verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Текст нагрден со клевети и со цинизам

на 4. 01. 2016 | |

[Рецензија: Кубик глупости и никакви гаранции!]

Би рекле, некоректно четиво и тоа во најмала рака. Основната информација е „надградена“, ама и нагрдена со неаргументирано клеветење, висок степен на цинизам, силно ниво на пристрасност и со недозволиво жанровско мешање на коментар со извештај.  Линк до оригиналниот напис: Кубик глупости и никакви гаранции!  Датум и време на објавување: 30.12.2015 16:14  Датум на рецензирање: 03.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ЗАГОВОРНИЧКА ТЕЗА ЗА „СВРЗАНИ САДОВИ“

Да се обвини лидерот на опозицијата дека само тој е виновен за пробивањето на сите рокови утврдени во Пржино, е јасен показател за пристрасноста на материјалот. Постојат цела низа изјави на третата страна во преговорите – меѓународната заедница што го тврдат токму спротивното. Опозицијата навистина требаше да ги достави прислушуваните

„Весела математика“ со цената на горивата

на 30. 12. 2015 | |

[Рецензија:Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари]

  Сензационален наслов за сензационална манипулација. Како тоа бензините во Македонија поевтинија до 30 денари за литар?! Цената на нафтените деривати се намали, ама не на спектакуларните половина евро за еден литар!   Линк до оригиналниот напис: Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари  Датум и време на објавување: 28.12.2015 10:27  Датум на рецензирање: 29.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

 НАСЛОВОТ ГО УНИШТИЛ ТЕКСТОТ

 Ни се продава „финта“, веќе видена, и од нас низа пати критикувана. Aма еве, сепак, повторена – залепи јак наслов кој не кореспондира со содржината и чекај „кликови“. Повеќе посети значат подобар настап пред комерцијалните огласувачи, ама квантитетот и

Наменско четиво кое ја извртува вистинската слика

на 28. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор]

  Невистина, манипулација, а и непознавање на правната процедура… Наменско четиво кое на тенденциозен начин ја извртува реалноста и намерно ја заведува публиката на „темната страна“,  сервирајќи своевидни партиски билтени, „обландирани“ во наводна информација. Серија обвинувања и етикетирања, а никаде факти и аргументи. Резил-текст!  Линк до оригиналниот напис: Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор  Датум и време на објавување: 25.12.2015, 15:10  Датум на рецензирање: 26.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

 СЕРИЈА ГРЕШКИ

 Написот има серија недостатоци, кои ќе ги групираме во три столбови:  1. Правен аспект и невистинитост Обвинителството предлага укинување мерка притвор, а судот решава. Тоа значи дека тврдењето „Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор“ е тешка

Новинарско етикетирање

на 25. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Опозициските перјаници удрија по претседателот и Генералниот секретар на СДСМ]

Овој текст етикетира личности што мислат поинаку од т.н. мејнстрим, кој, за жал, во земјава го наметнува елитата на власт. Написот со леснотија ги обележува овие лица како „опозициски перјаници“. Линк до оригиналниот напис: Опозициските перјаници удрија по претседателот и Генералниот секретар на СДСМ  Датум и време на објавување: 22.12.2015 22:30  Датум на рецензирање: 24.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески   ПАРТИСКО УПАТСТВО – „НАШИ“ И „НИВНИ“  Медиумско егзекутирање кога ја критикуваат власта, а медиумско обележување кога ја критикуваат опозицијата! Па, ајде некој да реши што смеат, а што не смеат да кажат овие новинари и активисти од невладиниот сектор! И, што е толку „новинарско“ во преобјавувањето фејсбук-статуси на новинари, во кои

Кој и зошто го „мести“ Ерван Фуере?!

на 23. 12. 2015 | |

[Рецензија: И нивниот Фуере им кажа дека не се спремни за избори]

  Манипулација, спин, невистина… Овие елементи се трите столба на кои се темели конкретниот текст. Се сакало, по секоја цена, целосно да се извртат пораките на поранешниот евроамбасадор во земјава, искажани во неговата колумна и да им се даде сосема поинаков тек и значење.  Линк до оригиналниот напис: И нивниот Фуере им кажа дека не се спремни за избори  Датум и време на објавување: 21.12.2105 15:17  Датум на рецензирање: 22.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески   ИЗВРТУВАЊЕ НА ПОРАКИТЕ Кажавме веќе: манипулација, спин, невистина… Паралелната споредба на оригиналниот коментар и овој паракоментаторски текст ќе го покажат тоа. „Единствената надеж за Македонија да излезе од оваа криза е ако предвремените избори

Бројки, спин-тези и коментари

на 22. 12. 2015 | |

[Рецензија: Поради очајната поддршка од граѓаните Заев бега од избори]

  Во овој текст имаме маневар за избегнување одговорност. Нешто како народната „Грижо моја, премини на друг“. Се префрла вината на другата страна во политичките преговори: за пробивањето на роковите, за (не)исполнување на зацртантите задачи неопходни за нормални избори напролет… Убав спин кој не го „перат“ ниту бројките од истражувањето на јавното мислење, кое недамна беше обелоденето.  Линк до оригиналниот напис: Поради очајната поддршка од граѓаните Заев бега од избори  Датум и време на објавување: 17.12.2015   14:21  Датум на рецензирање: 20.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески   ТЕКСТ СО ДВЕ ЛИЦА Да раздвоиме две работи – бројките и повикувањето на нив се едно, а извртувањето на состојбата, пристрасноста и коментаторскиот пристап се друго.

Со леснотија фрлена вина врз студентите

на 17. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Разумот надвладеа, пред Ректоратот на УКИМ е мирно и нема насобрани студенти]

  Ова е некаква форма на своевидно обвинителско-судско четиво. Туку-така, многу лесно се нафрлува нечија вина, демек вистинска, постоечка, за настаните пред Ректоратот на скопскиот универзитет. Имаме непотребно заземање страна во една иницијатива која е јасна манифестација на студентскиот дух во секоја, барем малку нормална и демократска држава, а тоа е недавање бланко поддршка на одлуките на политичкиот естаблишмент, особено кога ја загрозуваат универзитетската автономија.  Линк до оригиналниот напис: Разумот надвладеа, пред Ректоратот на УКИМ е мирно и нема насобрани студенти  Датум и време на објавување: 15.12.2015, 01:30  Датум на рецензирање: 15.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

НИТУ ЗБОР ЗА СТУДЕНТИТЕ „САДАЧИ“

Нотираме пристрасност лесно забележлива преку

Јанко и Мирка насред бегалската криза

на 12. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално]

  Значи, ме изнасмеа овој текст. Во сиот политички, општествен, медиумски, странско-посреднички, ДИК-овски карамбол, ете добивме и напис со примена на „методот на супституција“ – Јанко наместо Трајко, Мирка наместо Ермира… Линк до оригиналниот напис: ЕУ да не дозволи бегалската криза да се решава парцијално Датум и време на објавување: 10.12.2015, 12:04 Датум на рецензирање: 11.12.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ЈАНКО НАМЕСТО ТРАЈКО, МИРКА НАМЕСТО ЕРМИРА Преземена агенциска вест, коректна, ама со една системска грешка – попромашена фотографија не можела да биде. Утка невидена, дури и да помислиш дека е намерно ставена, нешто како предновогодишна шега. Хуморот настрана, пропустот, верувам ненамерен, е сериозен. Едноставно не „штима“ настан од висок

Од Скопје „со љубов за Русија“!

на 11. 12. 2015 | | en

[Рецензија: ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!]

  „Лигавење“, како што се тврди, има, ама во овој случај кон Русија. Уште едно четиво од истиот портал кој никако да разбере дека не е и не смее да биде портпарол на Кремљ во земјава.   Линк до оригиналниот напис: ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!  Датум и време на објавување: 07.12.2015  Датум на рецензирање: 09.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески    ОТВОРЕНА ПРИСТРАСНОСТ Текстот е копија, ама тоа, спротивно на добрата новинарска практика, никаде не е наведено. Оригиналниот текст, објавен на српски портал, има строга намена – убедување на домашната јавност

Неприфатлив наслов!

на 9. 12. 2015 | |
 

(Рецензија: (ГАЛЕРИЈА) ПОЛИЦИЈАТА ПУКА КОН БЕГАЛЦИТЕ: Ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола!)

  Имаме коректна вест со апсолутно некоректна насловна конструкција. Формулацијата, ај што е сензационалистичка до немај каде, туку е и невистинита. За појаснување, полицијата не пукала кон мигрантите кои се обидувале да влезат во земјава. Линк до оригиналниот напис: (ГАЛЕРИЈА) ПОЛИЦИЈАТА ПУКА КОН БЕГАЛЦИТЕ: Ситуацијата на македонско-грчката граница излезе од контрола! Датум и време на објавување: 02.12.2015 Датум на рецензирање: 06.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

„КЛИКОВИ ЛИ СЕ, КЛИКОВИ… НОСАТ НАСЛОВИ СО ПРОБЛЕМИ ГОЛЕМИ“

Точно е дека ситуацијата била мошне тензична, ама не до таа мера за безбедносните сили да употребат огнено оружје врз луѓето. Работата да биде полоша, од новинарска гледна точка, во самиот напис

Претплатете се за најнови вести