verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Произволна, како од ракав истурена, насловна конструкција

на 18. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Антидржавната СДСМ кочи, Хан ќе откочува – во понеделник доаѓа во Скопје]

  Во овој случај, насловот делото не го краси, туку од новинарска позиција, го гнаси. Произволна, како од ракав истурена, насловна конструкција, која нема каква било поврзаност со содржината. Пример за дисфункционалност меѓу основните елементи на еден напис. Линк до оригиналниот напис: Антидржавната СДСМ кочи, Хан ќе откочува – во понеделник доаѓа во Скопје Датум и време на објавување: 16.10.2015 11:58 Датум на рецензирање: 17.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   „ОДРАБОТУВАЊЕ АГЕНДА“ ЗА СМЕТКА НА ИНФОРМИРАЊЕТО НА ЈАВНОСТА Преземен текст со исклучително тенденциозен наслов кој, веќе кажавме, не оди рака под рака со понудената содржина. Некој се осмелил, во спротивност со професионалните стандарди, да „искова“ формулација која

Селективност: само нешто да ѝ се пушти на публиката, а не целосната слика

на 18. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: И евроамбасадорот Аиво Орав порача СДСМ да се врати на преговорите]

  Селективноста е една од рак-раните на домашното новинарство. Намерно се изземаат клучни елементи од веста или, како што е тука случајот, се пласираат само одредени сегменти во насловната конструкција што, имајќи на ум дека насловите се она што ги „лепат“ читателите, воопшто не е мал професионален грев. Целта е повеќе од јасна – вината за актуелната ситуација и застојот во преговарачкиот процес да се фрли само на едната страна. Линк до оригиналниот напис: И евроамбасадорот Аиво Орав порача СДСМ да се врати на преговорите Датум и време на објавување: 15.10.2015, 20:02 Датум на рецензирање: 16.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   МАЛА ФИНТА ЗА СЕРИОЗЕН МАНГУПЛУК Накусо, имаме

„Манџа“ со мирис на партиска запршка

на 16. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ со барањата дополнително ја губи довербата кај граѓаните]

  Ова би го нарекол „деморализирачко четиво за неподобните опозициски елементи“. Го одликува строго наменската употребна вредност, а таа е да се „докаже и покаже“ дека главната опозициска партија е некоординирана и поделена. Нормално, сè се темели на „анонимки“ и на „дојави“ обландирани со коментаторски елементи. Вакви материјали во кои исклучиво се опишува слабоста на противникот, а ниту збор за сопствениот капацитет за справување со ситуацијата, велам сопствениот зашто текстот, сепак,  како да „пее по нечии ноти“, се брошурки карактеристични за поранешните политички комесари.  Линк до оригиналниот напис: СДСМ со барањата дополнително ја губи довербата кај граѓаните Датум и време на објавување: 10.10.2015, 14:01  Датум на рецензирање: 14.10.2015  Рецензент:

Силни, неколегијални квалификации како од пред гранапче

на 10. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Најголемиот полтрон на СОРОС и СДСМ – Героски најсериозен кандидат за главен уредник на МТВ]

  Аман, луѓе, дајте барем некакво основно, минимално ниво на јавна комуникација. Секој за секого може да мисли што сака, без разлика дали е оправдано или не, дали е аргументирано или само производ на личната перцепција и тоа може да се кажува дома, во друштво, пред гранапче, ама секако не и во медиумски текст што претендира да биде информативен. Линк до оригиналниот напис: Најголемиот полтрон на СОРОС и СДСМ – Героски најсериозен кандидат за главен уредник на МТВ Датум и време на објавување: 08.10.2015, 12:47 Датум на рецензирање: 09.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

КОЈА Е ТАА ЕДИНИЦА МЕРКА ЗА ПОЛТРОНСТВО?!

В рака имаме преземен

Kако пустата желба за кликнувања ја убива вистинитоста

на 10. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Обесена снимателката од Унгарија која ги сопнуваше мигрантите]

  Многу промашен наслов… Линк до оригиналниот напис: Обесена снимателката од Унгарија која ги сопнуваше мигрантите Датум и време на објавување: 05.10.2015, 20:42 Датум на рецензирање: 08.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитоста во секој новинарски текст зависи од тоа дали информацијата е точна во сите сегменти на производот. Тоа подразбира дека елементите од кои е составен написот мора меѓу себе да кореспондираат во делот на вистинитоста. Не може насловот, како во овој случај, да отскокнува од содржината. Апсолутно е недозволиво сензационалноста во насловната конструкција, пласирана поради пустата желба за кликнувања, да ја засени точноста. Да расчистиме, снимателката што стана цел на гневот на светската јавност по нејзиниот безумен чин, не е

Mожело, ама не се сакало да се направи коректен напис

на 9. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: ХАРМОНИКАШОТ СВИРИ ФАЛШ: Јове Кекеновски се координира и моли кај СДСМ!]

  Премногу шпекулации и клевети – тоа се главните одлики на ова четиво, кое освен овие неновинарски елементи, го одликува и неприфатливиот вокабулар. Во суштина, понуденото има многу малку допирни точки со кредибилното информирање. Линк до оригиналниот напис: ХАРМОНИКАШОТ СВИРИ ФАЛШ: Јове Кекеновски се координира и моли кај СДСМ! Датум и време на објавување: 01.10.2015 Датум на рецензирање: 06.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЗОШТО ИНФОРМАЦИЈА, КОГА МОЖЕ ШПЕКУЛАЦИЈА?!

Овој преземен текст се темели на една фотографија, секако интересна, која навистина од новинарска гледна точка остава простор за приказна. „Фатена“ е средба, не знаме дали договорена или случајна, меѓу одметник од владејачката партија и значаен функционер на СДСМ.

Рецензија: Објавени снимки од нуклеарни проби во САД од 1995 (видео)

на 6. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Објавени снимки од нуклеарни проби во САД од 1995 (видео)]

  1955 или 1995 година? Линк до оригиналниот напис: Објавени снимки од нуклеарни проби во САД од 1995 (видео) Датум и време на објавување: 02.10.2015 11:13 Датум на рецензирање: 03.10.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   „ФАБРИЧКА ГРЕШКА ВО ГОДИНАТА НА ПРОИЗВОДСТВО“!  Пак ќе прашаме 1955 или 1995 година? Токму тука е проблемот со оваа вест. Ни се пласираат разни години како одредници за видеоматеријалот што прикажува нуклеарни проби на САД извршени во Невада. Искрено, ме збуни насловот, впрочем тоа и ми го привлече вниманието – дека во 1995 година Вашингтон спровел проби на нуклеарно оружје на американско тло?!? Во најмала рака симптоматично тврдење, имајќи ги на ум строгите закони

Промо-спот за Путин како од некои минати советски времиња

на 2. 10. 2015 | | en
 

[Рецензија: ЗОШТО СВЕТОТ САКА ЛИДЕР КАКО ПУТИН: Погледнете го Путин како лета со бомбардери, вози комбајн, се трка со Формула 1 и многу друго!]

  Воспевање, воспевање, воспевање и малку повеќе потпикување… Линк до оригиналниот напис: ЗОШТО СВЕТОТ САКА ЛИДЕР КАКО ПУТИН: Погледнете го Путин како лета со бомбардери, вози комбајн, се трка со Формула 1 и многу друго! Датум и време на објавување: 26.09.2015 Датум на рецензирање: 30.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„РАСИПНИЧКО РАСФРЛАЊЕ“ ЕПИТЕТИ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СТАЛИН

Искрено, зачуден сум. Да сме во Русија, претпоставувам дека вакви написи би биле и се нормална појава, арно ама не сме. Се обидувам да ја откријам причината за ваквото идолопоклонство кон „главниот во Кремљ“, ама тешко ми оди.

Кој сака да профитира од манипулативни статистики? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели

на 29. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Кој сака да профитира од човечки трагедии? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели]

  Ова е четиво-алиби, наменски создадено како некаква си медиумска одбрана на власта по серијата сообраќајни несреќи со трагичен епилог. Покрај ова, текстот има и друга „вродена маана“ – се расфрла со бројки и со статистика без да се наведе кој е изворот, а по проверката лесно се утврдува дека имаме невиден микс од документи и од извештаи од различни години!!! Линк до оригиналниот напис: Кој сака да профитира од човечки трагедии? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели Датум и време на објавување: 27.09.2015, 17:26 Датум на рецензирање: 29.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОРКЕСТРИРАНО, ДИРИГИРАНО, СИНХРОНИЗИРАНО „НОВИНАРСТВО“

Имаме проблем и тоа

Вулгарзизирање, упростување на туѓа поента и нејзино претворање во „летна манџа“

на 29. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Трајковска му кажа дека е сељак, па Заев почна да се дотерува]

  „Петпарачко четиво“, без каква било поента, ниту, пак, информативна компонента. Напишано туку-така зашто некому тоа му било по ќеф. Насилно наметнување на „промената на стајлингот“ на лидерот на опозицијата како особено важна тема за општеството или, пак, некаква насока за идниот политички дискурс во земјава. Но, да не правиме грешка, ова не е глуп напис, туку наменски текст, чии коментари ја откриваат неговата политичко-партиска заднина. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Трајковска му кажа дека е сељак, па Заев почна да се дотерува Датум и време на објавување: 21.09.2015, 09:42 Датум на рецензирање: 27.09.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

КОГА „СТАЈЛИНГОТ“ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ИНФОРМАЦИЈАТА

Ова

Претплатете се за најнови вести