verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Една запирка – милијарди број

на 20. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Грција продаде 14 регионални аеродроми]

  Имаме текст со сериозен пропуст. Наведените податоци не одговараат на фактичката ситуација со што публиката е дезинформирана за многу милијарди евра. Ова е пример за тоа како „малку недостига за многу да се згреши“. Линк до оригиналниот напис: Грција продаде 14 регионални аеродроми Датум и време на објавување: 18.08.2015, 13:24 Датум на рецензирање: 19.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Неверојатно е колку малку треба во новинарството за да се направи сериозна грешка. Во овој случај тоа е една запирка ставена на лошо место во лошо време. Станува збор за легитимна информација – грчката влада, притисната од неповолната финансиска ситуација, дава под концесија 14 регионални аеродроми на германска компанија. Тука нема каков било проблем. Недостатокот,

Таблоидно четиво злоупотребeно во партиско-политички цели

на 19. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Ексклузивни фотографии: Радмила Шеќеринска во бикини на плажа во Сивота, Грција]

  Таблоидно четиво, ама со силна политичка нишка. Поточно, изгледа основната цел не била само на „жолт“ начин да се информира јавноста каде одмора вториот човек на опозицијата, туку тоа сознание да се злоупотреби во партиски цели, да се оцрни политичкиот противник. Линк до оригиналниот напис: Ексклузивни фотографии: Радмила Шеќеринска во бикини на плажа во Сивота, Грција Датум и време на објавување: 14.08.2015 12:27 Датум на рецензирање: 18.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„БИКИНИ“-ОДМОРОТ Е НА СОПСТВЕНА СМЕТКА, А „ИЗРАЕЛСКАТА“ АВАНТУРА НА ЧИЈА?!

Темата е занимлива, нема збор – каде летува наша позната политичарка. Да се разбереме, вакви текстови, зачинети со папарацо-фотографии, ги полнат светските таблоиди, иако најчесто

Пристрасноста го проблематизира новинарскиот карактер на целиот напис

на 16. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното]

  Да, навистина е турбо овој текст, ама турбо-реклама за премиерот. Ова е некаков си преглед на настаните на кои присуствувал првиот човек на Владата во изминатите денови. Прашањето е што т.н. преглед е пристрасен до таа мера што се проблематизира „новинарскиот“ карактер на целиот напис. Линк до оригиналниот напис: Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното Датум и време на објавување: 10.08.2015 – 14:25 Датум на рецензирање: 12.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

БЕСПЛАТНА РЕКЛАМА ЗА ПРЕМИЕРОТ ВЛЕЗЕН ВО КАМПАЊА      

Овој материјал е показател дека во последно време за дел од медиумите тенка е, ако и воопшто ја има, границата меѓу

Погрдни зборови на границата од говорот на омраза

на 14. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Градот кој треба повторно да го запознаете: Воодушевувачка убавина, широки насмевки и прекрасна атмосфера – Скопје!]

  Неверојатно четиво кое успева да ги погази безмалку сите стандарди во новинарската професија. Целосно пристрасен коментар, преполн со лични впечатоци, без каква било аргументација, со силен „плукачки“ печат против оние кои не ги споделуваат т.н. вредности кои се воспеваат во текстот. Ова не е само своевидна хроника на сегашноста, алегоризирана преку „Скопје 2014“, туку и рекомпонирање на историјата на Скопје кое во изминатите години доживеа, се извинувам на изразот, „урбанистичко“ изживување од најнизок вид за кое скопјани не беа прашани дали го сакаат или не. Линк до оригиналниот напис: ГРАДОТ КОЈ ТРЕБА ПОВТОРНО ДА ГО ЗАПОЗНАЕТЕ: Воодушевувачка убавина, широки насмевки и

Нема вистинска информација, ниту, пак, некаква продлабочена „анализа“

на 7. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Анализа: Груевски покажа дека граѓаните се во фокусот]

  Едностраноста, необјективноста и пристрасноста се главните одлики на овој текст. Во него нема вистинска информација, ниту, пак, некаква продлабочена „анализа“, како што самиот си се продава, туку агитпропство за „лидерот“, поддржано со ставови на јавни личности кои се познати по речиси сè, само не по балансирани, прецизни и одмерени настапи. Линк до оригиналниот напис: Анализа: Груевски покажа дека граѓаните се во фокусот Датум и време на објавување: 03.08.2015, 15:15 Датум на рецензирање: 04.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

АНАЛИЗА НЕ, ПРИСТРАСНО ФАЛБАЏИСТВО ДА

Прво, насловот што содржи „анализа“ е во најамала рака претенциозен. Изјави од двајца „дежурни експерти“ само од едната страна за тоа што сакал и што кажал премиерот

Во овој случај фотографијата не вреди ич, а не, пак, 1.000 зборови

на 6. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Груевски: Ангажирани се сите институции за помош на Тетово]

  „Сликата вреди 1.000 зборови“, нели? Ама во овој случај фотогрфијата не вреди ич, а не, пак, 1.000 зборови. Линк до оригиналниот напис: Груевски: Ангажирани се сите институции за помош на Тетово  Датум и време на објавување: 04.08.2015 Датум на рецензирање: 05.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ПРЕКУ ЛОША ФОТОГРАФИЈА Овде станува збор за тешка импровизација од аспект на употребената фотографија. Некој ќе рече, тоа е мал грев, имајќи ја предвид ситуацијата во домашните медиуми, но би било сериозен прекршок, кон самото новинарство, овој случај да се извлече само со таква „лабава“ оцена. Внимавајте, имаме класична манипулација и дезинформација на јавноста – за илустрација е искористена фотографија од сосема

Трката по кликнувања измисли скелет на вонземјанин

на 5. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ВИДЕО: Археолозите во Русија пронашле костур на вонземјанин?!]

  Овој текст е пример за тоа како „сам да си пукаш в нога“. Поточно, делови од написот не кореспондираат еден со друг. Еднаш се прашува дали станува збор за скелет од вонземјани, за веднаш потоа да се каже дека, сепак, се остатоци од „нашиов свет“. Смешка од материјал! Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Археолозите во Русија пронашле костур на вонземјанин?! Датум и време на објавување: 30.07.2015, 18:00 Датум на рецензирање: 03.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ЛАЖГА СО ОПАШКА Убаво рекол народот – „Лажга со опашка“! Како поинаку да се нарече напис кој во насловот вели едно, а во телото на текстот друго? За сметка на сензационалистички наслов, чија цел

Што е промоција, а што е информација во овој напис

на 3. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Владата се бори за секое работно место: Со новата инвестиција до 1000 нови вработувања]

  Имаме реклама за Владата, за која не знаеме дали е бесплатна или е веќе фактурирана. Лошото е што маркетинг-елементот е вклопен во рамките на текст кој претендира да биде новинарски. Затоа дилемата е што е промоција, а што е информација во овој напис. Линк до оригиналниот напис: Владата се бори за секое работно место: Со новата инвестиција до 1000 нови вработувања Датум и време на објавување: 30.07.2015, 14:10 Датум на рецензирање: 31.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„СО ВЛАДАТА НАПРЕД“

Нема што, ударнички е запнато да се испофали Владата и нејзините „дострели“ во делот на привлекување странски инвестиции. Во „морето“ делегации, писма со намери,

Плима од тези, осека од нивна издржаност

на 31. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!]

  Многу прашања, а малку одговори и тоа често реторички. Ваквото структуирање текст не навестува дека тој во целост кореспондира со основите на новинарско формулирање напис, во кој основата е давање одговори на клучните „кој, што, каде, кога, зошто и како“. Ова е повеќе сеење ветер и магла, отколку легитимно информирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?! Датум и време на објавување: 26.07.2015, 17:28 Датум на рецензирање: 30.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

КОГА ПРАШАЊАТА ЌЕ ГИ ЗАМЕНАТ ОДГОВОРИТЕ

Не е најсоодветно насловот да биде во прашална форма, ама понекогаш

Најзгодниот од 117-тото место

на 30. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Груевски на листата на најзгодни светски лидери]

  „De gustibus non est disputandum“ или преведено „За вкусовите не се расправа“. Нешто што некому му е убаво, некому не му се допаѓа и обратно. Значи, секој си има сопствен вкус и тоа е тоа – нема расправа, ама има расправа за тоа ако кажете дека нашиот премиер, рангиран на 117. место од вкупно 197 светски државници, е на „листата најзгодни лидери“. Линк до оригиналниот напис: Груевски на листата на најзгодни светски лидери  Датум и време на објавување: 25.07.2015, 14:13 Датум на рецензирање: 29.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   НЕ Е СЀ ВО ИЗГЛЕДОТ, ЗАШТО УБАВИНАТА, НЕЛИ, ДОАЃА ОДНАТРЕ?! Прво, да расчистиме, овде не станува збор за некакво релевантно

Претплатете се за најнови вести