verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Скопјани одат во Солун само на кафе!

on 29 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

27-0987-009988700-crop-resize

Види ја Венеција и умри“, или тоа беше за некој друг преубав европски град?! Како и да е, оваа изрека употребена за многу места, досега, барем јас, немам слушнато да биде искористена за Солун. Сме чуле за: „Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна“, ама не и за тоа дека на, на пример, „Солун е како Венеција“. Прашувате што има врска Венеција со Солун во конкретниот текст. Е, тоа и јас се чудам. Зошто? Затоа што во написот се зборува за Солун, а на фотографијата ни се појавува Венеција.

2Линк до оригиналниот напис: Скопјани одат во Солун само на кафе!

Датум и време на објавување: 27.01.2014, 9:05

Датум на рецензирање: 28.01.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Генерално, текстот, кој е преземен, е во ред. Станува збор за истражување дали и колку се оди во Солун за шопинг, откако и во Скопје се отворија низа продавници за кои порано се „тргаше на пат“. Поентата која сака да се пласира е дека сега во Солун повеќе се оди за кафе, отколку заради купување. Би рекле дека за толку силно тврдење можеби е потребно поопсежно истражување, но тоа што е понудено – соговорници, информации, го потврдуваат изнесеното.

Извори на информации: Нема проблем околу изворите. Наведени се претставници на туристичка агенција, а има и мала анкета со граѓани кои потврдуваат дека повеќе мерак им се прави за солунско кафе, отколку за шопинг во Солун.

Содржајност: Може да се каже коректна. Ова се т.н. „лесни“ четива, кои од една страна не обременуваат со „политки, бројки, статистики и податоци“, а од друга се лесни за „варење“. Плус, секогаш има расположена читателска публика, најчесто женска, кога се споменува комбинацијата Солун и шопинг.

Оригиналност/Плагијат: Јасно е наведено дека станува збор за преземен текст. Иако, да бидеме на чисто, се гледа дека оригиналниот напис не е целосно „ископиран“. Има, тука и таму, одредени дополнувања и измени.

Квалитет на насловот: Како што веќе споменавме, употребена е „тврда“ насловна конструкција со јака констатација, но таа на соодветно ниво е поткрепена во текстот. Само, чуди извичникот на крајот. Што се сакало да се потенцира?

Фотографија: Тука доаѓаме до главната причина поради која и се рецензира овој текст. Тотално промашување. Некој го видел насловот од оригиналниот текст, во кој, исто така, се споменува кафе, и ја зел првата фотографија која му дошла под рака на која има море и филџан. Незнаење и брзање се лоша комбинација, која во случајов довела до катастрофа. Сепак, не е исто да се гледа Камбанаријата на Базиликата Свети Марко во Венеција и Белата кула во Солун. Недозволива „фабричка грешка“.

Заклучок: Откако го прочитав основниот, првичниот текст, би рекол дека копијава е полоша од оригиналот кој, ако барем ништо друго, ги погодил фотографиите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

најверојатно се точни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненамерно манипулира- целосно промашена

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести