verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Брука за новинарите на СДСМ

on 28 - 01 - 2014       

26-0987000-765-crop-resize

Новинарски „бисер“ наменет исклучиво за некаква си одбрана на друг новинарски „по-бисер“. Бравура на непрофесионализам, ода на политичко-медиумското апологетство, партиски памфлет за забава на елитата, анонимна минијатура од трагични размери која, за жал, е одраз во огледало за ниското ниво на медиумска одговорност кон јавноста. Тоа е описот и „пописот“ на овој т.н. текст.

2Линк до оригиналниот напис: Брука за новинарите на СДСМ 

Датум и време на објавување: 26.01.2014,  9:20

Датум на рецензирање:  27.01.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Можеби и ќе имав разбирање ова „текстче“ да беше исчитано на партиска прес-конференција, но обидот да се „продаде“ како информација за јавноста е краен безобразлук и намерна навреда на интелегенцијата. На неполни 20-тина реда се успеало да се „натиснат“ толку омаловажувања, обвинувања, констатации, а гледај чудо, никаде доказ за тоа. Каде се аргументите за злоупотреби на, како што се пишува, „новинарските пера на СДСМ“? Едноставно, ги нема. Можел некој барем да се потруди и да направи „copy-paste“ на објавените, а како што се покажа во голем дел невистинити податоци од написот од кој се тргна и кој ова „производче“ се обидува да го оправда. „Тешко на клиентот кој го брани ваков правник“ – би рекле адвокатите. Неблагодарно е да се оценува работата на други колеги, со кои лично со години сум соработувал, но тој што се обидел, преку ова „штуро материјалче“, тоа да го прави, требало барем, ако ништо друго да има во предвид дека станува збор за луѓе кои имале и имаат сериозна, сериозна, професионална тежина. Никој не е совршен, но, исто така, не може туку-така едноставно некому да му се „поплукаш“ на децениската работа, без тоа да го образложиш. Од вистинитост, во овој текст, не е понудена ниту буквата „в“.

Извори на информации: Просто кажано, ги нема. Некому му се ќефнало и рекол ќе си пишувам расказче и ќе си го објавам.

„Од фрапантните податоци кои беа објавени денеска, произлегува дека нивната борба за слобода била всушност борба заради пари, финансирани од странски фондови и фирми и лица блиски до СДСМ“.

За овие ли фондови се зборува? А, кои се тие податоци, дајте да ги видиме, повикајте се на некој текст, дајте линк, мислење на „експерт“, нешто!!! Извори = 0 (нула).

Содржајност: Во плевата текстови кои изминатите денови нѐ преплавија како „предперење“ за аферата со милионите на една конкретна новинарка, печалени преку ДРЖАВНИ тендери, ова „новинарско чудо“ не претставува новина. Како што кажавме, другите медиуми – „бранители на вистината“ вадеа некакви бројки и податоци, не навлегуваме какви, додека конкретниот пример нема баш ништо ново, освен дополнителни дисквалификации. Значи, содржајност = 1 (единица).

Пристрасност: Тука добива 5 (петка). Балансираноста е далечна апстракција. Не би ме изненадило начинот како е срочен, да биде преземен како „урнек“ во некоја наредна програма за „медиумски слободи, права и професионално однесување“.

Коментирање: Присутните коментари се несмасни и неумесни и укажуваат дека „творецот“ многу не ги разбира новинарските жанрови, ниту, пак, дека негува некаков новинарски стил, кој, ако би требало да го окарактеризираме според приложеното, би го нарекле „партиски просто-проширен“. Проценете сами:

„Нивната агенда и јавни настапи и критики кои ги упатуваат до власта и до своите колеги новинари, не биле резултат на нивната вистинска желба за унапредување на стандардите, туку биле единствено жесток обид по секоја цена да се наштети на владата и да се помогне на СДСМ од кој сосема разбирливо очекувале уште поголема поддршка во нивните бизниси и за нивните фирми“.

Оригиналност/Плагијат: Би било навреда да се каже дека е оригинал. Не би го нарекол ниту плагијат, туку „земање тези од лево, десно“ и нивно невешто напластување во една „Франкенштајн-торта“.

Квалитет на насловот: Наслов = 1 (единица). Треба многу факти и аргументи за некого да наречеш дека е „нечиј новинар“. Друго е да се напише дека е близок до левица, или десница, но дека е нивни е тешко обвинување.

Фотографија: Искористена е една фотографија и тоа не од „озлогласените“ новинари, туку од сниматели и други репортери. Значи, ништо особено, се сакало да се илустрира текстот и се зела првата „фотка“ под рака.

Заклучок: Овој текст е брука за професијата и токму поради него и нему сличните сликата на јавноста за новинарството е таква каква што е. Само што, за жал, не верувам дека во иднина нема да се појавуваат повеќе вакви написи – политички мутанти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести