verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: ФОТО: Жерновски ќе го прави Центар како Тирана

на 7. 02. 2014 | | sq
Отсуство на информативна компонента, непостоење на кредибилни извори, омаловажувања на поединци, кои на моменти преминуваат и во навредлив говор кон цели заедници во земјава, а за сметка на тоа никаде го нема главното – веста. Ова се главните одлики на текстот кој е предмет на рецензија. Станува збор за повторно „ставање под лупа“ на работата на градоначалникот на Општина Центар кој, судејќи според напишаното, што и да направи, па макар и да се сврти „наопаку“, никогаш „некому“ нема да му биде по мерак. Понуденото во написот, изобилува со спин-елементи, се со цел да се минира работата на локалната власт, која, нели, за чудо не е продолжена рака на владата. Крајната цена – неквалитетен прозивод, за жал ја плаќа публиката. Линк

Рецензија: Мрежата во медиумите на СДСМ – Безброј портали исти сопственици

на 4. 02. 2014 | |
„Новинарската војна“ во земјава дојде до, според речникот на меѓународната политика, ниво на хуманитарна катастрофа. Не се внимава на тоа што е „легитимна цел, а што е населено место“, се пука од сите, дури и забранети видови оружја – се користат касетни бомби, боеви отрови, не се води сметка за „цивилни жртви“ и по она народното „покрај сувото ќе гори и суровото“. Не знам кому, а сигурно има кому, ама тоа не е публиката, му одговара ваквата ситуација – медиумите наместо да „копаат“ по оние кои се во позиција да прават злоупотреби, тие повеќе се занимаваат со сопствениот „валкан“, но за жал и „чист“ веш. Не знам зошто некои медиуми се најдоа повикани да бранат одредени новинари за кои опозицијата,

Рецензија: Што добил Героски за возврат од МВР кога работел во нивното гласило?

на 3. 02. 2014 | | sq
Уште еден медиумски обид за спинување на ситуацијата во која одредени новинари, како што објави опозицијата, се фатени како освен со „основната“, се занимаваат и со дополнителна бизнис-дејност и тоа добивајќи државни тендери. Значи, ни се нуди текст чија основна цел е очигледно на јавноста да и се „замачкаат очи“ со нешто што се случувало пред дваесетина години и да се дефокусира вниманието од актуелната афера за, според главната опозициска

Рецензија: 35 македонци имаат богатство од 4 милијарди долари

на 31. 01. 2014 | |
Очигледно станува практика да се пласираат текстови кои се без елементарно објаснување, без какви било извори, со целосно отсуство на цитирани изјави или, пак, соговорници, со „нудење“ некакви податоци без тие соодветно да бидат аргументирани… Ова го велам, имајќи го на ум токму конкретново „новинарско парче“, ако така може да се нарече. Во структурата на написот имаме „кој“ и „каде“, иако и тоа е дискутабилно, но затоа пак, немаме „што, кога, како и зошто“. Овде ни се сервира крајно непроверена и непоткрепена информација која не ги задоволува најбазичните елементи кои треба да ги има една вест. Линк до оригиналниот напис: 35 македонци имаат богатство од 4 милијарди долари Датум и време на објавување: 28.01.2014, 02:30 Датум на рецензирање:  30.01.2014 Рецензент:

Рецензија: Скопјани одат во Солун само на кафе!

на 29. 01. 2014 | | sq
Види ја Венеција и умри“, или тоа беше за некој друг преубав европски град?! Како и да е, оваа изрека употребена за многу места, досега, барем јас, немам слушнато да биде искористена за Солун. Сме чуле за: „Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна“, ама не и за тоа дека на, на пример, „Солун е како Венеција“. Прашувате што има врска Венеција со Солун во конкретниот текст. Е, тоа и јас се чудам. Зошто? Затоа што во написот се зборува за Солун, а на фотографијата ни се појавува Венеција. Линк до оригиналниот напис: Скопјани одат во Солун само на кафе! Датум и време на објавување: 27.01.2014, 9:05 Датум на рецензирање: 28.01.2014 Рецензент: Владимир

Рецензија: Брука за новинарите на СДСМ

на 28. 01. 2014 | |
Новинарски „бисер“ наменет исклучиво за некаква си одбрана на друг новинарски „по-бисер“. Бравура на непрофесионализам, ода на политичко-медиумското апологетство, партиски памфлет за забава на елитата, анонимна минијатура од трагични размери која, за жал, е одраз во огледало за ниското ниво на медиумска одговорност кон јавноста. Тоа е описот и „пописот“ на овој т.н. текст. Линк до оригиналниот напис: Брука за новинарите на СДСМ  Датум и време на објавување: 26.01.2014,  9:20 Датум на рецензирање:  27.01.2014 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Можеби и ќе имав разбирање ова „текстче“ да беше исчитано на партиска прес-конференција, но обидот да се „продаде“ како информација за јавноста е краен безобразлук и намерна навреда на интелегенцијата. На неполни 20-тина реда се успеало да се „натиснат“ толку омаловажувања, обвинувања,

Рецензија: Шилегов го вклучил во партиска кампања и својот малолетен син

на 27. 01. 2014 | | sq
Овој текст заслужува да биде рецензиран, барем поради три и тоа, да ги наречеме, формални причини – јасно прекршување на токму три члена на Кодексот на новинарите на Македонија: Член 11 Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија;   Член 13 Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот;   Член 16 Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.   Но, неследењето на овие водилки наведени во Кодексот се само почетокот на

Рецензија: Моторола ќе предизвика земјотрес-паметен телефон за само 50 долари

на 24. 01. 2014 | | sq
Одамна таква смеа не ме фатила, како по читањето на овој текст, ако тој така може да се оквалификува. Очигледно станува збор за т.н. „google translate“ новинарство, ама за жал во најлоша можна варијанта. Не само што некој добиеното од интернет-преводот не го прочитал, туку со цел памет и го објавил како „легитимен“ новинарски производ. Преведувачкиот сегмент на најголемиот интернет пребарувач секако е моќна алатка, ама не и семоќна. Има некои работи, кои барем засега, машината не може да ги направи како што е, на пример, конечното новинарско филтрирање на написот. Но, во овој случај не зборуваме за ситни грешки, туку за цели пасуси полни со нелогичности и глупости. Значи, уште на почетокот може да ја дадеме конечната оценка, а

Рецензија: Српските медиуми сакаат да му наштетат на Даниел

на 22. 01. 2014 | |
Убаво е кога поединци или мала група со своите успеси, дали уметнички, актерски или спортски, ја радуваат државата. Нели, фино е кога „некој наш, или наши“ е (се) успешен(и) во нешто, или, пак, ќе успее во некакво натпреварување. Се гордееме на тие постигнувања како да се наши лични. Ќефот е голем кога ќе се победи Литванија, кога репрезентацијата, независно која, ќе заврши меѓу петте најдобри во Европа, кога ќе видиш дека на Симон Трпчевски му аплаудира цела Виена, или пак во конкретниот случај, кога „нашинецот“ во Х-Фактор, со својот глас, ја воодушевува целата сала, судиите и публиката од речиси цела поранешна Југославија. Па уште кога ќе го прогласат за еден од најголемите фаворити за победник, на радоста како да и

Рецензија: Зимско чудо – Галичник без снег

на 21. 01. 2014 | |
За репортажата, познатиот новинар, публицист и учител на бројни новинарски генерации Душан Ѓуриќ вели: „Заедничкото на мнозинството дефиниции е правилото дека репортажата вистински опишува стварен настан – верно, живо, занимливо, со многу поединости, со името и презимето на актерот, со називот на местото, со адресата. Уметноста на детали како карактеристика на репортажата не го ослободува репортерот од тоа дека треба да ја разбере целината и суштината, а изразот „убавица на новинарските редови“ не значи дека репортерот смее да му се препушти на површниот лов на ефекти“. Во конкретниот случај што го разгледуваме се забележува запазување на главните елементи на репортажата, кои Ѓуриќ ги „стилизира“ во еден пасус, а тоа се содржајност, актуелност, аналитичност, писменост, атрактивност, убедливост, ангажираност и затоа може

Претплатете се за најнови вести