verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Произволна, како од ракав истурена, насловна конструкција

on 18 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

1112-09876-0980-crop-resize

 

[Рецензија: Антидржавната СДСМ кочи, Хан ќе откочува – во понеделник доаѓа во Скопје]

 

Во овој случај, насловот делото не го краси, туку од новинарска позиција, го гнаси. Произволна, како од ракав истурена, насловна конструкција, која нема каква било поврзаност со содржината. Пример за дисфункционалност меѓу основните елементи на еден напис.

111Линк до оригиналниот напис: Антидржавната СДСМ кочи, Хан ќе откочува – во понеделник доаѓа во Скопје

Датум и време на објавување: 16.10.2015 11:58

Датум на рецензирање: 17.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ОДРАБОТУВАЊЕ АГЕНДА“ ЗА СМЕТКА НА ИНФОРМИРАЊЕТО НА ЈАВНОСТА

Преземен текст со исклучително тенденциозен наслов кој, веќе кажавме, не оди рака под рака со понудената содржина. Некој се осмелил, во спротивност со професионалните стандарди, да „искова“ формулација која со ништо не е поткрепена во самиот напис.

Прво, без понудени аргументи, вината за блокадата на политичкиот процес најдиректно се фрла само врз една од четирите партии-учеснички во преговорите и второ, можеби уште позагрижувачки, се користи терминологија која во нормално уредена и функционална медиумска сфера сигурно не би поминала така лесно. За некого да наречеш „антидржавен“, треба многу докази, а не само желба за омаловажување и за диквалификација на опозицијата. А, во самиот напис нема ниту збор за таа „антидржавност“. Ајде, можеби и ќе разберевме, тој што така „стилистички“ го разубавил текстот со конкретниот наслов да бил во Брисел, па од тамошни некои европски извори да добил некаква дојава дека баш СДСМ, квалификуван со конкретниот „епитет“, е причината за вонредната посета на еврокомесарот за проширување на Скопје. Но, не е така! Позајмен е коректен текст од државната новинска агенција и потоа нагрден со сензационалистички и пристрасен наслов, чија задача е да ја насочи публиката во посакуваниот правец, а тој е да се наклевети политичкиот противник на владејачката партија. Значи, информирањето е во втор план за сметка на одработувањето агенда што, судејќи според насловот, е примарната цел на овој материјал.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

во насловот да

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести