verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Новото раководство на СДСМ шири лажна еуфорија

на 27. 11. 2013 | |
Нема текст, нема потпис, нема извори, нема соговорници. Единствено нешто што укажува на тоа дека станува збор за некаков обид за новинарски производ е само гласот во позадина кој раскажува „колку опозицијата е изгубена, бидејќи ја копирала,“ како што се вели, „губитничката стратегија на претходниот лидер базирана на еуфорични настапи“. Констатација кажана, а со ништо непотврдена. Дали на „гласот во позадина,“ кој очигледно е само позајмен, му е јасно што сѐ изнакажа во 1 минута и 45 секунди, колку што трае овој т.н. телевизиски извештај, и колку во овој кус период недозволиво ги прекрши ама баш сите можни професионални стандарди? Линк до оригиналниот напис: Новото раководство на СДСМ шири лажна еуфорија Датум и време на објавување: 25.11.2013   16:33 Датум на

Рецензија: Пулените на СДСМ по професија новинари, по хоби политичари

на 25. 11. 2013 | |
Интересна тема за обработка. Публиката секогаш е расположена за четива кои се обидуваат да ја разјаснат поврзаноста меѓу новинарството и политиката, но и линиите кои ги раздвојуваат. Дали постојната комуникација меѓу новинарот и политичарот со текот на време, од професионална веќе почнува да добива и лична димензија? Дали упатеноста едни на други, по извесен период, го „поматува“ фокусот на новинарот? Дали меѓусебниот однос, кој треба да се базира на „потребите на крајниот корисник,“ а тоа е јавноста, преминува во личен бенефит: политичарот в џеб да има новинар, а новинарот „моќен мецена,“ кој ќе му го чува грбот? Тоа се прашања кои долг период се дел, не само од новинарската, туку и од политичката теорија. Но, проблемот е што во овој

РЕЦЕНЗИЈА: Што е лагата во отровните краставици на Заев?

на 22. 11. 2013 | | sq
Неблагодарно е кога новинарски текст, како што е во овој случај, ја презема улогата на судија, порота и истовремено егзекутор. Тежината на „професионалниот прекршок“ е дополнително зголемена имајќи ја на ум исклучително важната тема за граѓаните која се обработува, но не од суштински, туку од политички агол. Линк до оригиналниот напис:  Што е лагата во отровните краставици на Заев? Датум и време на објавување:   20.11.2013 17:07 Датум на рецензирање:  21.11.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: Веднаш, на самиот почеток се соочуваме со тешкотии во утврдувањето на застапената доза вистинитост. Нема дилема дека настаните со „пестицидните македонски краставици“ уништени во Хрватска се тема и пол, исто како и можните консеквенци кои ќе ги има овој случај, но проблематичен е пристапот во дадениот

РЕЦЕНЗИЈА: Почна ли СДСМ да применува популизам во борбата за гласачи?

на 20. 11. 2013 | | sq
Новинарски текст треба да дава одговори, да „копа, а не само да ја загребува површината“, максимално да се обидува, ако веќе до крај не може да ја разоткрие вистината, да ѝ објасни на публиката „за што станува збор“. Прашалните форми не се препорачуваат, можеби со исклучок ако имаат стилско значење за содржината. Во дадениов случај, имаме примери токму на спротивното: се поставуваат прашања до јавноста – сигурно не за стилски впечаток, не се нудат одговори на зададената тема, се пласираат тези без аргументи и конечно отсуството на извори за покрепа на кажаното. Со два збора: неодговорно новинарство. Линк до оригиналниот напис: Почна ли СДСМ да применува популизам во борбата за гласачи? Датум и време на објавување:  18.11.2013  16:47 Датум на

РЕЦЕНЗИЈА: ФОТО: Кој се ги бранеше правата на хомосексуалците

на 19. 11. 2013 | | sq
Наместо репортерско известување класично спинување, наместо граѓанска информација политичка калкулација, наместо ФОТО вест ФОТО жигосување. Ете тоа го нуди овој текст. Линк до оригиналниот напис:  ФОТО: Кој се ги бранеше правата на хомосексуалците Датум и време на објавување:  16.11.2013   17:57 Датум на рецензирање: 18.11.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Прашање е колку треба во детали да се навлегува во анализа на присуство или отсуство на професионални новинарски стандарди кога веднаш станува јасно дека намерата воопшто и не била, во овој текст, да се запазуваат критериуми, туку само неаргументирано да се напаѓа. Настанот кој се обработува и присуството на одредени лица, од медиумскиот и од невладиниот сектор, секако добро познати на јавноста, само се искористува за нивно оцрнување. Извори на информации: Како

Рецензија: Се продлабочува јазот во СДСМ, популистите на една, елитистите на друга страна

на 18. 11. 2013 | |
Нов текст за „изгубената македонска опозиција“, кој за разлика од своите претходници овојпат нуди „свежа“ интерпретација за состојбата кај социјалдемократите, за кои од порано сме бомбардирани со информации дека се поделени, ама овојпат, според тазе класификација, на популисти и елитисти. Според политичката теорија популизмот и елитизмот стојат еден наспроти друг. Популистот тврди дека се залага за обичниот граѓанин, а елитизмот пак, според дефинициите, претставуваа владеење на елитата. Поделбата „ние сме од народот за народот, а вие ги заборавивте граѓаните“ се формулации многупати повторени од политичките говорници во изминатите години. Вообачен политички декор за земјава, би рекле. Но, што ако во позиција на класификатор се појави медиум? Е тогаш за такво нешто потребни се цврсти аргументи, поткрепени со релевантни извори и

РЕЦЕНЗИЈА: СДСМ преку Саше Политико му праќа пораки на Андреј Петров?

на 14. 11. 2013 | |
Кога имате прашање во насловот, кога за да докажете една теза употребувате, на пример, паралела „да се дојде од Скопје до Гевгелија, се оди преку Охрид“, кога во целиот текст за главната информација трошите само, и тоа буквално, 1/8 од просторот кој ви го намениле, а преостанатото оди на т.н. background, кога се користат неименувани „високи“ партиски извори за да се потврди „тврдењето“ дека „овој е близок со оној“, а сѐ со цел да се зададе удар, а не да се информира, добиваме токму ваков производ, кој еден колега, чинам, ги категоризираше во своевидни новинарски мутанти. Линк до оригиналниот напис: СДСМ преку Саше Политико му праќа пораки на Андреј Петров? Датум и време на објавување: 12.11.2013   11:31 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Кичево: Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил

на 13. 11. 2013 | |
Брзината на доставувањето на информациите до јавноста отсекогаш била еден од базичните елементи во работата на кој било медиум. Сегментот брзина дополнително добива на тежина со т.н. „дигитална револуција“ на медиумите при што многу често промптноста е позначајна од останатите професионални критериуми, како, на пример, вистинитоста на придружните елементи на еден новинарски текст. Таков е и случајот со овој прозивод каде содржината не е пропратена со соодветна фотографија, тука таа едноставно е извлечена од некоја архива, овојпат од онаа на царината, најверојатно за сметка на што побрзо објавување на веста. Линк до оригиналниот напис: Кичево: Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил Датум и време на објавување: 12.11.2013  10:16 Датум на рецензирање: 12.11.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Тука е

Рецензија: СДСМ во неколку наврати го користеше слоганот ДОСТА Е

на 8. 11. 2013 | |

Напомена: Рецензијата е направена по барање на читател. И Вие можете да побарате да се направи рецензија на било која вест преку формуларот на нашиот сајт, кој можете да го пополните овде.

Кој, каде, како и зошто, во изминатите 12 години, ја употребувал формулацијата „Доста е“? – Тоа е „leitmotif “ на ова т.н. новинарско истражување, чија цел е некако, ако може, да ги поврзе сите манифестации и настани од 2001-та наваму и да ги стави под една „опозициска капа“. Заедничкиот содржател треба да биде токму паролата „Доста е“ со што би се потврдила главната теза на производот дека сѐ што содржи „Доста е“ значи е филм правен за потребите на политичките противници. Сижето е поставено, тенденцијата е очигледна, намерата

Рецензија: ФОТО: Таулант Цапа му се извини на премиерот Груевски

на 5. 11. 2013 | | sq
Во секој случај интересна вест, поткрепена и со фотографии и со видео материјал, несекојдневна, барем за овој дел од Европа, во која се информира за своевидно помирување меѓу „обичен“ граѓанин и врвен политичар – премиер. Народски кажано: Дошол човекот да се извини. Сѐ би било во ред ако не постоеја одредени аномалии, од кои една од најсериозните е дека употребениот стил повеќе упатува на ПР-текст изработен за потребите на политичарот, отколку на новинарски текст објавен во медиум. Оттука, читајќи го извештајот, сама по себе се наметнува дилемата: имало ли вистинска спонтаност и искреност во потегот, или причините се од сосема поинаква природа? Линк до оригиналниот наслов:  ФОТО: Таулант Цапа му се извини на премиерот Груевски Датум и време на објавување:

Претплатете се за најнови вести