verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Mожело, ама не се сакало да се направи коректен напис

on 9 - 10 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-10-06T12-08-33604Z-crop-resize

 

[Рецензија: ХАРМОНИКАШОТ СВИРИ ФАЛШ: Јове Кекеновски се координира и моли кај СДСМ!]

 

Премногу шпекулации и клевети – тоа се главните одлики на ова четиво, кое освен овие неновинарски елементи, го одликува и неприфатливиот вокабулар. Во суштина, понуденото има многу малку допирни точки со кредибилното информирање.

Firefox_Screenshot_2015-10-06T12-08-33.604ZЛинк до оригиналниот напис: ХАРМОНИКАШОТ СВИРИ ФАЛШ: Јове Кекеновски се координира и моли кај СДСМ!

Датум и време на објавување: 01.10.2015

Датум на рецензирање: 06.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗОШТО ИНФОРМАЦИЈА, КОГА МОЖЕ ШПЕКУЛАЦИЈА?!

Овој преземен текст се темели на една фотографија, секако интересна, која навистина од новинарска гледна точка остава простор за приказна. „Фатена“ е средба, не знаме дали договорена или случајна, меѓу одметник од владејачката партија и значаен функционер на СДСМ. Но, тука завршуваат сите, како што веќе рековме, допирни точки со прифатените професионални стандарди. Наместо врз основа на таа „фотка“ да се гради солиден напис, реална информација, на публиката ѝ се нуди плукање и омаловажување. Значи, самиот материјал себеси се дискредитира, а не поентира кај јавноста, искористувајќи го екслузивитетот на понудената фотографија. Многу лесно можеле да се добијат ставови на двајцата споменати во текстот и така да се „расчепка“ поентата на заедничкиот состанок. Очигледно, некому му било тешко или, пак, кажано, да не го прави тоа и од можност за одлична вест произлегол квазикоментар од типот „координирал и молел“.

„На оваа фотографија која стигна до нашата редакција, Кекеновски и Зечевиќ се забележани на иста маса во скопскиот ресторан „Скала“ во Градскиот парк, како најверојатно кројат план и координација за следниот јавен настап на поранешниот хармоникаш за тоа кое опозицициско оро да го фати и како да распали по се’ и сешто што е поврзано со актуелната власт.“

Зошто информација, кога може шпекулација – очигледно тоа било мотото што било водилка во „поставувањето“ на текстот. Два телефонски повика и ќе имало повеќе од формулациите „најверојатно“, „координација“, „опозициско оро“, „хармоникаш“.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.

Значи, имаме вистинита фотографија која е искористена за, според прикажаното, конструирање содржина со крајно дискутабилна вистинитост.

 

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ ПО ПАРТИСКА МЕРКА

Исто така, не може, а да не се забележат двојните стандарди по партиска мерка. На Кекеновски му се забележува дека „плукал“ по владејачката партија, па затоа тој, претпоставувам за „вратка“, бил исплукан во овој напис. Тоа само го потврдува впечатокот дека станува работа за наменско четиво со јасна политичка инструкција и најверојатно одмазнички мотив. Оттука, целта не била да се информира публиката, туку да се нападне одметнатиот кадар за неговото зборување против неговите поранешни сопартијци. Еве пример:

„Останува во наредните денови да видиме какви насоки добил Кекеновски од организацискиот секретар на СДСМ, па согласно тоа се очекува тој да продолжи да свири по ноти добиени од Бихаќка во обидот да биде што е можно покорисен во своите плукачки чекори.“

Доволен доказ дека пристрасност и необјективност за сметка на власта има премногу. Впрочем, самиот наслов тоа веднаш го покажува, а уште поинтересно е дека оваа конструкција е понеприкладна од насловот искористен во оригиналното четиво.

Значи, можело, ама не се сакало да се направи коректен напис. Фалш, од новинарски аспект, е целиот текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

најверојатно да

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

анонимно

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести