verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Љубовна афера ја „тресе“ владината коалиција!?

on 31 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Љубовна афера ја тресе владината коалиција-crop-resize

Жолт печат, морализирање и политичка пристрасност. Ова се главните карактеристики на текстот што го рецензираме. Првото прашање што ќе си го постави читателот, кој е медиумски претпазлив и скептичен, е зошто на напишаното треба да му верува и кои аргументи непотпишаниот автор му ги нуди за да го убеди во евентуалната вистинитост на изнесеното. Освен тоа, дури и кога би била вистинита приказната, каде е јавниот интерес од нејзиното објавување? Од текстот не е очигледна ниту една причина поради која две лица од различни партии не би смееле да бидат во врска.

Љубовна афера ја тресе владината коалицијаЛинк до оригиналниот напис: Љубовна афера ја „тресе“ владината коалиција!?

Датум и време на објавување: 25.01.2014, 16: 04

Датум на рецензирање: 27.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Текстот нема основни елементи врз основа на кои би се разгледувала нивната вистинитост. Со други зборови, ова писание може да биде толку вистинито, колку што може да биде и невистинито. Во секој случај, поголем проблем е непостоењето на јавниот интерес и поврзувањето на приватноста на политичарите со нивната политичка функција.

Извори на информации: Формулацијата „од наши извори“ е црвен аларм за сомневање во постоењето на изворот. Во секој случај, дури и да има извор (што повторуваме, не може да се тврди со сигурност), тој не е користен како база за текстот. Напротив, поголемиот дел од текстот е коментар, морализирање, несериозен дискурс базиран на трач. Новинарството е објавување точни и проверени информации, консултирање на засегнатите страни и на таков начин, работење во функција на јавниот интерес.

Содржајност: Главната содржина во овој текст претставуваат обидите да се скандализира евентуална врска на анонимни функционери, а во тој контекст да се вмеша и политичката структура и да се спинува дури и постоењето на оваа врска како „политички скандал“. Притоа, во ниту еден момент авторот не објаснува ниту алудира зошто ова е спорно и од јавен интерес.

Пристрасност: Сеирџискиот дискурс е само алатка за да се покаже политичката пристрасност на анонимниот автор. Псевдо-тезата дека врската меѓу функцонерите може „сериозно да ја урниса претставата за традиционалноста и верата“ е показател дека авторот не само што нема намера да го темели текстот на факти, туку и дека ќе користи конструкции за да ги доведе во корелација политичкиот и приватниот живот на двајцата функционери.

Коментирање: Коментарот во продолжение е манипулативен. бидејќи авторот не нуди ниеден аргумент за да објасни зошто повикувањето ќе биде „превоспитување“, односно кои незаконски или неморални дејствија ги направиле двајцата функционери, доколку постојат.

Се најавува дека деновиве љубовниците, секој одделно ќе бидат повикани на превоспитување кај своите партиски шефови, затоа што се стравува дека избивањето на секс-скандалот во јавноста и обелоденувањето на имињата може сериозно да влијае врз рејтингот на партиите пред престојните избори, особено по низата скандали со кои во последно време се поврзуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е изворно создаден во редакцијата што може да се констатира и од тоа што редакцијата се повикува на свои извори, кои информацијата ја дале само за нив.

Квалитет на насловот: Станува збор за сензационалистички наслов без факти во стил на жолт печат.

Фотографија: Фотографијата нема врска со текстот, дезинформира, го наведува читателот на погрешно толкување и оди во прилог на несериозниот наслов, за да го засили.

Заклучок: Во Членот 7 од Кодексот на новинарите пишува дека новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста освен кога тоа е спротивно на јавниот интерес. Во овој текст вешто се избегнува одговорноста за приватноста на личноста. Се чини дека авторот е свесен за тоа, бидејќи во текстот пишува дека имињата „од разбирливи причини нема да ги објави“.

Текстот е трач, а интенцијата е да се разгори дебатата и да „паднат“ комбинации за тоа која е двојката. Ова повторно нема никаква врска со јавниот интерес. Текстот е неуверлив. Не секогаш она што ја интересира јавноста е прашање од јавен интерес, особено не во временски период кога вниманието на јавноста е фокусирано кон други сериозни теми, поврзани со корупција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести