verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Селективност: само нешто да ѝ се пушти на публиката, а не целосната слика

on 18 - 10 - 2015       

1111-0987-098700998870-crop-resize

 

[Рецензија: И евроамбасадорот Аиво Орав порача СДСМ да се врати на преговорите]

 

Селективноста е една од рак-раните на домашното новинарство. Намерно се изземаат клучни елементи од веста или, како што е тука случајот, се пласираат само одредени сегменти во насловната конструкција што, имајќи на ум дека насловите се она што ги „лепат“ читателите, воопшто не е мал професионален грев. Целта е повеќе од јасна – вината за актуелната ситуација и застојот во преговарачкиот процес да се фрли само на едната страна.

111Линк до оригиналниот напис: И евроамбасадорот Аиво Орав порача СДСМ да се врати на преговорите

Датум и време на објавување: 15.10.2015, 20:02

Датум на рецензирање: 16.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

МАЛА ФИНТА ЗА СЕРИОЗЕН МАНГУПЛУК

Накусо, имаме телевизиски материјал, т.н. најава со изјава, без дополнителен новинарски текст. Станува збор за изјава, поточно двојна порака, на евроамбасадорот во земјава. Првата, до главните политички партии во земјава, дека треба да ги продолжат преговорите за имплементирање на договореното во Пржино и втората, апсолутно клучна во дадениот случај, да ѝ се обезбедат сите неопходни услови на специјалната обвинителка да си ја врши работата. Е сега, донесена е процена, апсолутно неновинарска, акцентот на изјавата на европскиот дипломат да биде само на преговарачкиот процес и тоа со забележливо искривувување на фактичката состојба. Амбасадорот никаде не вели, како што овој производ тврди, дека „СДСМ треба да се врати на преговорите“, туку дека сите политички партии повторно да се вратат и да се вклучат во работата на работните групи без да губат време“. Разликата е евидентна. Значи, Брисел преку својот врвен претставник во Македонија ги повикува сите политички чинители да се вратат и да се вклучат во разговорите. Ваквата негова формулација укажува дека не е во прашање само физичкото присуство на преговарачката маса, која СДСМ ја напушти токму поради некомплетирањето на тимот на специјалната обвинителка, туку и активното учество во процесот за негово финално затворање и за преминување на подготовка на теренот за претстојните вонредни избори. Некој би рекол мала финта, а јас ќе дополнам мала финта за сериозен мангуплук – ем пак опозицијата е вообичаениот осомничен, ем се занемарува пораката за суштинско инволвирање на сите учесници во преговорите. Оттука, од аспект на вистинитост, насловот како своевиден „лепак за читатели“ виси.

Друга „финтичка“ во магуплукот е што се занемарува вториот дел од изјавата на Орав за специјалната обвинителка, кој, пак, е во нераскинлива врска со неговата прва порака за преговорите. Да ја поедноставиме работата за публиката:

СПЕЦИЈАЛНА ОБВИНИТЕЛКА + ЦЕЛОСЕН ТИМ ОБВИНИТЕЛИ = ПРЕГОВОРИ ВО ТЕК
СПЕЦИЈАЛНА ОБВИНИТЕЛКА + ДЕЛУМЕН ТИМ ОБВИНИТЕЛИ = ПРЕГОВОРИ ВО ПРЕКИН

Значи, изјавата на Орав мора вкупно да се гледа и, секако, новинарски во целост да се преточи во насловната конструкција зашто првата и втората порака се во причинско последична релација – без услови за работа на обвинителката, како што таа цени според неодамна усвоениот закон, преговорите немаат каква било смисла. Е, тоа требало да ѝ се каже на јавноста, тоа е поентата од новинарска гледна точка. Очигледно е дека со конкретниот производ се сакало само нешто да ѝ се „пушти“ на публиката, а не целосната слика за општата ситуација. Заклучок: селективност. А како вели Кодексот на новинари:

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести