашате каква врска, кога зборуваме за Сината џамија, имаат Истанбул и нашиот северен сосед? Одговорот е никаква, ама во овој текст

Рецензија: Спрема ли опозицијата таен сојуз за дестабилизација на Македонија со радикалните исламисти?!

на 18. 02. 2014 | |
Од каде попрво да се почне? Дали од тоа дека целата понудена „конспирација“ ама баш со ништо не е поткрепена, дали од целосното отсуство на релевантни извори, дали од апсолутно неприфатливиот наслов, дали од содржината која има „шмек“ на политичко-полициска конструкција, дали од покажаното непознавање на македонскиот јазик поради серијата граматички и правописни грешки кои се надминуваат уште на почетоците на основното образование?! Навистина е тешко да се најде барем некаква позитивна точка во овој текст, кој на публиката ѝ е понуден како „легитимна вест“, иако во основа не ги задоволува минималните критериуми за да се нарече информација, бидејќи во себе повеќе содржи елементи на коментар. Линк до оригиналниот напис: СПРЕМА ЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ТАЕН СОЈУЗ ЗА ДЕСТАБЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СО

Рецензија: Синот на Фрчкоски избран за претседател на младите на СДСМ

на 17. 02. 2014 | |
Што сѐ нема во овој текст. Де деца на екс-политичари, де проопизициски портали, де сестри, де кумови, де партија, де лидерот на таа партија, де кандидати за претседател на државата… Сите „мирудии“ за македонска медиумска „манџа“ се на број, само што запршката, ако таа може да се смета за финалниот дел од македонската „традиционална“ кујна, е толку лошо направена, што наместо „хранлив“ оброк публиката добива новинарска каша-попара. А, зошто е тоа така? Затоа што производот од самиот почеток е замислен и спроведен со системска грешка. Наместо да се пушти обично „вестче“ дека социјалдемократскиот подмладок во Скопје има нов предводник, како тоа да е некоја „breaking news“, се создава една цела „драма“ и барање конспиратори во опозициските и новинарските редови. А

Рецензија: Бебе се бори за живот, затруено од престој во градинка во Штип

на 13. 02. 2014 | |
Проблематичноста на овој текст има една, но навистина голема димензија. Станува збор за туркање, по секоја цена, на информација која, всушност, во самиот напис е демантирана од надлежните. Овде немаме пример на дознавање на сензитивна политичка информација која, поради нејзината природа, би било многу тешко „100%“ да се провери, туку за вест која „нема каде да бега“. Значи имаме или немаме отруено дете кое, како што се вели, се бори за својот живот? Во овој текст упорно, и без солидни новинарски огради, се тврди првото, иако кредибилен извор јавно кажува дека тоа не е така. И само по неколку часа се докажува токму спротивното од напишаното во текстот – дека нема затруено бебе и дека неговиот живот не е загрзоен,

Рецензија: Бизнисменот новинар Героски ги оправдува парите на Милчин

на 11. 02. 2014 | |
Мисија „Новинарски отстрел“ – тоа е „филмот“, очигледно со низа однапред испланирани продолженија, кој се нуди на овој медиумски репертоар. Сцената е поставена, имаме двајца актери, камерите „снимаат“ и АКЦИЈА. Потоа сиот материјал убаво е измонтиран, а за јавна промоција, „несебично“ се ангажираат познатите медиуми. Содржината на овој „филм“ е позната, тематика вообичаена – „кодошко-предавничко-НВО-новинарска“ спрега. Првото прашање е дали на публиката веќе не ѝ се здодевни ваквите „независни“ продукции, а второто, според мене, многу поважното е каде се отидени стандардите и во новинарството и во сеприсутното „филмаџиство“. Читајќи го ова, одговорот како сам да се наметнува – „По ѓаволите“. Линк до оригиналниот напис: Бизнисменот новинар Героски ги оправдува парите на Милчин Датум и време на објавување:  09.02.2014, 16:30 Датум

Рецензија: Успешни тестови на најсовремениот британски воен авион „таранис“

на 7. 02. 2014 | |
Навистина, по овој текст може слободно да се заклучи дека дел од македонските медиуми, ако ништо друго, тогаш барем не престануваат да изненадуваат, но за жал, со објавување ноторни глупости. Можеби сум (пре)остар, но како поинаку да се нарече информацијата пласирана до публиката дека Британците измислиле воен авион кој, според наводите, успешно ги минал првите тестови, а главни одлики му се невидливоста и замислете, брзината на светлината. Да, да, токму така, леталото се движи со брзината на светлината?! Чекајте, па како оваа вест за најважниот дострел во историјата на човештвото, бидејќи измислувањето на тркалото е „мало дете“ во споредба со ова, туку така мина незабележано. Тоа би значело дека човекот ги откри тајните на постоењето на универзумот. Ма каков „Хадронски

Претплатете се за најнови вести