verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Силни, неколегијални квалификации како од пред гранапче

on 10 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Најголемиот полтрон на СОРОС и СДСМ zurnalnet-crop-resize

 

[Рецензија: Најголемиот полтрон на СОРОС и СДСМ – Героски најсериозен кандидат за главен уредник на МТВ]

 

Аман, луѓе, дајте барем некакво основно, минимално ниво на јавна комуникација. Секој за секого може да мисли што сака, без разлика дали е оправдано или не, дали е аргументирано или само производ на личната перцепција и тоа може да се кажува дома, во друштво, пред гранапче, ама секако не и во медиумски текст што претендира да биде информативен.

11111Линк до оригиналниот напис: Најголемиот полтрон на СОРОС и СДСМ – Героски најсериозен кандидат за главен уредник на МТВ

Датум и време на објавување: 08.10.2015, 12:47

Датум на рецензирање: 09.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КОЈА Е ТАА ЕДИНИЦА МЕРКА ЗА ПОЛТРОНСТВО?!

В рака имаме преземен текст, кај кој прво нешто што „боде очи“ е ултра-несоодветниот наслов кој не робува на професионалните стандарди, туку на, би рекол, нечии исклучиво лични или инструирани сфаќања. Треба многу аргументи и прецизна фактографија за некого да наречеш „најголем полтрон на СОРОС и СДСМ“. Ај што вокабуларот е непристоен и недостоинствен за „новинарско“ четиво, туку и вистинитоста е под знак прашалник зашто нејасно е врз основа на што се изнесени тие силни квалификации. Прашањето е која е таа мерка единица за полтронство?! Гледајте, зборуваме за долгогодишен новинар, со огромен минат стаж, кој минал и сито и решето, од ослободувањето на стегите на еднопартискиот систем преку транзициските времиња и формирање весник, до денешниве „мрачни“ новинарски денови. Веќе реков, може да не го сакате, може да ви пречи, како што е тоа случајот со владејачката номенклатура, ама не може така името јавно да му го валкате и лично да го омаловажувате.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста – член 15 од Кодексот на новинари.

Овој стандард во конкретниот напис не e испочитуван. Дополнително, насловната конструкција и содржината меѓусебно не кореспондираат до крај – главен уредник на МТВ и главен уредник на информативната програма на МТВ се две различни позиции.

Веста, да повториме, преземена од друг портал, а пренесена од неколку други со слична уредувачка политика, е интересна, но и тука има недостаток – многу наликува на шпекулација, а помалку на кредибилна информација. Не велиме дека името на конкретниот новинар можеби и не се споменало на преговорите меѓу работните групи, но ситуацијата ќе беше попрегледна ако изворите беа попрецизно лоцирани. Плус, можело да му се јават на човекот и да го прашаат дали навистина е точно дека неговото име се врти на партиските разговори, дали бил контактиран од некого и дали би се нафатил на функцијата или не. Секако, официјален став нема ниту од четирите партии што преговараат за прашањата опфатени со Договорот од Пржино. Вака како што е пласирана веста, намерно или случајно, има одредена доза на пристрасност што, нормално, не ѝ дава квалитет.

Конечната оцена е дека се можело многу подобро и, секако, покултурно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

наводни

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести