verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Со евтини автомобили до намалување на загадувањето!

на 23. 12. 2013 | |
Докрај не е јасна причината за постоењето на овој текст. Пласиран е како да станува збор за дневна вест, меѓутоа факт е дека не содржи конкретна информација нова за публиката. Од друга страна, пак, не станува збор ниту за анализа, бидејќи не добиваме „разложување“ на темата која се обработува – нема бројки, нема соодветна фактографија, недостасуваат прецизни извори и соговорници, се забележува отсуство на „background“. Она што го има е едно, би се рекло, општо тврдење, добро познато, дека поновите автомобили помалку трошат и помалку загадуваат од старите. Добро, но дали тоа „општо спознание“ е доволно за да се оправда објавувањето на текстот? Одговорот е не, тоа не е доволно. Линк до оригиналниот напис: Со евтини автомобили до намалување на

Рецензија: Граѓаните, а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интерес

на 20. 12. 2013 | | sq
Некој како да сакал да прати политичка порака до коалицискиот партнер и тоа е направено преку овој текст. Неразбирливо е како ваков „политички сигнал“ е преточен во т.н. новинарски производ и дури е пласиран како дневна информација, а всушност, во основа, станува збор за коментар. Со тоа се прекршени низа професионални стандарди. Овде не станува збор за дознавање екслкузивна информација од таборот на „поголемата партија во власта“, туку за класично злоупотребување на медиумот како своевидна говорница за карање на ДУИ и нејзиниот портпарол, а сето тоа е ефектуирано под паролата – „интересите на народот“. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните, а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интерес Датум и време на објавување: 17.12.2013, 18:40 Датум на рецензирање: 

Рецензија: „БИ-БИ-СИ“ признава: Ја бомбардиравме Србија со осиромашен ураниум – од рак ќе умрат уште 10.000 луѓе

на 19. 12. 2013 | |
Многу работи во овој текст некако не „штимаат“ – од актуелноста која не е до крај јасна, бидејќи неразбирливо се испреплетуваат сегашноста и минатото, до изворите кои се користат бидејќи и во тој сегмент има серизони непрецизности, па се до насловот кој е до таа мерка невистинит што дури е и смешен. Дека човек учи додека е жив, потврдува насловот, според кој сериозна медиумска куќа, јавен сервис, признава дека ја бомбардирала Србија со осиромашен ураниум. Работава е: да умрев немаше да знам дека светски познатиот BBC има ракети, бомби, војска. Значи BBC напаѓала во 1999-тата, а не Велика Британија?! Барем така произлегува ако се чита насловот. Добро е да има нешто што ќе ја продаде веста, што ќе го скокотне

Рецензија: Тепачка во скопски Чаир

на 17. 12. 2013 | | sq
Брзината во пласирањето на информациите секако е исклучително важна, но дали за сметка на „трката по ексклузивност“ треба да се заборави на другите елементи во информирањето: точност, вистинитост, доследност и, секако, на крајот автентичност? Одговорот е не. Можеби некому му наликува на мала грешка или пропуст, но како и да е станува збор за  прекршок кој го забележа не новинарско, туку око на читател. Кога се пренесува вест за сериозен инцидент, како во случајов тепачка и тоа која можеби претендира да биде „ударна,“ бидејќи информацијата што ја содржи навистина привлекува внимание, тогаш таа мора да биде поткрепена со соодветна, а не подметната фотографија, како што нотира читателот. Линк до оригиналниот напис: Тепачка во скопски Чаир Датум и време на објавување:  

Рецензија: СДСМ се враќа на своите стари навики за организирање протести

на 17. 12. 2013 | |
Нов текст во низата за кој е очигледно дека нема за цел да информира, туку да го напаѓа политичкиот неистомисленик. Повторно се среќаваме со терmини „експерти“, секако неименувани, повторно наидуваме на непоткрепени констатации, повторно читаме за „црни сценарија“ од опозициската кујна! Значи, во оваа своевидна „турли-тава“ имаме сѐ освен вистинско новинарство. Текстот не успева да одговори речиси на ниту еден професионален стандард, а за особен предизвик при неговото обликување воопшто и не треба да зборуваме. Едноставно, овде се работи за класична грешка – политички памфлет кој „некако“ се протнал како медиумски производ. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се враќа на своите стари навики за организирање протести Датум и време на објавување:  11.12.2013   13:18 Датум на рецензирање:  14.12.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески

Рецензија: Од Кавадарци никој не си отишол со празно шмркалче

на 15. 12. 2013 | |
Убаво е кога се има можност да се прочита квалитетна репортажа, бидејќи овој новинарски жанр сѐ помалку е застапен во македонските медиуми, а и кога го има често се случува да не е со добар квалитет. Во овој случај го имаме спротивното: добро четиво поткрепено со кредибилни извори и соговорници, со фина нарација која покажува дека текстот навистина се „работел“ на терен, со издржана фактографија на моменти интересно испреплетена со локалниот фолклор и традиција и сето тоа зачинето со квалитетна фотографија. Значи, присутни се елементите потребни за добар новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Од Кавадарци никој не си отишол со празно шмркалче Датум и време на објавување: 10.12.2013 Датум на рецензирање:  11.12.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: При создавањето на

Рецензија: Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават!

на 15. 12. 2013 | |
Нотирајќи медиумска „утка“, се согласувам не мала, овој текст влегува во друга грешка – ја презема улогата на новинарски обвинител, судија и на крајот егзекутор. Паралелно со самопромовирањето во „највисока професионална инстанца“, а би рекле неаргументирано, овој текст им ја налепува етикета на своите конкуренти и колеги од другите портали дека се финансирани од опозицијата и дека, како што се вели, ја исполнуваат обврската да “плукаат“. Ајде да видиме, кој во дадениов случај, плука. Линк до оригиналниот напис: Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават! Датум и време на објавување:  09.12.2013    11:37 Датум на рецензирање:  10.12.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост:  Ја има, но забележително е дека е намерно искривена. Пропустот околу информирањето за тоа дали средбата на премиерот

Рецензија: ФОТО: Хомосексуалци во Скопје

на 6. 12. 2013 | |
Малку, или, пак, многу недостасуваше за оваа фото-сторија да мине „мазно“. Честитки за темата која ја обработува, иако станува збор за преземен материјал, а уште поголеми честитки за луѓето кои се решиле не само низ зборови да ја раскажат својата приказна, туку и преку фотографии да го „разголат“ својот живот. Храброст или лудост е во денешницата која нѐ опкружува и атмосферата која се наметнува, не еден, не двајца, туку неколкумина отворено да зборуваат за својата сексуална определба. Дека сликата заменува 1.000 зборови навистина покажува овој случај – мајсторија низ објектив да се долови она што преку пишан збор малкумина го можат: чувства, емоции, болка, среќа, радост или накусо живот. Сѐ ќе беше добро ако некој, меѓу другото, не си ја

Рецензија: СДСМ повторно со старите методи, ќе ги вади тутунарите на улица

на 3. 12. 2013 | | sq
Низа констатации – непоткрепени, без соодветни аргументи, ниту, пак, јасно прецизирани извори, а сето тоа дополнето со коментари, кои на моменти добиваат форма на лична дисквалификација. Тоа се главните обележја на овој текст, кој за сметка на споменатите „епитети“, пак, не ги нуди основните новинарски начела според кои, барем во теоријата, треба да се води еден производ што има амбиции да биде професионален. Оттука, прашањето е дали воопшто и се имало намера за создавање професионален текст. Линк до оригиналниот напис: СДСМ повторно со старите методи, ќе ги вади тутунарите на улица Датум и време на објавување: 29.11.2013,  17:46 Датум на рецензирање:  01.12.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: „Ја барам, но тешко да ја најдам“ – накусо би се кажало. Матна е

Рецензија: Александар Македонски не бил никаков Грк, туку Македонец со словенска крв

на 29. 11. 2013 | |
Внимателност! Тоа е еден од најважните елементи кои постојано треба да се имаат на ум при пишување на текст како што е овој. Историјата е исклучително сензитивна тема, особено на Балканот и особено кога се става во корелација со чувствата на одреден народ или група и кога тоа се прави токму во одреден период кога атмосферата, дел природно, дел неприродно, е толку „набилдана“ што секој јавно искажан или медиумски пренесен збор поврзан со „антиката“ речиси безрезервно се впива од голем дел од јавноста. Тоа значи дека во дадениот случај текстот, ако правиме аналогија со натоварен камион кој се спушта по надолнина, требало да лази, да внимава да не ги прегрее кочниците. Но, кога убаво ќе се исчита понуденото, се добива

Претплатете се за најнови вести