verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: 35 македонци имаат богатство од 4 милијарди долари

on 31 - 01 - 2014       

28-00098076-000098-crop-resize

Очигледно станува практика да се пласираат текстови кои се без елементарно објаснување, без какви било извори, со целосно отсуство на цитирани изјави или, пак, соговорници, со „нудење“ некакви податоци без тие соодветно да бидат аргументирани… Ова го велам, имајќи го на ум токму конкретново „новинарско парче“, ако така може да се нарече. Во структурата на написот имаме „кој“ и „каде“, иако и тоа е дискутабилно, но затоа пак, немаме „што, кога, како и зошто“. Овде ни се сервира крајно непроверена и непоткрепена информација која не ги задоволува најбазичните елементи кои треба да ги има една вест.

2Линк до оригиналниот напис: 35 македонци имаат богатство од 4 милијарди долари

Датум и време на објавување: 28.01.2014, 02:30

Датум на рецензирање:  30.01.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Читајќи го, впечатокот кој се добива, барем во најмала рака е дека неговата вистинитост е под сериозен знак прашалник. Ако се тврди дека има 35 Македонци кои поседуваат 4 милијарди долари, тогаш секако требааат ептен докази за тоа да се поткрепи. „Проста“ математика вели дека, според напишаното, во земјава има 35 поединци од кои секој од нив „тежи“ просечно 114.285.714 долари.

Прво што е проблематично е сумата од која ве фаќа вртоглавица и бројката на луѓе кои ја поседуваат. Сите сме слушнале за „милионите“ на позната „десетка“, за бизнимсените блиски „де до едните, или пак до другите“. Сигурно можеме да наброиме барем петнаесетина за кои мислиме дека се милионери, ама дека поседуваат стотици милиони навистина е силна констатација. Ама, еве ајде, да кажеме дека има 35 луѓе со 4 милијарди долари, веднаш се наметнува вториот сериозен проблем – кој тоа го вели и кои му се аргументите? Дали станува збор за сопствено истражување, за преземена информација? Не знаеме, бидејќи тоа никаде не е наведено. Сумирано, умерен би бил заклучокот дека вистинитоста на овој текст е на „стаклени нозе“.

Извори на информации: Кусо, ги нема никаде. Едноставно, вакво целосно отсуство на извори одамна не е забележано. Ниту се кажува кој е тој извештај за „светски богаташи“ , ниту, пак, кој го има објавено. Нема ниту какви било линкови кои би упатиле на некаков си кредибилен извор кој би го поткрепил текстот.

Содржајност: Би ја имало ако веста била комплетна, а бидејќи е некомплетна вкусот кој останува по читањето е како на „голтната, ама сериозно недоварена храна“.

Оригиналност/Плагијат: Којзнае за што станува збор. Текстот сигурно не е оригинал, а ако се окарактеризира како плагијат може да се разбере дури и како пофалба. Некој зел „нешто од, најверојатно, објавено некаде“ и го стокмил овој напис од буквално 6 реченици. И секако соодветно не се потпишал на ваквото „дело“. Има само име, но не и презиме, што е вообичаена практика за четива објавени на овој интернет портал.

Квалитет на насловот: Да имаше приложено кредибилни извори насловот ќе го наречевме коректен. Вака, само нѐ навлекува да го отвориме текстот и прочитаме „ништо“.

Фотографија: „Насмеано лице со расфрлани долари“ – треба да ни ја долови македонската „реалност“ за ултра богати луѓе во земјава на чиј „наводен“ имот би им позавиделе и руските олигарси. Употребената фотографија е претенциозна и не ја врши работата ниту за обично илустрирање. Ако веќе се зборува за богати македонски државјани зошто нема „фотка“ од нешто богато или луксузно во земјава.

Заклучок: Much Ado About Nothing“ е името на, според светските експерти, една од најдобрите комедии на Вилијам Шекспир. Во никој, ама баш во никој случај не сакам да се добие впечатокот дека овој текст го сметам за комедија вредна за да се спомене името на Шекспир. Не, туку само сакам да го искористам името на неговата драма, да ја преведам на македонски и така да го сумирам овој текст – „Многу врева за ништо“, ама баш за ништо.

(Напомена: како и во сите други претходни рецензии, така и овојпат, насловот на рецензираниот текст во насловот на рецензијата и во линкот до рецензираниот текст, како и евентуалните преземени цитати од рецензираниот текст, се преземени идентично како и во оригиналот – со сите евентуални граматички грешки и синтактички неправилности.)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

наведува

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести