verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумите имаат право да ги објават информациите од јавен карактер

on 9 - 10 - 2015       

10032015-Libertas-Smetki-crop-resize

 

[Рецензија: Зврлевски, Маневски и Амди Бајрам со години не плаќаат за вода! Бајрам должи 20 илјади евра!]

 

Правото на пристап до информации од јавен карактер е една од привeлигиите на општествено одговорни инсититуции и граѓани, која во голема мера го определува степенот на демократија, транспарентностa и владеењето на правото во една општествена заедница.

Да потсетиме накусо, сите граѓани во Република Македонија, без исклучок, имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Информации од јавен карактер се информациите со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон. Правото за слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува врз основа на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, а остварувањето на тоа право, како и начинот на кој тоа се остварува, ги утврдува, надгледува и ги обезбедува Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Овој вовед беше неопходен за да бидеме сигурни дека ќе ги разубедиме сите тие што имаат и најмало сомневање дека увидот во редовноста на плаќањето на сметките кон јавните претпријатија на сите граѓани на Република Македонија е информација од јавен карактер и, согласно на тоа, новинарите и медиумите имаат право да ги користат како информации доколку сметаат дека се вредни за објавување.

10032015-Libertas-SmetkiЛинк до оригиналниот напис: Зврлевски, Маневски и Амди Бајрам со години не плаќаат за вода! Бајрам должи 20 илјади евра!

Датум и време на објавување: 01.10.2015, 23:24

Датум на рецензирање: 06.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Уште повеќе, каков било сомнеж за тоа дали овие информации треба да се објават или не треба да се отфрли, кога станува збор за јавни личности што извршуваат определени јавни функции врз основа на волјата на народот низ инструментите за именување и за назначување поединци за да извршуваат функции од јавен карактер (судии, обвинители, пратеници, директори на агенции…).

Во текстот што го рецензираме не е прецизирано на каков начин медиумот ги добил овие информации (кои, патем кажано, се поткпрепени со скенирани страници од документите), што може да биде одредена забелешка што зборува за недоследната професионалност, но, како и да е, документите што ги поседува медиумот се од – јавен карактер. Следствено, таквите документи можат да бидат ставени на увид на јавноста.

Овие новинарски постапки, новинарство врз основа на информации добиени според слободниот пристап до информации од јавен карактер, се сосема легитимни и посакувани и оваа новинарска сторија е уште еден пример како тоа може добро да се прави. Во име на одговорноста и на транспарентноста.

Сепак, она што паѓа в очи кога го имате предвид овој текст, е извесната селективност. Не велиме дека е таа намерна или ненамерна, но од она што го имаме пред нас како новинарски производ, неизбежен е заклучокот дека внимание им било посветено само на јавни функционери кои се препознаваат како – владини или провладини.

Оттаму, уште еднаш, многу појасно ќе беше доколку медиумот наведеше на кој начин ги добиле овие информации и дали добиле информации само за овие ликови. Можеби така ќе ја знаевме и причината за оваа селективност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести